Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ама висококалорична храна би значела дека првиот ќе преработи многу калории, не дека ќе останат повеќе калории. Тоа со цревото...башка и ќе го елиминира гадењето ако со црево се донесе директно до желудникот. А зошто не би во желатински капсули кои би биле доволно мали за да се голтаат директно?


Значи ништо од затворениот циклус :(
За желатински капсули би бил потребен производен процес, фабрика каде ќе се произведуваат, пакување, транспорт, контрола... трошок е.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Значи ништо од затворениот циклус :(
За желатински капсули би бил потребен производен процес, фабрика каде ќе се произведуваат, пакување, транспорт, контрола... трошок е.

Епа тогаш со инка во црево и директно во желудник. Ама пак треба нешто за подмачкување на цревото, ќе заглави во грлото. Ништо од ова не бидува :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
На секој чекор закачена на бандера со деколте до колено, најголемата ѕвезда на нашите простори Адријана Кеш гостува во вашиот омилен клб. Секоја вест на нашиве "медиуми" им почнува со наслови од типот "македонската фолкерка доживува по три оргазми на ден" па тука качена она на багер, полугола со гаќa од американско знаме (true story), па некоја си друга со тажна исповедна приказна во весниците за бедната музичка заработувачка, поради што на својот сопруг морала да му купи скромен подарок за роденден-остров на Карибите. Срање до срање, потресни приказни, моменти за паметење, чекорите до славата на Адријана, Министерка, Барбика, Косоварка... Нивни песни прегледани над милион пати на јутјуб...
Насекаде темата е таа. Сакале ги мразите, сакале ги обожавате факт е дека се зборува за нив... На големо!

Мене муабетот ми беше, зошто ѕвезди, ама ЅВЕЗДИ како вчера дечкото од икс фактор, и неколкуте пред него, па и после него, мора да се докажуваат, покажуваат, да одат преку такви патишта за ние желните за таленти да видиме дека имаме некој што го заслужува епитетот ѕвезда?
Го знаеле повеќе звучни имиња, конкретно дечково.

Тамара, со најголема поддршка на фб. Весна Бејби исто така. Иначе добри пријателки на дечково. Браво, пример за вистинско пријателство.
Кокошки едни, кај бевте да му помогнете кога работел како ѕидар во Виена, додека вие сте се крстеле во неговиот талент?
Напишал песна за Каролина. Зошто ние не знаевме за дечково?
Зошто упорно се рекламира и турка напред најголемото гомно во државава, до степен да помислиш дека живееш во срање земја неплодна за таленти, па си прифаќаш се што ти е сервирано како талент, а уствари живееш во заблуда и треба соседна земја и друг народ да ти отвори очи дека уствари твојата земја е онаа со тие најголемите таленти?
Е сега навистина ми се згади од народот.

А таа Тамара ми е најодвратното нешто што сум го видела во животот.
Заедно со другарка и Весна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Скинат бонус на работа за нешто што не си го направил.
А да, сликава е толку реална
image001.jpg
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Хоуп* , ќе се послужам со еден статус од фб на една пријателка:
Работи кои ако ги игнориравме, немаше да постојат:
- Феноменот на Лешовски
- МК портали
- Секаква вест за македонскиот шоу-биз
- МК ТВ понуда
- Миленко

И разноразни други сра*а.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco


We are merely on a quest for solutions, brainstorming and all... :kafe

Хоуп* , ќе се послужам со еден статус од фб на една пријателка:
Работи кои ако ги игнориравме, немаше да постојат:
- Феноменот на Лешовски
- МК портали
- Секаква вест за македонскиот шоу-биз
- МК ТВ понуда
- Миленко

И разноразни други сра*а.
Постои презиме Лешовски :eek Којзнае каков би бил англискиот еквивалент...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Сакам да прашам , љубовта колку лица има?
Секој ден се различни и различни ми покажува, ме збунува.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
ОД ЃУМБИР: Кувар направи град што се јаде
И после други не уништувале и газеле, а ние што го уништуваме јазикот, никому ништо.
Фала, чао, пријатно. :mad: