На секој чекор закачена на бандера со деколте до колено, најголемата ѕвезда на нашите простори Адријана Кеш гостува во вашиот омилен клб. Секоја вест на нашиве "медиуми" им почнува со наслови од типот "македонската фолкерка доживува по три оргазми на ден" па тука качена она на багер, полугола со гаќa од американско знаме (true story), па некоја си друга со тажна исповедна приказна во весниците за бедната музичка заработувачка, поради што на својот сопруг морала да му купи скромен подарок за роденден-остров на Карибите. Срање до срање, потресни приказни, моменти за паметење, чекорите до славата на Адријана, Министерка, Барбика, Косоварка... Нивни песни прегледани над милион пати на јутјуб...
Насекаде темата е таа. Сакале ги мразите, сакале ги обожавате факт е дека се зборува за нив... На големо!
Мене муабетот ми беше, зошто ѕвезди, ама ЅВЕЗДИ како вчера дечкото од икс фактор, и неколкуте пред него, па и после него, мора да се докажуваат, покажуваат, да одат преку такви патишта за ние желните за таленти да видиме дека имаме некој што го заслужува епитетот ѕвезда?
Го знаеле повеќе звучни имиња, конкретно дечково.
Тамара, со најголема поддршка на фб. Весна Бејби исто така. Иначе добри пријателки на дечково. Браво, пример за вистинско пријателство.
Кокошки едни, кај бевте да му помогнете кога работел како ѕидар во Виена, додека вие сте се крстеле во неговиот талент?
Напишал песна за Каролина. Зошто ние не знаевме за дечково?
Зошто упорно се рекламира и турка напред најголемото гомно во државава, до степен да помислиш дека живееш во срање земја неплодна за таленти, па си прифаќаш се што ти е сервирано како талент, а уствари живееш во заблуда и треба соседна земја и друг народ да ти отвори очи дека уствари твојата земја е онаа со тие најголемите таленти?
Е сега навистина ми се згади од народот.
А таа Тамара ми е најодвратното нешто што сум го видела во животот.
Заедно со другарка и Весна.