Бев на саем и јас и не сум нешто задоволен. Ептен мал избор на книги, барем онаков тип на книги каков што јас си читам. Покрај тоа, многу ме изнервира тоа што малечкиве немаат никакво чувство за почит. Наставничката им довикнува Ајде двајца по двајца, едно момче ја имитираа Ајде шесторујца по шесторујца
Две девојчиња прават селфи, на околу дванаесетина година, уште цицаат млеко од мајка им, они со извиткани коси, триста кила спрејови на косата, им свети си мислиш новогодишна елка, шминка на нив што да ви зборам, и наставничката му вика на едното Ајде Ана не го испуштај редот, и неколку пати така ја опомена се додека девојчево, верувале или не, и врати со
Леле бе наставничке ама замарате! Јас искрено, да и го кажев тоа на некоја од моите наставнички, најверојатно ќе добиев една врела шлаканица. И како да е малку тоа, истите тие подоцна ги слушам на влез како зборуват:
-Абе кај се задржаа овие?
-Кои ма? -Наставничките.
-Си купуват книга човеците бре, олади. (следи понижителна смеа, како да не е тоа кул or something)
Доаѓа едно девојче со некое флаерче и оваа едната (најверојатно drama queen) и го зема и оваа ја моли да и го врати.
-Аман бе, ти тука за книги ли дојде?
-А за што дојде ти тука?-ја прашува една од нејзината дружина.
-За саемот сигурно не.
-повторно громогласна смеа-