Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во нашата чудесна земја има вакво нешто или по подруми го кријат:zelen

Нема, во РМ не постои смртна казна, а во екс-Југа користеле пушки. Макар да не е нешто компликувана да се направи, добар столар, особено гневен на неправдите би склепал една набрзина за потребите на револуцијата.......која никогаш нема да се оствари :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Да ве прашам пуштени ли се картите за Архангел и по која цена ?
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Knife Јас се запишав на германски пред еден месец, почетен курс во steptoknowlege, можеш да се отпишеш кога сакаш ама нема да доучиш ниту ќе имаш диплома.. нема поента таквото запишување на курс.
И мислам дека сите курсеви секаде се почнати, пробај некаде да се вклопиш : )
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Да ве прашам пуштени ли се картите за Архангел и по која цена ?

Нешто се збореше дека можно е да бил одложен. Баш прегеска еден другар ми кажа дека вчера прашал во Југотон и му кажале дека уште нема карти.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Нешто се збореше дека можно е да бил одложен. Баш прегеска еден другар ми кажа дека вчера прашал во Југотон и му кажале дека уште нема карти.

Ми одговара да го одложат за една недела :zelen Во план си да одиш ?
 
cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Ми одговара да го одложат за една недела :zelen Во план си да одиш ?

може ја ќе одам ама не се знае....зависи колку пари ќе биде картата...и која ден ќе биде :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Има една чудна работа а тоа е потребата на луѓето да се прикажат како `селф-мејд` личности во економска смисла, дека се` постигнале со помош на нивните 10 прсти и 10 ножни прсти, со потта на своето чело и непроспиените ноќи, регс ту ричис, поточно регс ту мидл клас, никој никогаш и никаде не им помогнал, свои на своето....

Иако реалноста никој нема да ја каже, тетинче на позиција, мама и тато го платиле школувањето со крајни напори, кредитче, рандом роџак од иноземство кој помогнал, ако се живи баба и дедо потпомогнале и тие, понекоја врска наваму или натаму....во ред, таа е динамиката на односите во општеството, семејните односи се уште се значаен фактор etc.
Не знам зошто некој би се срамел од тоа или би еготрипал дека баш се` постигнал сам, студирал дење, црнчел во рударско окно ноќе а за викенд пола време бил конобар а пола крупие....и сите тие приказни.......кога ја знаеме реалноста овде......и не гледам потреба некој да се срами или нешто слично поради тоа.

Но од друга страна се партиско-олигархиските лица чие потомство добива кола од салон за 18.роденден и ги прави сите оние лигави муабети опишани во постот на шмекси ако не се лажам. Во некои поинакви времиња таквите креатури завршувале на гиљотина, пред стрелачки вод или со ќотек до смрт. Дури и ден денес имаш земји каде ако во одредени квартови залута богаташ.....може да го проголта мрак........во РМ форумска осуда е најтешката казна, hence, РМ е земја со најголем економски јаз меѓу сиромасите и богатите во цела Европа, по најново инфо...
Меѓукласниот антагонизам е скоро непостоечки тука, освен чат пат виртуелно па сега дури и виртуелното осудување на класните разлики се осудува.......цццц...:D
Абе океј, горе-долу така е сето тоа и не е само потреба за прикажување како селф-мејд личности, туку е и потреба за лечење на комплекси и потреба за празнење на револтот кој го ствараат тие комплекси. А помалку или повеќе сите си имаме по некој комплекс и веројатно затоа сите судиме и осудуваме, величајќи си ја со тоа сопствената личност. Демек таа е размазена и не знае сама ни вода од чешма да си земе, а наспроти неа јас сум напатена, маката ме научила да стојам на свои нозе и сама да си го заработам лебот.... итн итн итн.
Испаѓа дека ако некој е размазен и мама и тате сѐ му овозможиле по дифолт е лоша личност, ор****ја и незнам уше шо, а тој другиот шо немал можност да биде до толку размазен и шо е напатен и намачен е добра личност, со ептен позитивни карактеристики сите на куп.
И сега ситуација, некој некаде слушнал муабет, некоја ни чуена, ни видена се фали и велича со парите на тате... И шо? Шо ме заболе ако се фали? Нит ми зела мои пари, нит ми го пореметила текот на мојот живот, нит па ми зависи судбината моја од нејзиното однесување. Нејзе ѝ е тоа некое врвно задоволство? Нека ѝ биде.
Ама ако скокнам да реагирам, ако ме исполни револт заради такво нешто, значи дека ме допрело на некоја лична основа, ми допрело некоја болна точка, погодило баш некој од тие мои комплекси. И ми е криво. Признала или, ама длабоко во мене ми е криво оти јас сум морала и морам да се мачам додека некој добивал сѐ на готово.
Велиш ќерката на стечаецот поинаква приказна ќе каже. Епа ќе каже, ќе ја боли маката на родителите, ќе ја боли к'сметот, ќе ѝ е криво шо не е поинаку. Ама па шо е во сето тоа крива ќерката на газдата? Ако таткото ја цицал фирмата, шо е крива ќерката?
Сите судиме, да, судиме и осудуваме кога нѐ боли, па велиме - „абе се врти тркалото, парите на тате нема да секогаш тука“, и потајно се надеваме и одвај чекаме да дојде денот кога тој шо бил таму горе ќе се најде подолу од нас. И тогаш ќе ни се наполни душичката? Демек ете сега е фер.
Мене ми е сето тоа беспотребно. Да си ја трујам јас душата со гнев и со револт и со омраза во краен случај, заради ова или она, не си дозволувам. Толку колку сум способна се трудам да не ми се пикнат тие во душата.
За ситуации кога моите најмили би се нашле директно засегнати, не зборам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and Outrider

Во ред, претерано е да се користат епитети од типот на `ор****ја`, нема смисла. Дали е лоша личност или не е исто така е двојбено и не претерано важно, ама дека е размазена до даска и не е некое големо откритие...
Ако некој е напатен не мора да значи дека ќе е добра личност, некои кои имале трауматични детства прераснале во манијаци и психопати, се согласувам...но друга е работата во случајов и гневот кој се јавува при гледање и слушање размазени креатури.

Како што е крива ќерката? Парите за кола и други предмети се одземени од оние на кои им припаѓаат, од икс неисплатени плати и придонеси, од превари и срања поради кои луѓе останувале на улица, некои и под земја, наместени тендери, јавни набавки, анекси...дали ги троши таткото или ќерката е сеедно...ок во хипотетичка ситуација. Која пак би соодветствувала во барем 9 од 10 такви ситуации тука, знаеме како се градат `богатства` овде...

Утре истата ќерка, наследно, ќе стане составен дел на новопечена класа богаташи и ќе се подјебава со нечии судбини...дали на работно место или во администрација.

После исчезнувала средна класа.......е па ќе исчезнува, никој не е крив за ништо, вук појео магарца, поминал возот, да си траеме и трпиме, бог ќе им суди....:)
 
Епа кога знаеме сите како овде се станува влијателен или богат тогаш што сите го тупите за размени или вакви или онакви и секој да е на местото на таа ќерка ке ужива во удобностите или некои овде ке појдат и ке ги разделат парите на обесправените или неисплатените аха како не жми митро толумби падат ...
Средна класа нема тие или се на границите на сиромаштија кои повеќето се такви а само мал дел преминуваат во високата ама се стремиме кон запад ние само кога ни одгова а кога не е тоа др прашање ...
И ете недознаме што треба да се работи па да појдеме сите по една кола од салон да си купиме :( пак на мама и тато ке чекаме :(