Сакам да кажам/Сакам да прашам

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
За што поточно? За загаденоста, спомениците или за тоа што може да се случи ако наврне 10cm снег во град кој го водат неписмени? :)
Убава реклама за Скопје.
Спомениците,атмосферата,баш фино е направена ја пуштаат секој 10 мин.Ваљда Мак.ги спонзорира зимскиве спортови и е како главен спонзор претсавена па од таму и рекламата.
Посебно ми се допаѓа коментарот:
Скопје,град во кој се сретнуваат минатото и иднината.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Остај, Дрезден и Лајпциг ќе се сокријат од срам кога ќе ја видат гипс-картон-кич-парадата :D
Се сретнуваат минатото кое никогаш не се десило и иднината која ја нема.:rofl
Па една атмосфера шо има тоа е чудо... него со филтер-камера, фотошоп и остали си-џи-ај финти може и за Припјат да се направи одлична тв реклама... лаже тоа телевизијата...
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Остај, Дрезден и Лајпциг ќе се сокријат од срам кога ќе ја видат гипс-картон-кич-парадата :D
Се сретнуваат минатото кое никогаш не се десило и иднината која ја нема.:rofl
Па една атмосфера шо има тоа е чудо... него со филтер-камера, фотошоп и остали си-џи-ај финти може и за Припјат да се направи одлична тв реклама... лаже тоа телевизијата...
Најверојатно кога ќе го видам Скопје на ТВ ме тепа носталгија и ми недостига па ми се допаѓа се во врска со истото.
Зошто нема Скопје минато??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најверојатно кога ќе го видам Скопје на ТВ ме тепа носталгија и ми недостига па ми се допаѓа се во врска со истото.
Зошто нема Скопје минато??

Те фаќа носталгија за Скопје? :^) Кажи и на носталгијата да не те замара многу :zelen
Има минато Скопје ама тоа минато нема врска со стиропор-бароци и шунд-галии `вкотвени` во фекалии, во време кога во Дрезден се градел барок, пред три века и нешто ситно, тогаш Скопје бил небитна отоманска касаба со трошни куќарки од плитар а Вардар и во своите најјаки изданија кога се излевал преку корито не бил пловен за ништо поголемо од сплав, галии не видел никогаш.
Можеби сум претерано циничен но не би ги оценил шансите гледач на јуроспорт да се затера од немачка, остерајк или латвија за да ги види спомениците на Амебинта седми, Цар Дуван и Помор Александроф.....како претерано реалистични.
Мислам застани на момент & think about it и ќе ти испадне смешно :)

Тоа ти е исто како Крива Паланка да си направи Берлински ѕид од стиропор и да фура `истории`.

А иднината е црна во секој случај...
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Најверојатно кога ќе го видам Скопје на ТВ ме тепа носталгија и ми недостига па ми се допаѓа се во врска со истото.
Зошто нема Скопје минато??
Пола држава сака да е на твое место а тебе те мава носталгија. Следниот пат кога ќе те мавне мисли на нешто друго, заебии го Скопје. :)
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Многу мразам кога ќе ми се појави афта...и тоа не афта, џиновско афтиште...:mad:
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ова ќе биде новогодишна ноќ за паметење, не можам да одам никаде и не смеам да пијам алкохол (facepalm)
Како тргнало до вечер ќе се расипе телевизорот и ќе ги фаќа само фреквенциите на ТВ Сител и Маќедонска телевизија, во комшии ќе трешти турбо-фолк а серверот ќе стане опседнат од демони и на нет ќе имам пристап само до курир.мк ... (party)
 
$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,691
3,871
1,183
Ова ќе биде новогодишна ноќ за паметење, не можам да одам никаде и не смеам да пијам алкохол (facepalm)
Како тргнало до вечер ќе се расипе телевизорот и ќе ги фаќа само фреквенциите на ТВ Сител и Маќедонска телевизија, во комшии ќе трешти турбо-фолк а серверот ќе стане опседнат од демони и на нет ќе имам пристап само до курир.мк ... (party)
За жалење си бре .. баксуз невиден :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider