Сакам да кажам/Сакам да прашам

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://www.srbijadanas.com/clanak/u...prozvane-drzave-vit-jedlicka-u-pritvoru-10-05

Усташките злотвори, веројатно потпомогнати од своите четнички побратими почнаа со репресалии кон прецеднико на Либерланд, народниот херој кој после долгогодишна народноослободителна борба конечно успеа да прогласи независност со што ги оствари вековните стремежи на слободољубивиот либерландски народ за своја држаа.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
СДП Што е финтата со Даниел Кајмакоски и Естонија? Демек он се кажал дека е од Естонија по грешка, или? :zelen
Многу статуси фрчат, па си викам да си прашам, не ми се верува толку голема збрка да има за ништо.
Пробите на Евровизија се почнати во понеделникот. Кајмакоски бил последен според распоредот за пробување во понеделникот. Е сега, од секоја проба, на официјалниот канал на Евровизија на YouTube се објавуваат видеа од сите проби, како и од бекстејџ и останати работи. На видеото од пробата на Даниел во дескрипшн било напишано:
Daniel Kajmakoski will represent Estonia at the 60th Eurovision Song Contest.
Но, подоцна грешката е поправена па сега си пишува Македонија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
хмм...ај сеа да виам кој е ЗАААА!!!!???
MAN-PLAKAT-e1431614640287.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and violetmoon

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
СДК Мојата братучетка, која иначе има тринаесет години, гледа фотки од мојот фб укл. Наеднаш застанува до една слика од моја школска на која на вратот има шљивка и во коментар напишала Последица од саканата личност. Коментарот на братучетка ми онака видно потресена:
-Леле види колку е жално бе, дечко и ја тепал...
:rofl

Иначе самошто гледав слики од полуматура кај едно комшивче, незнаете колку ми е мило што сеуште постојат деца кои се облекуваат едноставно а симпатично. Посебно ми се допадна тоа што од девојчињата само една носеше штикли и така малку со поразголено деколте, другите сите беа онака фенси како за на прошетка у парк :cool: Добро, може не за на прошетка у парк, ама барем им личи на своите години (мислам дека не се изразив најдобро, ама чувствувам разбравте што сакам да кажам). Баш ми е мило што сеуште постоеле нормални деца кои не се прават со сила возрасни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
По (не)вероисповест се декларирам како атеист, но реченицава морам да ја склопам со некаква теистичка содржина:
Боже чувај ме од пријатели кои се претворени во вампири кои ти се закачуваат за врат буквално секогаш кога се приклучуваш на социјалните мрежи и кои немаат ама апсолутна никаква друга агенда освен да ти ја полнат главата со негативна енергија. Мислам дај, разбирам праиме муабет за едно нешто, но не мора за истото да збориме секој е**н ден. Дека состојбата е таква каква е, таква е. Но фактот дека си ебано претерано мрзлив дури и да направиш мала промена кај себе е непобитен. Па уште и бујната машта и 100те сменети работни места те прават патолошки лажго дека уште толку си неспособен да мрднеш од својата зона на комфор. Мислам, да ја имав таа бујна машта, секако до сеа ако не ќе пишував некои колумни/текстови/раскази а не да седев дома и да кукав за едно-те-исто буквално секој ден и тоа на другарчињата. ПА секако на крај краева си останал без пријател. Пошо реално ни самиот не се цениш.
Каде бре успеав да враќам стари пријателства, ни самиот не знам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Пак на македонските медиуми им е поевтино да откупат и да не трујат со српско,турско и индиско срање отколку да потрошат некој денар на продукција !