Добро бе више го отупевте со тоа каков е форумот. Еве признавам дека моментално форумов е ко тетратка од четврто, недопишана, фрлена у остава, која се погледнува само кога се чисти оставата. И не, не е крива само администрацијата што е ваков форумот и што го тупите по теми. Сите сте криви за тоа. Ве мрзи да пишете два збора на форумов со исклучоци на неколку членови па дури и тоа што ќе го пишете ве мрзи и после треба модератор наместо вас до го отвори, поправа и сл. И после нормално дека не чини и дека ништо не се дешава. Доста вложував со весници, фото натпревари, брошури и други работи, вложете и вие како членови во форумот, развивајте дискусии. Одам некој период јас на одмор, заслужен мислам.