Русија ја нападна Украина

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Шизото пуштено на најјако, шо најјако, на оверддрајв е веќе ова, хунза северен фиромец не знае дека Русија историски била дно према нив, а и денес во било каков проблем меѓу комшии, руси ќе се стават на страна на 1.Србија 2.Грција 3.Бугарија, секогаш и секаде. Едино Албанија и Косово не, но тоа и не е битно.

Има ептен језиви снимки по нет, имаше заробени руски војници - регрути, значи од оние за кои жалат генерации растени во титово време, кажуваат ги собрале за на вежба не им кажувале ништо и така со недели без контакт со фамилија однесени на граница, и нагло од вежба во инвазија, па така денешно време потешко е да прелажеш некој, се предаваат масовно, оставаат опрема или ја спалуваат и бегаат, дезертери на сите страни, плановите да ја скршат Украина во блицкриг пропаднаа уште првите денови кога специјалците не успеаа да остварат целите.

Лудакот во Кремљ се заканувал на Финска и Шведска пошто праќале оружје за Украина преку Полска, нема кој да му каже дека со Шведска немаат копнена граница, што ќе и прави на Шведска, каков бот.

Фиромјани некаде 90% се за bracata rusi nas narot je tova se krstat so triprsti kirilica mije im dadofme до таква бизарна мера што е тешко да се поверува.
 
  • Sad
Реакции: Electra

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
А зошто мислите дека Украинците (Украинската власт) се толку невини?
Нешто да кажете пример за Украинската власт што наредила да гранитира Руска градинка во Украина? И тие биле дечиња, невини, ги однесле родителите на градинка, најнормален вообичаен ден и следниот миг веќе ги нема. Или еве можеби за сите жртви што се изразиле како Руси и секундарно биле убиени? Си одиш денес до продавница, да си купиш нешто за јадење, ти го пресекува патот еден "батка" и те прашува, ти што си: Русин или Украинец? Нормално си викаш Русин, и бам куршум во глава. Во секундата те има, во другата веќе не.
Но пошто ова се случувало на Украинската територија, па може им е дозволено што знам, нели дома што сакаш ќе си правиш, демократска, слободна држава си е тоа. Нема заебавање, каков комунизам, глупости, некој да ни диктира и наредува да не се убиваме, а ете денес ни се убива се што е поразлично од нас.

Може сум малку саркастична извинете, Ве почитувам многу, ама немојте одма да осудувате, видете ја и едната и другата страна, сигурно Путин не станал едно сабајле и си рекол: Што ли да правам денес, каква беља да направам, па цеел свет само за мене да зборува... а да ќе си почнам војна, малце да ги разгибам браќата мои соседи.

Најлошо од целава ситуација е што ние не сме далеку од Украинско сценарио.

И само уште ова, пробајте да дознаете едно породилно отсуство во една комунистичка, затуцана, заостаната Русија колку трае?
Ако не се лажам 3 години е.
А кај нас, како слободна, демократска, натовска, на пат за европска земја? -10 месеци.
Срам да му е на Путин искрено, 3 години ги лишува жените од работа, ги тера дома да седат и да се грижат за своите бебиња, им плаќа стаж, породилно се, ама џабе, диктатор си е.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur

Па и не баш. Може било кој родител или старател 3 години да аплицира да отсуствува од работа за да го чува детето, а државата може да плати до година и пол од тоа, што не е лошо, ама не се смета за породилно, друга категорија беше, нешто ко детска нега/грижа и си бара исполнување други услови.
Од државата породилно платено им е околу 16 недели само, после е нивен избор што ќе прават.
Нејсе, дури и 30 години да е, не го мие тоа Путин за нападов.

Не знам од кај се информираш, ама внимавај на вестите од што линкови идат. Има многу проруски и проукраински ботови со пропаганди по интернет. Нема никаде дека Украинците нападнале руска градинка кај нив (зошто и би постоела градинка строго за руски деца...), исто ко што и Украинците ги пумпаат броевите кога станува збор за тоа колку руски војници загинале (испадна пола војска им ја убиле, нема врска), колку летала собориле, итн.
Русија многу време тера пропаганда дека Украинците се нацисти и убивале Руси на нивната територија од 2014 навака. Тоа не значи дека ги нема тие нацистички групи што се проблематични, туку дека ја убедува јавноста дека целата украинска влада е свртена да направи геноцид врз Русите.
На ТВ е забрането да се врти било што освен таа пропаганда. Пред недела дена ја исклучиле и последната независна телевизија од етер.
Моиве еве тоа го споредуваат со времето на Тито, кога се вртеле мање-више исти ствари (али тоа е, комунизам) на двата канали што ги дозволувала владата, па и на денешно време нашиве медиуми не се нешто многу независни, а посебно не беа во времето на пастирот. Секоја земја во одреден дел од историјата си го има тој психо што мисли дека е посебен и сака да остане запаметен.

