И не можам да се изначудам како Драган „брат“ Таневски е писател. И луѓе му паѓаат на колена, и го читаат, и бараат совети од него. Леле Боженце, мене ми е малку морбидно да читам за некоја искривена слика за љубов (некоја чудна верзија на незрела, тинејџерска љубов) од чиче од 50+ години.
И не сакам маж ми да ми ја дава средината од кроасанот, без притоа да ме гледа попреку. Сакам да се грижи за мене, ама не на тој начин да изгледам така кревка и нежна, небаре цел живот на душек од пердуви сум го поминала во мојот розев замок, каде и зрно грашок под душекот можам да почувствувам.
Ја извештачува смислата на вистинската љубов, па жениве почнуваат да размислуваат дека нивниот маж не е доволно добар. Никогаш!
Љубовта е едноставно Љубов. Бара внимание и од двете страни. Не само чудни гестови од посилниот пол, додека жената е центарот на светот.
Ги залудува луѓето (жените) братов, да очекуваат нешто што реално, лично јас, никогаш не би го сакала. На страна тоа што тие негови „дела“ немаат ни трошка литературна вредност, братот има издадено неколку книги
Brace yourself, I am becoming a poet.