Здраво дечки како сте?
Еве на пример јас сум супер, оздравев шо најбитно и пресреќна сум шо денеска си вдомив уште едно мало маченце.
Едно преслатко, мало, абе срцка! Цело сиво со зелени очиња. Љубов ми е бе!
Си идам од школо и оп пред да ја отворам портата за да влезам во дворот гледам едно мало маченце се стуткало покрај кантата и ме гледа ептен жалничко. Па не ми е гајле шо мама ќе ми говоре дека на овие години се понашам многу несериозно шо како мало дете прибирам мачки од улица! ЈОЛО БЕ!
И сега си го нахранив, си го избањав и го исчистив, фали уште име да му смислам и се ќе си е таман!
И веќе 2 саати ги гледам другиве две мачки како го гледаат настрана, таа првата не може да ја истрпи оваа вторава, а не па и уште едно мало.
Туку како шо сум тргнала со овој памет ќе си останам стара мома со 10 мачки.
И баба ни дојде на гости и таа пописка малце кога виде дека уште една “животиња“ сум прибрала. Абе бабчи, не му ја секирај, нема да ми влезе под кожа мачјо влакно не се умира од тоа. Не сум веќе мала за да ме преплашувате до смрт со овие ваши мудрувања!
И еве и татко ми се радува, само му дава нешто за јадење, нели греота е така слабо да било, од пржени пиперки со јајца, па на баба ми мускатата, се до бисквити со млеко, абе чуда! Тато, а ти да намалиш малце, мислам нели немаше бисквити кога побарав, а сега од каде излезеа?!
Брат ми кантер како и обично к’ца по цели денови. Тестот по математика 3ка го извадил, у школо се степал со некој, трчал по ходниците, на мама дијазапам и дававме кога наставничката и` се јави и фана да се жале.
Туку таков е тој, метнат на мене, абе како брат и сестра да сме!
И тој носе дома кучиња, те повредени, те гладни, да не им било ладно, те риба ни донесе еднаш, у најлон со малце вода, одвај преживеала кутрата...Ја умревме после 2 недели од прејадување. Уште ми капнува по некојa солза кога ќе се присетам на Тото наш!
А шлагот на тортата беше кога донесе хрчак, е тогаш не само мама, сите попиздевме! Среќа уште истиот ден го вративме во продавница и ситуацијата во куќата се стабилизира.
Сега сите сме заедно пак, има интересни дешавки, се уарни и ситуацијата дома, а исто и мојата депресија пополека си заминува.
Вториот спрат е во тек, конечно нова кујна, ново веце, нова дневна, НОВА СОБА!! + поголема 2 пати од оваа сега шо ја имам. Па мачкат мајсториве, чукат, бушат, главата ми ја подуваа! Брат ми сакал некој уметник да му ги насликал на ѕид имињата од метал бендовите. “Аа, синко, шо сме ние? Богати?!“
Инаку можам да ве издавам со моиве домашни дешавки, не дека нешто ве интересира, ама морам некаде да ги напишам, дека ние сами по себе сме интересни.