За вакви ствари ми се допаѓа Vox пошто објаснуваат на народен јазик и со вметнати статии во статии.
Секако, дури и нивното треба да се зема со резерва пошто сепак повеќе влечат кон демократската страна, но имаат доста независни новинари што пишуваат (и плаќаат да бидат објавени) одделно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не би се согласила со тебе @Electra
Еве да ги тргнеме сите вести и информации на страна.
Кога гледа Зелински дека му го убиваат народот, зошто им вика на цивилите да одат да се борат. Имаат една од посилните војски, зарем цивилите треба да војуваат?
Еден претседател на држава кој што барем малку му е грижа за неговиот народ, нема да го бутка во оган, и после да плаче дека му убивале цивили.

И за ова да се разбере не требаат ни линкови, ни вести ни информации, доволно е само да се слушне што зборува.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Те разбирам @escape, ама и војниците се само цивили во униформи, огромен дел од нив се со скоро никаков тренинг и затоа гинат ко од шала. Жално, но вистинито. Се покажа само дека ни Н од најсилна војска немаат, а тоа Путин го иритира страшно и удира по цивилно население, се заканува со нуклеарки и што не.
Башка, зар во неговата војска нема(ше) премногу едвај 18-19 годишни деца кои гордо ги покажуваа како ќе оделе толку млади да се борат за Русија т.е. нејзините интереси? Баш затоа не може да тргнеме настрана линкови и видеа и да се водиме по емоции. Ги гледав децата што ги снимаа за руските телевизии, што се вика само што се тргнале од мајчино млеко, идат одма на крв.
Самите се снимаат за ТикТок со тенковите како одат во војна, побогу - за Тик Ток... Не го ни разбираат концептот и со какви последици ќе излезат од оваа „специјална воена операција“.

Апсолутно се сложувам дека е сосема нехумано, непромислено и идиотски, да не речам, народот да го тераш да гаѓа со Молотов коктели или да зема пушки и да се бори против окупаторот, но Зеленски не почна прв. Не испрати тој прв туѓи деца да гинат на туѓа почва за негови идеали. И додека нема оправдување за крвопролевањето од двете страни, ако се водиме по емоции, повеќе ќе се наклонам кон оние што се борат во одбрана за своето отколку овие што нападнаа туѓо со бесмислени изговори за загрозена безбедност.
Општо, нема оправдување за војна од ваков калибар во 21-ви век.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А зошто мислите дека Украинците (Украинската власт) се толку невини?
Нешто да кажете пример за Украинската власт што наредила да гранитира Руска градинка во Украина? И тие биле дечиња, невини, ги однесле родителите на градинка, најнормален вообичаен ден и следниот миг веќе ги нема. Или еве можеби за сите жртви што се изразиле како Руси и секундарно биле убиени? Си одиш денес до продавница, да си купиш нешто за јадење, ти го пресекува патот еден "батка" и те прашува, ти што си: Русин или Украинец? Нормално си викаш Русин, и бам куршум во глава. Во секундата те има, во другата веќе не.
Но пошто ова се случувало на Украинската територија, па може им е дозволено што знам, нели дома што сакаш ќе си правиш, демократска, слободна држава си е тоа. Нема заебавање, каков комунизам, глупости, некој да ни диктира и наредува да не се убиваме, а ете денес ни се убива се што е поразлично од нас.

Може сум малку саркастична извинете, Ве почитувам многу, ама немојте одма да осудувате, видете ја и едната и другата страна, сигурно Путин не станал едно сабајле и си рекол: Што ли да правам денес, каква беља да направам, па цеел свет само за мене да зборува... а да ќе си почнам војна, малце да ги разгибам браќата мои соседи.

Најлошо од целава ситуација е што ние не сме далеку од Украинско сценарио.

И само уште ова, пробајте да дознаете едно породилно отсуство во една комунистичка, затуцана, заостаната Русија колку трае?
Ако не се лажам 3 години е.
А кај нас, како слободна, демократска, натовска, на пат за европска земја? -10 месеци.
Срам да му е на Путин искрено, 3 години ги лишува жените од работа, ги тера дома да седат и да се грижат за своите бебиња, им плаќа стаж, породилно се, ама џабе, диктатор си е.

