Секако дискусија може, таман работа расправање. Прифаќам туѓо мислење па и благ напад и провокација, ама да не е претерано.
Како да признаам пораз? Еве на пр. некоја женска не ме знае доволно добро, по брза постапка ме “суди“ и донесува заклучок за мене и смета подобро е да останеме пријатели. Јас во себе си знам дека она губи топ квалитети што ги поседувам, ама она тоа не го знае, а од друга страна јас немам намера да ја убедувам, пошто ќе и го билдам егото. Ако скокнам од висината на егото на таквата девојка до нивото на нејзината интелигенција ќе загинам. I hope you get the metaphore.
Во секој случај да, лекција е секое одбивање и тоа е тоа што ги прави мажите... мажи! Јаки, опаки, жестоки, опасни итн.
Не е под моја контрола дали ќе паднам во таа зона или не. Девојката одлучува, на мене е да ја поштувам таа одлука или да излезам од френдзоната со тоа што ќе прекинам секаков контакт со цурката.

Не го правам тоа од реваншизам туку од проста причина што ако натаму се дружам со неа, другите девојки кои ќе ме гледаат со неа ќе мислат дека сум зафатен и дека она ми е мај бич т.е. девојка и на тој начин ако некоја е заинтересирана за мене ќе изгуби воља пошто стално ќе ме гледа со таа девојка, а она уствари ми е само другарка.
Еве преку пример да се изјазнам најдобро: не е проблем да имам женско за другарка, дали колешка од факултет, дали од работа итн. и да се дружиме на дневна база од што сме во исти простории, па и некогаш кафе да испиеме после. Тоа не е френд зона, туку право машко-женско другарство (таман на права дистанца за да не се развие љубов) и то је права ствар. Френдзона (наметната од девојката или сама по себе) е кога машкото е безмалку 24/7 со некоја женска, пишуваат на фб, скајп, искачаат, се дружат, а се само другари. Wtf e поентата на такво другарство ако нема љубов и секс? Тоа е права френдзона. Машко и женско не се створени за другарство. Створени се за интима.
Не знам колку добро доловив, но ќе се дообјаснувам додека е потребно и не дојдеме до некој заеднички заклучок.
Френдзоната како таква постои и не мора ништо лошо да значи, иако јас не сум за такви зони. Френдзона е уствари блиско машко-женско пријателство. Толку блиско што човек да ги гледа од страна ќе помисли дека се пар, а они се само другар и другарка.
Доста е за сега.