Седнав наоружана со ТОЛКАВА шоља нес, сладолед од јаболко и цимет ( количина не кажувам, незгодно ми е од совеста што ме прати на секое идење во кујна), скоро пола кутија родео и еден полузаспан мачор до мене, да гледам Game of Thrones...
Арно ама, на Сител слушам Крвта не е вода ќе давале па у мисла сум, дал да си дозволам да пропуштам таква дирлива дешавка за некоја си серија. Плус, во Крвта не е вода ваљда не умираат сите ликови
Добро, тоа сакав да прокукам у главно дека сум разочарана малку како се одвива дејствието во ГОТ, и денес денов го отепав кмишејќи дома и не успеав да спасам ниедна загрозена панда, и ќе почнам со членовите од вторничната и петочна постава на ЈСП да се дружам изгледа...
Ај, среЧен ден.