Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider внесува нова рубрика, Daily rant за ситни и крупни ствари, локално и глобално :)

Daily rant 1 :

Некој го спомена Марадона на некоја тема, ми текна дека ликот приумрел пред некое време, веста за неговата смрт уште што не излезе од тостер и машина за прање. Споменувањето на овој дебел глуп џанак со митскси статус ми беше провокација за овој rant.

Таквите настани, заминување легенди од профи спортот, кога ќе се повлече линија што човештвото добило од ликот на чиј погреб биле пола милион лица, останува крајно тажниот факт дека = тресел мрежи со кожна топка. И тоа е се. Нит оперирал нечиј мозок, нит спасил давеник на плажа, нит слетал со авион со два изгорени мотори како Челзи Саленбергер при што сите патници останале живи, останува едно големо, масивно, дебело, сеопфатно и огромно НИШТО.

Од друга страна, човекот кој ја измисли WWW (интернетот постоел, многу луѓе грешат поистоветувајќи ги) гигантот на човештвото, човекот кој ги смени сите наши животи и ја однесе цивилизацијата во нов правец, не го знае никој.
Му посакувам долг живот, сега има 65, се надевам да доживее 111 :)

И овој форум немаше да постои, и сите ваши профили на социјални мрежи, доколку не постоеше големиот, неповторливиот Сер Тим Бернерс Ли, кој во Ноември 1990 ја подигнал WWW не еден сервер во ЦЕРН, истовремено отварајќи го првиот тест-сајт.
Од тој еден сервер до денес WWW е на милиони сервери по цел свет, вистинска глобална мрежа поради која ликови како Цукерберг и Безос станаа мултимилијардери, додека Бернерс-Ли не доби ништо за неговата заслуга.

8a28983c-f66c-4762-b6e1-54eb7a3d678d_trans_NvBQzQNjv4BqxA3C-6s44KB7TxXGhblt-HZD7-pPdRkuMjArbLMA2Dg.jpeg

Како може рајата да има толку изместени приоритети е нејасно.
Обичен водоинсталатер има далеку поголема вредност во едно општество од врвен фудбалер. И тоа ова го кажувам како страстен фудбалски фан.

Можеби рајата се идентификува со морони како Марадона бидејќи се препознаваат самите себе, како полуписмен бот може да постане милионер. Кој би се идентификувал со нерд како Бернерс Ли? Веројатно никој.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Носи маска, дезинфицира раце, хипохондрија ја пука дека ќе умре од корона, а во кафич нема со кој не се поздравува со образ. Мерките ни во нацртан формат не се сфаќаат:///
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 2 :

@Luckky напиши по некој пост одвреме навреме :)
Иако бев отсутен долго време сеуште паметам дека имаше одлични постови во времињата кога форумов имаше повеќе сообраќај.

Расправиите на темата за пандемија-2020 ме потсетија на старата виртуелна болка на било која платформа и социјална мрежа а тоа е што луѓето одвај чекаат да се навредат и да си заминат. Несогласувањето, понекогаш во налет на емотивност може да содржи некој неумесен поим, но тоа не значи дека е намерна навреда, далеку од тоа, пример паметам @existence порано сме имале и согласувања и несогласувања но секогаш тоа беа здрави и квалитетни дискусии.
Секогаш сум спремен за извинување и признавање на вина ако несакајќи сум навредил некој/а без разлика на темата. Ми текнува од почеток како се косевме со @Electra на разни теми но тоа се` беше дискусија за различни ставови (како сега со пандемија-2020 што имаме различни ставови) но после извесно време се јавува почитување и тоа остана до ден денес.

Форумскиот начин на виртуелна комуникација е супериорен на оној на социјалните мрежи и затоа ми е чудно зошто форумите немаат толку членство како соц.мрежи. Почнувајќи од бламажата и срањето наречено Твитер каде платформата те ограничува на пар реченици (?!) до Инстаграм каде уште не ставиле слики од сечење нокти на нозе или шмирглање на пета.
На форум е зачувана приватноста до максумум и останува на самиот член да сподели или не она што сака.

