Јас не знам како не ви се здосади на сите од глумење осудувачи и осудувани и вртење во тој магичен круг. Денес мене ми рекле па ќе замерам за утре ден истото да го искористам против некој друг. Да, сум била осудувана на форумов, сите го знаат тоа, а и јас моментално осудувам. Ама не во секој пост, секој коментар. Нема смисла луѓе, со месеци е исто. Зошто овој вака зошто оној така. Па добро бре, не ви се смачи од прљав веж, пуканки, форумски кланови, откривање топла вода, водење евиденциии , ограничување на глупави постови, Модератори vs членови, мешање во туѓи работи, бришење коментари , немање потреба да се објаснува зошто биле избришани, украдени постови, па просветлување што значи тоа, па дали некој имал/немал живот надвор од форумов и не знам што ти не, за на крај се да се сведе на ,,Умираат дискусиите по темите". Толку теми се отворија во последните неколку месеци, а уште колку постојат на цел форум. Ама не, упорно се врши "силување" на форумот. Никој не тера никого со сила да коментира во теми и подфоруми што не го интересираат ама тоа не значи ,,тресење зелени" во тие што ни се индивидуално привлечни. Јасно ми е, секој со своето мислење и со својот став и нормално е да има спротиставени мислења ама ова веќе се носи на друго ниво и е контрапродуктивно. Едно е да разменуваш спротиставени мислења и да ги браниш своите ставови, а друго е да навредуваш и тролаш некој постојано. Па навистина нема смисла. Што сака нека се рече за мене, дека се правам Тереза или се правам паметњакович ама стварно премногу ми пречи и треба сите да размислиме на кај го водиме форумот. Да сакам да кажам, а не да прашам. Што е многу е многу.