Родителска негрижа

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
-Која е состојбата што би оправдала родител со такво однесување?
-Никој не знае,ама очигледно тој што ја поставил темата знае,затоа и ја отворил. Темата е за родителска негрижа,не за Ајде да погодиме дали родителот го гледа детето доволно или не :)
Значи тука се дискутира околу таквите ситуации.
Која е состојбата што би оправдала родител со такво однесување?
- знам родител што неколку години по раѓањето дозна дека жена му имала љубовник, ДНК не направи, ама од тогаш не сака да го види детото. До некаде си викам што е криво детето, треба да го сака, како може да не го гушне кога се плаши навечер во сон. А од друга страна ги гледам дечињата мои и си викам „Што ако некако дознам дека не се мои?“ - не знам на какво однесување би бил способен.

За негрижа за детето јас оправдувам како што погоре кажаа, тепање, малтретирање, силување, недозволување да излегува надвор со своите врсници, правење тортура да јаде работи што не ги сака само затоа што се зготвени на ручек. - Е тоа е негрижа.
А не е негрижа ако седне човекот да изгледа еден филм да го пушти мозокот на пасење после напорен работен ден, па после да се посвети - или пак сабајлето.
Некој ќе рече „ќе се опуштиш со нив“
Тој некој не знае колку знаат да бидат малечките напорни кога ќе им фалиш цел ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31

Па за тепање,силување,недозволување да излегува и сето тоа,јас не би го нарекол негрижа,тоа е грижа на еден болен,ретардиран начин. Негрижа е кога навистина не те тангира што прави твоето дете.
Инаку,проблемот со љубовниког е проблем меѓу него и жена му,ако не е способен да го сака детето,секој по свој пат и готово,зошто заради нивни лични проблеми да страдаат децата?
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418

мене сеуште ми се чини дека ги мешате поимите
демек ако после 8 часа на работа, се вратам дома скапана уморна, направам за јадење и легнам да одморам, а после седнам да гледам тв, значи дека не ме тангира што прави детето?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Па за тепање,силување,недозволување да излегува и сето тоа,јас не би го нарекол негрижа,тоа е грижа на еден болен,ретардиран начин. Негрижа е кога навистина не те тангира што прави твоето дете.
Инаку,проблемот со љубовниког е проблем меѓу него и жена му,ако не е способен да го сака детето,секој по свој пат и готово,зошто заради нивни лични проблеми да страдаат децата?
Види... јас во една друга тема се изразив дека би се развел веднаш ако дознам дека сум изневерен. Ама од кај да ги знам туѓите идеали, замисли желби? Можеби се заедно од друга причина што не е љубов. Како и да е, ни јас ни ти ни никој не сме тука за да судиме.
Родителска негрижа е ако некој го прави тоа што претходно го презентирав. И таква родителска негрижа е казнлива со закон.
А ако дојдеш папсан уморен, и ако сакаш барем 20 минути мир, не, не е казнливо со закон.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
пред да одам да си легнам, едно саат и пол да одморам малку, да ви раскажам нешто
син ми е проблематичен за јадење, не јади ова, не јади она, секој ден е иста приказна
сме пробале секако, со убедување, со објаснување, со молење, со карање, со арно, со строго, буквално сѐ освен да земам на сила да му пикам јадење во уста.
дури и сум барала совети од матичната докторка како да го научам да јаде сѐ.
ама џабе, детето си е такво и тоа е тоа.
и нормално, се случувало ноќе, околу полноќ да е гладен и да ме тера да му наместам за јадење.
и уште понормално, ќе му наместев, ќе јадеше и ќе си легнеше.
Арно ама му премина тоа во навика. И еднаш пресеков. Реков ќе јадеш кога јадеме сите, тоа што сум зготвила, тоа има, друго нема. Ми се налути, го грабна телефонот и се јави кај свекрва ми. Ѝ вели - Бабооо, овие не ми даваат да јадаааам.
И ај сега?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
мене сеуште ми се чини дека ги мешате поимите
демек ако после 8 часа на работа, се вратам дома скапана уморна, направам за јадење и легнам да одморам, а после седнам да гледам тв, значи дека не ме тангира што прави детето?
Ама ти пак не го прочита воведот на темата?
Идеме вака:
Родителот е по сабајлечки на работа,детето седи со баба и дедо веројатно.
Едниот родител работи 8,а другиот 12 часа.
Се враќаат дома,одмараат,и по одморот седнуваат да гледаат серии,3 часа.
После тоа си легнуваат.
Каде е тука гледањето со детето?
И дали би било право тие родители утре,кога детето ќе им порасне да се лутат затоа што нивниот авторитет не игра АПСОЛУТНО НИКАКВА улога кај нивниот син/ќерка? Што правиме тогаш,кој е крив?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ама ти пак не го прочита воведот на темата?
Идеме вака:
Родителот е по сабајлечки на работа,детето седи со баба и дедо веројатно.
Едниот родител работи 8,а другиот 12 часа.
Се враќаат дома,одмараат,и по одморот седнуваат да гледаат серии,3 часа.
После тоа си легнуваат.
Каде е тука гледањето со детето?
И дали би било право тие родители утре,кога детето ќе им порасне да се лутат затоа што нивниот авторитет не игра АПСОЛУТНО НИКАКВА улога кај нивниот син/ќерка? Што правиме тогаш,кој е крив?
А дали тоа дете треба да сфати дека тие ЦРНЧАТ за тоа да има пристоен живот.
ЗАТОА ШТО ТАКВО Е ВРЕМЕТО, АКО САКАШ ДА МУ ОБЕЗБЕДИШ СЕ’ НА ДЕТЕТО(А СЕКОЈ НОРМАЛЕН РОДИТЕЛ САКА) има да црнчиш... не по 8 не по 12 некогаш и по 15 часа.
И не себичното дете, ќе знае да го почитува тоа.(тачка)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
А дали тоа дете треба да сфати дека тие ЦРНЧАТ за тоа да има пристоен живот.
ЗАТОА ШТО ТАКВО Е ВРЕМЕТО, АКО САКАШ ДА МУ ОБЕЗБЕДИШ СЕ’ НА ДЕТЕТО(А СЕКОЈ НОРМАЛЕН РОДИТЕЛ САКА) има да црнчиш... не по 8 не по 12 некогаш и по 15 часа.
И не себичното дете, ќе знае да го почитува тоа.(тачка)
Koj пристоен живот,тие со сила го прават материјалист. Дете бре сака да седнеш со него,да му ги разместиш коцките,да си брмчите со количките,да седнете еден цртан филм да изгледате. Што ,со компјутери,скапи играчки и облека ќе му надоместуваат за тоа што дома не се прибираат? И после генерациите иделе у надолна граница,станувале вакви,такви. Не се криви децата за тоа,ама ич не се криви. Криви се родителите што не се свртеле на 5 минути да видат дека ќерката им пребарува по порнографски сајтови зошто ја интересира што е тоа клиторис. Крива е мајката што не седнала да прозбори со ќерката околу тоа. Крив е таткото што не седнал машки разговор со синот,за да не доаѓа малиот на 15 дома со бебе у раце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Хм.
Ова е втор пат да успеете да ме изнервирате кога кажувате некој работи што воопшто не ги знаете.
КАКОВ МАТЕРИЈАЛИСТ БРЕ ДЕТЕ?!
Едно дете треба да има памперс(оти нема ориентација за мочање и какање), треба да има бекутан крема, треба да има влажни марамици, треба да има кашички, треба да има здрава исхрана, И АКО НЕ СЕ ЗААНГАЖИРА РОДИТЕЛОТ ДА НАЈДЕ ПАРИ ЗА ТОА, И АКО СЕ ЗААНГАЖИРА ДА СЕДИ САМО ДОМА КАКВО ДЕТСТВО ЌЕ ИМА ТОА ДЕТЕ????
Тргнува во училиште, немаш пари да му дадеш 10 денари да си купи смоки. Ама седиш и разговараш со него.
Идат екскурзии сите заминуваат тоа не - немаш пари.
ТИ си одлучил да бидеш 24 часа со него, да трубиш, а дали си му ги задоволил основните потреби што ги има како дете - ич не е битно.

