СДК абе бегај таму, глупости .
Овие двајцата млади колеги ме викнаа денеска со нив на заеднички состанок, 100 пати им кажав нема потреба јас да идам , сами нека идат, НЕ та НЕ ,,,, глупости
Бевме на ручек во ресторант седнати тројцата , овие двајца срамежливи, а јас ко 13-то прасе, и нормално и двајцата траат и ми викаат дај бе прашај нешто , оваа женската у телефонот си зјапа, а овој младичот у мене се ѕвере, па им викам ,,,,епа добро ајде да почнам муабет со тоа дека ми се свиѓа еден колега од работа, хахахахахаха и лупнав едно име на колега, па овие ко се загреаа на муабетот, цело време за него, информации, што е следен чекор, дали ке сум го носела во Мк, ц ц ц ц ...Едно време ги прашувам имате ли намера утре да се видете , не туку дреметe ко мисири и двајцата , па немале идеја каде да иделе, ладно било, офффф
. Значи колку глупо ејјј, двајцата траат и ниеден не го прави првиот чекор , па добро бе мајка му стара , мене така да ми се погоде машко да не ми прави муабет ко ке бидеме излезени, одма си одам, нема потреба да седам само ко статуа до него.
После тоа бевме на мал шопинг, па заминавме на bowling пошто мене ми стана досадно и да се размрдаме малку , па еве ме пред малку се прибрав дома, ги оставив сами како знаат нека се смуваат оти не можам јас цело време да ги бутам еден во друг.
Битно и кажав на малата да не се секира, нема ништо меѓу мене и младичот , ние ќе останеме пријатели и колеги , така да слободно може да прави со него што сака. Од една страна ми е глупо пошто со него си одговараме во многу работи, но од друга страна ненормално многу ми пречи што е 22 годишен, барем 28 год да бил, да го ќарев.
Е така, сега да одам да се фарбам црвена косата да се пролепшам оти ваква стара никој нема да ме погледне