Јак доказ. И Твајлајт е блокбастер. И Трансформери. Заработувачката не докажува дека филмот е квалитетен, туку докажува дека луѓето најмногу сакаат да гледаат popcorn flicks. Истото важи и за сериите и нивната гледаност. Кои се најгледани серии во регионов?
Кога веќе одиме офтопик, тие не се серии. Тие се сапуници. Најпросто објаснето, разликата помеѓу серија и сапуница е во бројот на епизоди. Серија си има по 60-80 епизоди (во сезона најчесто 12-20), а сапуница по 500-1000 (како на пример Малечката невеста која ја емитуваат веќе 2 години).
Еве ти примери и за американски сапуници:
http://www.imdb.com/title/tt0056758/ http://www.imdb.com/title/tt0092325/ http://www.imdb.com/title/tt0069658/
За џабе ти е споредбата помеѓу Декстер и Сопраниви, кога и двете се серии...
Сега ако сакаш може да продолжиме да дискутираме за темава или да одиме офтопик за турски/индиски срања од сапуници, што им се допаѓаат на луѓево во регионов, нивната гледаност и заработувачка, менталитетот на луѓето и сл.
Во врска со твајлајт и трансформери, во право си, заработувачката не е некој голем доказ за квалитетот, меѓутоа конкретно за Декстер, што е со неговите мисли на крајот на епизодите т.е. монолозите, што е со неговата потреба да убива и неговата дисциплина, организираност, уредност, прецизност, брзина и ефикасност, изолираност од човештвото, но и љубовта кон неговата сестра, децата од Рита и неговиот син, почитта кон неговиот очув? Зар тоа е досадно и предвидливо, кај Декстер како лик?
Во врска со линкот што го остави, ликот на Дебра е така замислен секогаш да плаче и пцуе. Секој со свои карактеристики... Нема потреба светлината на продукцијата да биде потемна, бидејќи како што напоменав погоре ова не е жарн хорор, туку серија за убиец-херој. Без ликот на Хари, серијава не би била ова што е. Тој е еден од клучните ликови, кои што довеле Декстер да е тоа што е (инаку би го снашла истата судбина, како детето што Декстер еднаш го остави да живее, а потоа го повтори убиството и се самоуби... нз како се викаше). А за подприказните, како романсата помеѓу ЛаГуерта и Батиста, Дебра и Линди (за него можеле да најдат помлад актер...) и мене не ми се допаѓаат.
Selene и
Sarah 1 недела мислим дека е премногу, дискусијата запре... 4-5 дена би биле идеални. И имам предлог да се постави анкета кој да биде следниот лик за дискутирање, која би траела додека трае дискусијата за претходниот лик.
Инаку за нареден јас сум за некој од Breaking Bad.