СДК вчера супер си поминав. Бев излезена со колагата мој младич до зоолошка, им се порадував на кенгурите и пингвините , па од време на време разменувавме допири со младичот м потоа заминавме на брзо возење малце надвор од Берлин, на автопатот бидејки и двајцата уживаме во брзина, а приквечер заминавме да јадеме во темниот ресторант, значи кога пристигнуваш внатре си бираш што сакаш да јадеш и пиеш од менито и после тоа келнерот те носи внатре во темна просторија, ништо не се гледса пред тебе, те седнува на маса и си седиш така со партнерот, слушаш гласови од другите маси , други си прават муабет а никој со никој не се гледа пошто е темно и ти сервира келнерот едно по едно јадење и пиење.
Ххахахах . интересно беше оти се осеќав ко слепа, едно време ми падна лажицата за супа, ц ц ц . абе циркузи, битно убаво беше, па се држевме за раце со младичот, он седнат спроти мене на маса. Разговаравме каде да ги славиме родендените заедно па он се обиде да ме бакне , али не му дозволив, едноставно не можам, премногу е млад за мене, во ред е да се гушнеме , но бакнеж НЕ. Му се жалев за тоа дека треба да ослабнам, дебела сум во стомакот, а он душа мила цело време ми дава комплименти колку сакал дебело стомаче да има што да фаќа
Е затоа сега ке одам да трчам и да се ставам во форма малку.
П.С. Преска ми пиша дали сум сакала пак да излеземе, му реков не, секако утре се гледаме на работа.