Сакам да кажам/Сакам да прашам

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Денеска лутав... Со високи чизми, шарен чадор во рака си шлапкав во вирчињата низ град. Којзнае како изгледав...
Времево таман за разбистрување на мисли е. Излегуваш надвор, шеткаш некое време и прероден си. Бар за тоа време дур шеташ, сите грижи испаруваат, не мислиш на ништо, буквално на ништо. Одмараш. Само уште да не беа тие двајцата чичковци кои ме испрскаа, возејќи тридупло побрзо од пропишаното... :sleep
 
Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје

Сакам да ти кажам дека за прскање од страна на возила доколку им ја запамтиш регистрацијата може да ги пријавиш во полиција , па во најдобар случај да ти се купи и нова облека ко оштета , а нив ги праќаат на едукативно гледање филмчиња ;).
Сакам да прашам кога ќе слушнам на тв дека отидоа на бит - пазар и ги собраа сите пиротехнички средства таму?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Точка

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Еве јас пак со несоницава, па и откако снемав занимација ми текна.

Демек предновогодишна забава, фино ресторанче, музика, фини луѓе, млади дечки... Ама зошто јас не знам да станам и да си одам со време, време пред фајрон што се случува не се рамни никакви дупки ни прчварии, па какво ти сакаш ми ти било фино и културно место.

Нешто по полноќ, доаѓаат тројца господа под гас (дупка пијани стари говеда, ама ова тука во заграда да не речете дискриминација на постари господа кои сакаат да се забавуваат и имаат право како и сите) онака буквално играјќи оро влегоа, се закостија до музиката која патем си свиреше нешто ју баладички, па не ќе беше ништо чудно ако беа неколку стотки, ама за рок од 10 мин, на виолината се појавија над 5 000 денари. Па сакам Цеца, па сакам Јужни ветар и ветре развигорче...
Па лигавење на маса на малолетни девојчиња (ете може немаат родители девојчињава, па излегле така скоцкани, покрај нас примерните што со ролки идеме во провод... кутрите) Па карање, влечење, тегнење, шерифување...

Нема врска, толку од моето присуство таму, ама и што сега?

Не е муабетот за возраста, имаше и некои културни господа на ниво што уживаа во храната и музиката.

Што кога утре тој Херкулец ќе го разбуди плачот на бебето кое нормално си бара јадење, пелени, внимание? Зар нема да има грижа на совест кога ќе допре празен новчаник? Нема каење, жал, бес?
Кога на еден господин со пожолтени бркови, за 10 минути му фрли 100 евра без око да му трепне, што би се десило кога ќе се појави некоја цицлеста мрсна певачица? Отидоа уште 50 евра од плата.
А да не се лажеме, издаваат испукани прсти, исунчани фаци и црни прстени под очи колку плата земаме и кои ни се примањата. Џабе се трите илјадарки кои изиграваат ладало на -15 степени.
Жално...

Едит: Го мислев постов за некоја тема, ама не ми текна соодветен наслов, па ај нека биде дека само сакам да ви кажам импресии од вечерта.
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ме интересира колку време ќе се симнуват 20 епизоди (7.27 GB) ? Ме маче воа пишува Seed 0 и Leech 1,дали уопште ќе се симне? Во прашање е Shipwrecked:Battle Of the Islands 2007 ако некој знае каде можам да симнувам епизода по епизода нека каже. Или некое слично шоу како ова или Survivor ? Би било супер ако знае некој и каде можам да ги симнам епизодите од La isla de los famosos:Una aventura Maya ,читав дека омилената ми глумица Maria Alejandra Restrepo учествувала, барав за гледање онлајн,симнување..ама ништо :(
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683

Што повеќе seeder-си и leecher-си, толку побрзо се симнува фајлот. Значи ти можеш да имаш добар интернет, а фајлот да не се симнува.
Не сум баш некој торент експерт во тој поглед, ама секогаш барам такви фајлови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Чоек...сабота пред нова година. Нова година...по што нова? Ново тонење.
Денес не сум на работа. Болен сум. Кркав настинка поради вчерашното киснење на дожд. Утре иаме некој попис.
На југ ништо ново.
А да, ск*рчено ми е од се.
Единствено нешто позитивно, ми беше тоа што си ја најдов песната, која што одвај чекав да ја пуштат на радио на времето :)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Еве јас пак со несоницава, па и откако снемав занимација ми текна.

Демек предновогодишна забава, фино ресторанче, музика, фини луѓе, млади дечки... Ама зошто јас не знам да станам и да си одам со време, време пред фајрон што се случува не се рамни никакви дупки ни прчварии, па какво ти сакаш ми ти било фино и културно место.

Нешто по полноќ, доаѓаат тројца господа под гас (дупка пијани стари говеда, ама ова тука во заграда да не речете дискриминација на постари господа кои сакаат да се забавуваат и имаат право како и сите) онака буквално играјќи оро влегоа, се закостија до музиката која патем си свиреше нешто ју баладички, па не ќе беше ништо чудно ако беа неколку стотки, ама за рок од 10 мин, на виолината се појавија над 5 000 денари. Па сакам Цеца, па сакам Јужни ветар и ветре развигорче...
Па лигавење на маса на малолетни девојчиња (ете може немаат родители девојчињава, па излегле така скоцкани, покрај нас примерните што со ролки идеме во провод... кутрите) Па карање, влечење, тегнење, шерифување...

Нема врска, толку од моето присуство таму, ама и што сега?

Не е муабетот за возраста, имаше и некои културни господа на ниво што уживаа во храната и музиката.

Што кога утре тој Херкулец ќе го разбуди плачот на бебето кое нормално си бара јадење, пелени, внимание? Зар нема да има грижа на совест кога ќе допре празен новчаник? Нема каење, жал, бес?
Кога на еден господин со пожолтени бркови, за 10 минути му фрли 100 евра без око да му трепне, што би се десило кога ќе се појави некоја цицлеста мрсна певачица? Отидоа уште 50 евра од плата.
А да не се лажеме, издаваат испукани прсти, исунчани фаци и црни прстени под очи колку плата земаме и кои ни се примањата. Џабе се трите илјадарки кои изиграваат ладало на -15 степени.
Жално...

Едит: Го мислев постов за некоја тема, ама не ми текна соодветен наслов, па ај нека биде дека само сакам да ви кажам импресии од вечерта.

Sounds so Bitola :^)
 
Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Добро, сакам да прашам која е сатисфакцијата да се издераваш како млад мајмун и да пцуеш провинцијалци? Мислам стварно не ми е јасно. Ептен се напнав, од каде таа омраза не ми е јасно.:^) Страшна работа, немам што да кажам друго.:x
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Anushka