Немојте да ми кажувате материјалисти воа ноа. ПАРИТЕ се основа за живот во ова општество. Секако дека треба љубов, треба подршка, треба разбирање, ама ако немаш пари ќе го гледаш сопственото дете со искинати патичиња, нема да можеш даму купиш.

Престанете да кажувате некој работи кои не ги разбирате. Ќе ги разберете кога ќе имате свој деца.
Јас со син ми гледам Ноди, постојано. Со ќерка ми(ради што е уште мала) се галам секогаш на сабајле кога е гола без памерс. А преку денот ги гњавам и двајцата. АМа затоа што работата ми е таква, кажав во погорните постови, можам да седам долго време дома, треба да отидам само во 11 на затворање на вечер, и да прошетам по банки. Ама има родители што нема да можат да го направат тоа, затоа што некој татко работи градежништво коските му се искршени кога иде дома па легнува да одмори малку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ама ти пак не го прочита воведот на темата?
Идеме вака:
Родителот е по сабајлечки на работа,детето седи со баба и дедо веројатно.
Едниот родител работи 8,а другиот 12 часа.
Се враќаат дома,одмараат,и по одморот седнуваат да гледаат серии,3 часа.
После тоа си легнуваат.
Каде е тука гледањето со детето?
И дали би било право тие родители утре,кога детето ќе им порасне да се лутат затоа што нивниот авторитет не игра АПСОЛУТНО НИКАКВА улога кај нивниот син/ќерка? Што правиме тогаш,кој е крив?
го прочитав воведот
и тоа ми е зборување на памет
и целава дискусија ми е нагаѓање и зборување на памет
родителска негрижа е ако воопшто не се појавиш на работа
родителска негрижа е ако додека си на работа детето го оставиш без клуч да талка по улици
родителска негрижа е ако ти одиш да си јадеш во кафана, а детето го оставаш цел ден гладно
родителска негрижа е ако детето воопшто не го пратиш во училиште
ако не го носиш на лекар
ако не го носиш на вакцинирање
и уште куп такви работи
родителска негрижа не е ако детето го оставам кај баба и дедо додека сум на работа
и ако на враќање од работа поминам кај баба и дедо за да си го земам
и ако мртва уморна сепак зготвам за јадење
кога сме сите дома, па дури и кога сум јас на лап топ или па гледам серија, а децата се едниот на компјутер, а другиот на фејсбук, мислиш дека јас не ги гледам шо прават? мислиш дека се разминуваме еден покрај друг без да зборуваме?
зошто ви е толку несфатливо дека родителот може и да гледа серија и да праи муабет со детето?
ене го, моментално син ми е на компјутер, а јас на лап топ
и сега ќе си легнам
ќерка ми е во школо
кога ќе се врати ќе ѝ наместам да јаде и ќе оди да учи
а сепак, се случува чудо
јас знам точно како им поминал денот
и знам кој на кого му е симпатија
и кој со кого се скарал, а по што правел тест и кај кого следно ќе одат на роденден

:D