Друго што беше, низ муабет се потсетив на нешто интересно, имено потребата да се биде фан на одреден клуб или репрезентација, колку ирационално е сето тоа. Јас, оддалечен од местото каде играат омилените клубови со барем 2500км сум емоционално ангажиран за ствари кои се толку географски, културно, економски оддалечени од мене исто како да се од друга планета.
Дали фанството е само пополнување на емотивна празнина, на пркосење на осаменоста со помош на современите технологии (тв-преноси во ХД). Многу веројатно дека кај најголем дел на фанови тоа е причина за фанствување in the first place :)
Кога ја имав најсериозната врска евер, не само што заборавив на клубови туку промашив и цело светско првенство. Лагана прошетка со рака на струк со тогашната "significant other" до градски парк и назад ми беше бескрајно поубаво отколку било каков гол на клубот.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 3 :

Често во ИРЛ и во ВР се сретнуваат особи кои се расфрлаат со варијации на тема "снаџи се па живи", без разлика на степенот на образование. Еден заболекар, медицинско лице ете, нешто ми мрчеше за survival of the fittest и незнаејќи (bless him) испадна подржувач на социјалниот дарвинизам.
Најчесто тоа се јавува кај лица кои никогаш не ја прочитале Потекло на видовите од самиот Дарвин или скраја било, капиталното дело Заедништвото, фактор во биолошката еволуција од Пјотр Кропоткин.
Опстануваат оние организми кои најдобро се адаптираат на околностите, а за да се адаптираат неопходна им е СОРАБОТКА со други видови и врсти, и тоа од 50-95% од биосферата на планетава функционира со меѓусебна асистенција (поимот aid нема превод на хунза). Просекот бил некои 3/4 од случаите така да тоа е. Дури и екстремни случаи како ајкулата, грабежлива полуриба, си има симбиотични односи со извесни риби. А се работи за апекс предатор!
И после ќе го фатиш некого во незнаење и отиде пријателството. А како да молчи човек, посебно во моја ситуација, кога се кажуваат такви глупештини, како?! Ма нек си ебат матер сите.

На нет исто така насекаде врие од полусварени хипотези за некакви си алфа-мажјаци, алфа-женки и што ти ја знам, популарна психологија која е на ниво на астрологија. Сета таа гужва околу алфи, бети, гами, делти и остали грчки букви ја закувал некој биолог кој набљудувал - волци.
Да, Волци. Не луѓе, не дури ни примати туку = волци!
Зошто токму поведението на волци било рефлектирано врз луѓе е нејасно. Зошто не Гнуа, Тапири или морски Галеби?
Интересно е што истиот автор се дистанцира себеси од сознанијата до кои дошол во 70-те и си признава грешка.
Но тоа не спречува раја, обично машка, обично женомрзачка во основа да труби за алфа и бета мажјаци и женки.
Нит срам ги пука нит мува ги лази, како бре ццц...


И да, Гугл е основан со државни финансии од страна на НСА и ЦИА. Гугл ит иф ју донт белив :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris*, Luckky and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 4 :

Повторно приумрел некој фудбалер и пак алгоритмите ми го сервираат тоа, не знам како и зошто, because not a single fuck was given за дотичниот жабарски играч.

За сеир имам гледано многу работи па изгледа алгоритмите рачунаат дека тоа баш ме интересира, ми излезе некој канал Great Bachelor или така нешто со еден ќељав низок лик како расправа на тема меѓуполови односи и како тоа мажите требало да баталат жени altogether и да живеат како самци со мастурбација, евентуален аун најт стенд или максимално фак-бадис и да си го користат времето и просторот само за нив. Свашта.

Не ми е јасно како меѓуполовите одности станале толку комлицирани да мажи и жени пишуваат цели книги за тоа, илјадници лица на Тјуб и слични платформи кажуваат искуства и мудрости па тука се и неизбежните "гуруа" кои само за 99,95 долари ќе ви ја откријат тајната на женската психа.