Сепак треба поголемо знаење од историјата и особено војната како феномен за да се има став кон оваа војна.
Приказните за јадните руси кои чекале да бидат спасени од гнасните украинци се само приказни, познати и во 1938 и во 1991, особено што 90-те беа речиси вчера.
Русија 2014 насилно анектираше дел од суверена, независна земја која што од истата таа Русија беше ПРИЗНАТА како таква.
Истата година, две енлкави каде што руското малцинство било побројно од домицилното, руисте си прогласиле некакви држави, Доњљцк и Луганск.
Исто како што русите правеа во Грузија со Абхазија и Осетија, исто како во Молдавија со Транснистрија, исто како што се обидоа во Латвија, исто како српските Република Српска и Крајина во 90-те.
Значи сите потези на руската власт се истоветни на она што го правеле самите тие со децении, и она што други го правеле пред нив.
Не може бре русите да се јадни и напатени секаде, Грузија, Модлавија, Латвија, Литванија, Естонија, Украина.
Тоа што никој не ги сака русите е друго прашање, на кое одговор лежи меѓу самите руси кои не сакаат да го научат ниту јазикот на матичната држава, ствараат сецесионистички групи, не ги почитуваат локалните закони, обичаи и култури. Како шкиптарите, само без испакнати заби.
Друго е што Украина била геноцидирана во 1930-38 во периодот познат како Холодомор кога од глад, болести и куршуми умираат околу 7,3 милиони раја. Украина била 500+ години под руска окупација, 1992-2014 имаа проруска власт и тогаш во 2014 кога украинска раја започна да гледа на запад и западниот начин на живот како алтернатива на бидувањето руска марионета, одненадеж русите се сетија дека биле нејаки и потлачени. Мош мислит.
Што добија украинците од бидување под Русија толку време?

Оваа инвазија е класична завојувачка војна со класичен casus beli кој е толку провиден и ефтин што ми е срам да пишувам за него, попатно руските војски и нивниот башибозук, имено 10К+ чеченски муџахедини кои Путин ги стави во првите редови (како ова го оправдуваат хунзи и фиромјани би било интересно), веќе прават зулуми, има куп видеа на кои се гледа како руски тенкови гаѓаат стамбени блокови, настрана што истите биле гаѓани од балистички ракети цело време.
Агресијата не се разликува од било која агресија било кога, од почеток на светот до денес.

А тоа какви узлови имале во Русија, знаеш дека минималец кај нив е 140 евра? Па во Фиром е скоро дупло повисок, туѓ срам ме изеде коа видов и тоа на ТАСС не на некој пропаганден сајт, значи официјално.
На тие ресурси и услови, луѓето да имаат толку низок стандард е језиво и зборува за крајната некадарност на власта.
Не може да се оправдува агресија со тоа како живеат луѓето некаде, ако Америте имаат висок стандард и возат коли од 16 години, тоа значи дека агресијата врз Ирак 2003 беше ок? Секако дека не. нели?

Инаку на сајтов се документирани сите загуби кои е можно да бидат верификувани со фото или видео докази.
Загубите на Украина се сериозни, но руските се стравични, цели спалени колони, кој срам и блам. Ете три недели го немаат опколено Киев иако Лукашенко им ја отстапи цела Беларус како база од која патот до Киев е околу 100км.
Има многу што да се каже од воен аспект ама ќе биде досадно па така... :)
 
  • Ми се допаѓа
  • Love
Реакции: Saladin and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur

Апсолутно мајмунот треба да оди во Хаг и таму да си го пукне тоа капсулчето цијанид (или пред тоа, пошто е пизда) и да се спаси човештвото уште од еден Шитлер.
Гледав видео сабајле од Буча и ако барем пола од тие загинати се навистина загинати т.е. за секој загинат цивил во кој е намерно пукано, е за најстроги казни.
Велам „ако барем пола“ пошто мора да сме реални и спремни на тоа дека и Украина тера своја пропаганда и секако постои можноста да го преувеличува бројот на загинати цивили пошто некои и личат премногу свежи, ко да само што легнале на улица, без капка крв околу нив... ама па која сум јас да донесувам заклучоци што е вистина, а што не.
Фактот е дека има војна во 2022 и секако гинат луѓе и се рушат домови ради делузиите на стар лудак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider