Не сакам да бидам личност што цмиздри, но СДК што ми лежи на умот. Е***е малерот, е***е. Таман помислив работите тргнаа во нагорна линија и испадна дека само се залажував. Работев 3 месеци и пред недела дена добив една единствена плата. Послдните 2 недели ме залажуваа дека ќе ме вработат со се стаж и за речиси 3 пати поголема плата (од тоа за што работев овие 3 месеци) и вчера излезе вистината на виделина. Нема место, евентуално (со многу мали шанси) како волонтер на 6 месеци. И после некој нека ми соли памет дека се се можело да се постигне, само ако се сака и се работи. Па еве, работев, се трудев, вложив време, се што требаше да се сработи го сработив, со сите бев во добри односи,... и што? Ништо. Таа утеха дека се се може ако се сака е само една обична илузија. Барем тука во нашава држава.