Ненормално колку многу енергија кај раја се троши на меѓуполови глупости, да се употребеше еден дел ед таа енергија за нешто корисно не само Марс, досега човештвото ќе беше на таа планетата околу Проксима Кентаури.
Што мислеше со тоа, дали подмукло ме подјебава дали ова дали она, игрици за моќ, драми и остали глупости заедно со очекувањата за телепатија, дајте бе луѓе направете си муабет како возрасни, вака и вака и готово.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 5 :

Интересно како главните културолошки и социолошки парадигми излегуваат од Империјата (САД) и земји од првиот свет. Сте виделе некој "инфлуенсер/ка" или славни Јутјубери од Романија, Парагвај или Непал? Не? Ниту јас.
It all trickles down from people with first world issues.
Дури и муабети за тоа како луѓе го промениле животот за 180 степени и станале успешни, со фамилии или било што, повторно е некој од Канада, Империјата или Аустралиа. Дајте бе некој од Црна Гора, Боливија, Габон да го е**м, да видиме како тоа се прави во вториот и третиот свет, како се успева без инфраструктура, без општествена асистенција, без ништо.

Проблемите на декадентата Империја се неважни на овие простори. Прв филтер е Источна Европа чиј дел е ова овдешно општество. Втор филтер е Балкан, чиј дел е ова општество. Трет филтер е самото хунзистанско општество каде луѓе не застануваат на пешачки да пропуштат лице со проблеми.
Често луѓе ме упатуваат на тие first world ситуации као ете имало излез. Нареден пат кога некој лик нема да застане на пешачки ќе се присетам на тоа сигурно.

Империјата е во декадентна фаза, од распадот на СССР веќе 28 години немаат сериозен идеолошки и воен ривал. Нивното општество сега има време и средства кои се употребуваат за најтешки замисливи срања, од клечење на фидбалери во Англија заради некаков си отепан црнец од страна на цајкан во САД до измислување на 575 полови (genders, not sexes). Мислам кој курац има некоја дешавка во некој отепан кварт во САД со фудбалот во Англија?! И после 7-8 месеци истото, не запираат.

Лицемерието кај Империјата е страотно. Многу се загрижени за црнечки животи, затоа во Конго деца умираат како муви работејќи по 14 часа во рудници. Но, тоа е Африка, а Африка не се важи. Ако црнците не се од првиот свет, не се сметаат за човечки битија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Прва недела (т.е. ден) цел ден по пижами после не знам колку време.
И ми се прават толку многу работи.
А, морам да завршам уште толку многу работи.
А, единствено што на моиве мозок и тело им се прави - им се спие.
Изгледав два и пол часа крипи ЈуТуб видеа, испив две кафиња (за мене е многу) и пак можам да си прилегнам на тастатурава во секој даден момент.

Ај можда LHОHQ: The Most Dangerous Rabbit Hole On The Internet ќе ме освести.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Outrider`s Daily Rant 6 :

Никогаш не ја сфатив големата, сеопфатна мржња на фиромјани кон дрвата. Не зборувам за дрва за греење него живи дрва во урбани услови. Вчера видов неколку огромни дрва тазе посечени низ една блиска улица, како надоградување на посечени дрва низ цел град.
Што е тоа кое кај урбаниот фиромјанец предизвикува таква омраза? Дали тоа во главата сеуште му рикаат волови па сака да надокнади за својата слаба урбаност со хиперурбани срања? Интересно, ако за нешто имаат консензус власт и опозиција тоа е сечењето урбани зелени површини.

Во некои земји постои цела механизација за пресадување на веќе израснати дрва во урбани средини, во Хунзистан удри моторката и терај.

Со ова темпо за 10-15 години ќе снема дрва во фиром, ќе биде оголено све и така духовната, морално-етичката дистопија ќе си добие и соодветен физички лик.

Пуста историја, пуста да остане, како на вакви племиња им се случило да формираат општества, страшно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Честитки @ipopovski за најдобар забавен сајт. (party)

А, пред да легнам, го прогласувам и форумов за најдобар форум пошто претежно сите се знаеме и сме ко едно мало семејство. Имало и кавги околу 5 метри ограда чија е, имало и дружење и помош од луѓе за кои никогаш не си мислел дека ќе ти значат повеќе од аватар и збирштини од букви.
Но ете. (hug)