Еве вака сега:
Примерот за дадилката го знам, ама нема што да се прави.
Динамиката е таква. Едниот ако не работи, а ако другиот нема директорска плата детето ќе умира за јадење - во буквална смисла.
Затоа што само памперс - бекутан и марамици се колку пола плата.
Е сега кога веќе едниот не работи, е дома, не оправдувам фрлање на децата кај бабата.
Ама размисли дека на бабите и дедовците внуците им се раска во око, секако дека треба да се остави бебето / детето малку и кај нив.
Тоа не е негрижа - од моја гледна точка не е.
Се’ додека детето има прегратка од мајката и татко то, се додека црнчат за да биде тоа задоволено, се’ додека е ислушувано кога и да треба - не е негрижа.
И викаш си против за оставање со дадилки:
Ајде кажи ми што да направам јас идната година. Мајка немам, таа исто нема. Нема на кого да ги оставаме децата, јас од 1 напладне до крај 3-4 морам да сум излезен, таа ќе биде во Скопје на факс. На кого да ги оставам децата? На комшиите? Или да земам дадилка?
- земи во предвид дека машкото не може да поднесе во градинка, плаче и сака дома.
Епа кога веќе се нема доволно средства,а потребните работи за детето се како што велиш пола плата,тогаш мислам дека не би имало потреба од луксузирање. Наместо памперс од 50 денари,ќе се купи памперс од 20 денари(незнам како идат цените ама сакам да кажам наместо најскапиот,купи го најефтиниот) Наместо влажни марамици,детето може да се измие со топла вода и сапунче(да речеме од 20 денари,наместо марамиците од 100денари).
Јасно е дека на бабите и дедовците внучињата им се мили,дури помили и од своите деца,но и тие сакаат некогаш одмор.
Имам пример со блиска роднина,која што бебенцето (9 месеци) секое сабајле пред да оди на работа во 7:30,го остава детето кај мајка и а го зима кога се враќа од работа во 14h. Му го посветува целото свое внимание откако ќе си дојде од работа,немам што да кажам за неа.Таткото оди на работа на смени па кога ќе се погоди 2 смена си го чува тој сам. Меѓутоа во случајов е малку потешко за бабата,бидејќи детето е веќе будно(а да би било дома би продолжило да си спие)а заради возраста во која сега се наоѓа, таа уште во 7 саат сабајле треба да биде расположена за да си игра со детето,да го држи за рачиња додека тоа сака да оди и нон стоп да му обрнува внимание,а со тоа запоставувајќи си ги домашните обврски,не може на раат ниту да исчисти по дома,ниту леб да замеси,ручек да направи..освен кога детето спие. Но,не се жали,внуче и е и ќе си го чува,кога нема кој.
Но имам уште еден пример,кој мене ми личи на родителска негрижа. Бев на гости кај другарка,бебенцето имаше 4-5 месеци,температурата во собата едвај да беше 15-16 степени. На нас возрасните ни беше ладно,седевме со капути одреден период,а да не зборам на малото колку му било ладно. Она вика дека детето било научено на таква температура,немало гајле бебињата имале повисока телесна температура од нас возрасните,можеле да трпат ладно.

Друг пример,со истава мајка, му давала чоколадо и мармалад на бебе од 4 месеци...Не сум мајка,може и немам којзнае колку познавање околу исхраната за деца,но знам дека чоколадо не се дава на бебе до 1 годинка...и го кажуваме тоа,само се насмеа.
И уште еден пример, мајката и таткото невработени,имаат некој семеен бизнис плус таткото разнесува домашно млеко по станови.
Бебето едвај 40 дена дали имаше тогаш,кога мајката реши да се прошета со таткото додека он разнесуваше млеко,а бебето го остави на бабата. И тоа не еден ден,се случуваше неколку дена по ред истото. И наместо да цица,детето пиеше вештачко млеко,затоа што на мајката и текнало да прошета. Истата мајка , кога детето имаше 3-4 месеци отиде на гости 2-3 дена во друг град,кај мајка и. Е тоа јас го сметам за родителска не грижа.
Не е родителска не грижа,ако родителите одат на работа,а го остават детото кај баба на гости
