Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мистеријата кои се поголемо дно, лицата кои се одзиваат на повик македонци или оние на повик шип/тари - ќе остане нерешена до следното клање.
25 години пецкања, нешто квази-војна, некои тепчки по автобуси, провокации по медиуми... не ја бидуваа таа работа.
Најдобро би било да се соберат на некоја ливада, пример Полог како географски погодно место, и кој што има, калаш, нож, шипка, пиштол, секира, вила... и така фино едно масовно клање па кој ќе победи ќе се здобие со наградата мизерување за 200 евра во наредните 50 години. Ама без оние другите.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Убаво ми е на душава кога ќе ми заспие во скут. И двајцата преморени од работа, само што мене мислите ме оставаат будна до ниедно време во ноќта. Последнава година многу созреавме. Храбро се боревме да испливаме од длабокото, и скромно можам да кажам дека почнавме да земаме воздух на површината. И нервозна сум, ми се плаче, ми се вриска, чувствувам како се губам себе понекогаш, но во ваквите мирни моменти сфаќам дека го имам потребното. И ламбава што срамежливо свети моментално, за која секогаш викав дека мора да ја тргнеме, ноќва ми е посебна. Само тој до мене да е, и неговото мирно дишење. Ќе биде добро. Не затоа што мора да биде, туку затоа што даваме се од себе да успееме.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Абе колку и да ти го лае и напаѓа семејството едно куче, со тоа што ќе го убиеш со секира не се губи фактот дека си психо.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Не постои искреност и пријателство.Дали и кај нас луѓето станаа сурови?Никој не размислува како е да бидеш отфрлен и заборавен од луѓето.И тешкотијата во формирањето на пријателства.Дали остана ,човек'или сите се 'монструми"?
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
:svirka...The animals, the animals
Trap trap trap till the cage is full
The cage is full, stay awake
In the dark, count mistakes
The light was off, but now it's on
Searching underground for a bit of sun
The sun is out, the day is new
And everyone is waiting, waiting on you
And you've got time
You've got time...:svirka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Mnogo Bitno

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Ојј Македонијо земјо исконска !!
Пред да почнам со мислата сакам да кажам дека здравје боже ќе пробам да влезам во некоја институција и да бидам министер за финансии или култура итн,затоа што тоа е можно во Македонија,а досега не сме знаеле па од кога видовме си викам ако е така дај и јас ќе си влезам ќе си бидам на некоја функција нели ...

Сето ова што се случува не само во последните месец дене туку и уназад со години е за срамота и безмалку наликува на класична маалска игра во која на кој како ќе му текне си ги менува правилата,мислам дека за тоа,а и за се останато што вака се допушта и што секој си ги гледа својте интереси допринесоа социјалните мрежи и е ставено во сенка механичкото односно фејс ту фејс мислење кај и да е со кого и да е.
Исто така менталитетот придонесува многу,а не е клучен само тој тапкањето по рамо и устата која се повеќе зема замав одколку другите механизми на човечкото тело.
Тукашната ситуација е како во стамбена зграда кога се договараат за фасада или за лифт да се направи,тогаш куќниот совет се договара за тоа,а во исто време се јавува односно постои пречка внатре во едно или повеќе семејства,мајката и синот сакаат таткото и другиот син не сакаат и поради тоа нема ништо од предлогот тс поради нив пропаѓа сето она кое го сака мнозинството,така е и во државата кај нас.
Не ми е јасно како е можно тоа самите да си одобриме нешто,а после тоа да го ругаме и да го негираме, па нели чукавме со раце Македонијо,нели песни пеевме Македонијо итн,сето тоа е маска како куче што си лае во дворот,а надвор газдата го шета во раце?
Еве некој нека каже кој го дозволи сето ова или ние самите,ова во пијачка да ти стават некоја дрога па нема да го дозволиш,а не со трезвена глава
Гледано од многу агли ситуацијава е така распространета што не можеш да се фокусираш или да анализираш само едно нешто,многу играчи играат одколку што треба,многу страни се инволвирани,тргнете го тоа на страна секогаш викам од која партија си или не си,гледано од авион како би се окарактеризирала целава состојба на безсознание што се случува,од кај да се почне еве и да се коментира да се реагира или справи со сето ова кој знае,никој..
Сигурно некој ќе излезе еве и тука па ќе каже Грујо или Заев,Васко или Таско,заборавете го тоа што е со народот?
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Имам едно прашање кое МНООГУ ќе ми значи ако некој се потруди да ми одговори..
Дали некој од присутните познава Др психијатар по име Лилјана?! Од Ск е докторкава .На презимето мајка ми не се сеќава ама тврди дека е доста добра.. и најмала информација ми е добредојдена ..
Ве молам! Фала
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Сакам да прашам дали некој во брзо време кампувал во Маврово ?
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Кој што купил и од каде. Се спремаат сите како за на бал. Се надевам нема да дојдат со фризури како од 70тите или со сарми на главата. Да не зборам за тоа дека долг фустан не е за секоја.
Не е матура, апсолвентска е. Ќе славиме успех, преживување 5 години од пеколот.
Јас како за излегување ќе се спремам. Без локни без долг фустан. Супер ќе е (party)(star):zelen
@Outrider ќе ме носи со Џондирот :rofl(hug)
 
Последна промена:

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Ги напунија фб и твитер со евровизијава за Јана запросувањето, а јас не ни гледав. Сега фрлив око на настапот на Јана, океј била што ја мрчите, а се знае политиката како го мести натпреваров.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка