Има една чудна работа а тоа е потребата на луѓето да се прикажат како `селф-мејд` личности во економска смисла, дека се` постигнале со помош на нивните 10 прсти и 10 ножни прсти, со потта на своето чело и непроспиените ноќи, регс ту ричис, поточно регс ту мидл клас, никој никогаш и никаде не им помогнал, свои на своето....
Иако реалноста никој нема да ја каже, тетинче на позиција, мама и тато го платиле школувањето со крајни напори, кредитче, рандом роџак од иноземство кој помогнал, ако се живи баба и дедо потпомогнале и тие, понекоја врска наваму или натаму....во ред, таа е динамиката на односите во општеството, семејните односи се уште се значаен фактор etc.
Не знам зошто некој би се срамел од тоа или би еготрипал дека баш се` постигнал сам, студирал дење, црнчел во рударско окно ноќе а за викенд пола време бил конобар а пола крупие....и сите тие приказни.......кога ја знаеме реалноста овде......и не гледам потреба некој да се срами или нешто слично поради тоа.
Но од друга страна се партиско-олигархиските лица чие потомство добива кола од салон за 18.роденден и ги прави сите оние лигави муабети опишани во постот на шмекси ако не се лажам. Во некои поинакви времиња таквите креатури завршувале на гиљотина, пред стрелачки вод или со ќотек до смрт. Дури и ден денес имаш земји каде ако во одредени квартови залута богаташ.....може да го проголта мрак........во РМ форумска осуда е најтешката казна, hence, РМ е земја со најголем економски јаз меѓу сиромасите и богатите во цела Европа, по најново инфо...
Меѓукласниот антагонизам е скоро непостоечки тука, освен чат пат виртуелно па сега дури и виртуелното осудување на класните разлики се осудува.......цццц...