Знаеш дека старееш кога те удара дамла ако некој спомне дека добил петка.
Во мојов свет неќеш петки, верувај.
Ќе ги барате матуриве. Ехее, ко Диоген ќе ги барате. Со неонки ако треба.
Нејсе, трагичното за мене е што не можам да разграничам дали некој е осмо или апсолвент. Жими ја, не можам! А срамота да прашувам.
Дали видов ми е толку слаб, дали мозоков ми е недоволно развиен за да разликува, ама исти ми се, мајке ми!
Веројатно е до менталниот склоп. И не знам дали маливе размислуваат понапредно, или постариве заглавиле во рани тинејџерски години, ама мајндфак е!
Оп, 14 и 24 годишни со исти мислења. Да аплаудираш или да плачеш? И кому што?
И срамота е да јадам трици, ама преку Тасејца од Мајки Терези, Мерлинки, остали цитатори и онлајн Ајштајни.
Дај брзо да споделам слика од Семе Синапово дека ја сакам мајка ми, кутрата не може да заспие дури не го направам тоа.
Ко и сите мажи факичи, а жените поштени. Хипокритие.
Ме гуши сивилово од неиндивидуалности. Во поим ме убива како истото се провлекува и успева.
Kis43 ste, ama bez mene, ako ako...
Е, уште јас ви фалам, ама некој мораше да ве наслика.
Никој не бара сите да сме индиго деца, ама многу аури по градов се и непостоечки, што е алармантно загрижувачки.
Бланширани мозоци. Ко бланшираните коси да не беа доволно грди.
Марија, ќе се едитирам, да не правиме дијалог по темава.
Далеку јас од посебност. (т.е. тука следи клишето дека сите сме различни на свој начин де)
Само спаѓам во втората од двете групи што си ги нарекувам „лигуши“ и „плукачи“...а исти ко мене стотици ги има, ништо посебно, затоа и ми фали индивидуалност, нешто различно од двеве „основни“ поделби, некој што со прави зборови и дела ќе ги воодушеви сите маси подеднакво, без да се лигави или да плука. Нешто што ќе те остави без здив...
на пример гасна комора (се извинувам за лошата шега)