Рецензија на филмски ликови

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ајде и јас да ви промрчам низ темава и тоа баш за Декстер. Не знам со кои зборови да почнам и од кај да почнам.
Декстер - серијата која има голема гледаност, одлична оцена на многу сајтови, а сепак мене не ми е нешто посебно. И дадов шанса, две епизоди изгледав и баш никакви симпатии не ми побуди.
Декстер како лик ми е океј и би го гледал ако е одигран од некој друг, ама самиот Мајкл Си Хол ми е доста антипатична особа и затоа и серијата, а и ликот сам по себе ми е таков. Шта речи, доста психопатски поглед има. Му давам дислајк и на него и на Декстер. :pusi

Со самото тоа што ти е антипатичен и што ти делува психопатски значи дека актерот успешно си ја врши работата:)
Едит, гледам и DarkPassenger истиот одговор го има дадено:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Хари е биолошки татко на Дебра и нели по професија бил цајкан. Тој работел на случајот на биолошката мајка на Декстер и тој го најде Декс во локвата крв и го зема да го чува.

Knife Во право си за погледот, навистина му е психопатски. А и тоа е поентата уствари, што значи успешна му е глумата.

Уште една работа ми се допаѓа поврзано и со серијата и со книгите. Монолозите! Генијални се и имаат посебна атмосфера. Props to the author.
worship.gif
Со самото тоа што ти е антипатичен и што ти делува психопатски значи дека актерот успешно си ја врши работата:)
Едит, гледам и DarkPassenger истиот одговор го има дадено:zelen
Актерот не си ја врши успешно работата ако во секој филм го има тој поглед на психопат, нели?:^)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Актерот не си ја врши успешно работата ако во секој филм го има тој поглед на психопат, нели?:^)

Тогаш совршен актер нашле, 100% да одговара на улогата. :D Патем, збориш за Six Feet Under?
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Тогаш совршен актер нашле, 100% да одговара на улогата. :D Патем, збориш за Six Feet Under?
Во неговата скромна актерска кариера скоро ништо различно нема одиграно очигледно. SFU ја немам гледано, ама го имам гледано филмот Gamer. Иста фаца, емоции, поглед има и таму. :)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Во неговата скромна актерска кариера скоро ништо различно нема одиграно очигледно. SFU ја немам гледано, ама го имам гледано филмот Gamer. Иста фаца, емоции, поглед има и таму. :)

Еј па и ти, улога на негативец, што сакаш. Глеј го The Trouble With Bliss и кажи дали има психопатска фаца. Just a suggestion, не мора навистина да го гледаш, верувам дека не сакаш, штом толку ти е антипатичен глумецот. :zelen
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Отсекогаш ми биле досадни ваквите антихерои, поштуем реализам (The Wire). Морало да има морално оправдување за да и се допадне на публиката, поради тоа и серијата се врти околу сериски убиец што убива лоши луѓе. Кој ќе гледа реалистична серија каде протагонистот само убива невини луѓе за лична сатисфакција, освен јас?

:D

Затоа си ги сакам Sopranos и The Wire, поради репулсивните карактери кои ги има во изобилие, поради тоа што многу подобро е доловена човековата природа. Па Тони Сопрано е далеку покомплексен и подобро разработен лик од Декстер, иако Декстер е далеку поинтелигентен и воедно нереалистичен лик. Всушност, ваквите карактери секогаш се движат по ист шаблон, само што кај Декстер е додаден психопатски елемент што демек го прави уникатен. Ликови кои демек длабоко во себе се добри и секогаш се еден чекор пред другите ми се досадни и предвидливи (со исклучок на Волтер Вајт од оправдани причини). Едвај ја изгледав до 3та сезона и прекинав, плус читав дека понатаму станува ептен досадна, па нема зошто да продолжувам. Мајкл Си Хол го почитувам ради SFU.

Други работи што ме иритираат се објаснети тука - http://www.realjohnson.com/2009/12/um-dexter-kind-ofsucks.html (со исклучок на цицките)
 
Прв болт: не морало. :D Кој како си ја сфаќа и си ја гледа серијата, јас лично во глобала се обидувам да го оправдам. А и не серијата само за тоа, убивањето.
Втор болт: не мора да значи. Зависи, кој како го сфаќа (тоа е поентата, нели).
Трет болт: е ова апла зависи. Мене на пример, сите сезони ми се подеднакво возбудливи и интересни. Прашање на вкус.

П.С. Се изнасмеав на линкот. :rofl Ако Декстер е soup opera... . Е The Sopranos е поблиску до сапуница, но сепак и таа серија ја сакам и ми е една од најдобрите ever.
 
steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Усеин Болт? Не видов никакви контрааргументи за болдовите. Не знам како да реплицирам на - кој како си ја сфаќа, не мора да значи и зависи.

Срамота е да се споредува Сопранови со Декстер и не знам како можеш да кажеш дека баш Сопранови е поблиску до сапуница. Уште се чудам на ова, дај дообјасни. Во одличните серии како The Wire, Breaking Bad, The Sopranos, Six Feet Under има нешто што се вика character development, и тоа е доста добро изведено. Кај Декстер го нема тоа, односно го има но не е добро изведено, затоа и со право е наречена сапуница. Со исклучок на Декстер, другите ликови се еднодимензионални. Секоја сезона е иста, старо-нова приказна што се фокусира на друг негативец, се додава малку лична борба (демек Декстер не сака да биде таков) и пар перипетии за на крај да го надмине сето тоа и да излезе како победник. Тоа е тој шаблон. Предвидливо и досадно.
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Сопранови и Декстер се толку различни серии. Не знам од каде поистоветување, тоа се 2 сосем различни концепти. А целиот концепт на Декстер е тој, дејствието се развива бавно, но сепак Декстер доста напредува како лик, ако на почетокот беше сосема ладнокрвен и незаинтересиран, подоцна почна да чувствува некаква поврзаност за децата, за сестра си. Но во глобала тоа е и идејата на режисерите, дека тој нема да престане да убива и да се смени, па може затоа и изгледа како да е нон стоп едно исто. 4та сезона беше најслаба, 5та така-така, а потоа повторно блесна во стариот сјај.

Следно не знам кој да биде, дали Мајк, Волтер или Џеси од Брејкин Бед, дали да биде некој од The Wire, дали Волтер од Фринџ(за овај не знам како ќе пишувам од смеење:D), дали да биде Шелдон... Евентуално Спартак или Пати од Damages (да не биде само мажи:D)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Усеин Болт? Не видов никакви контрааргументи за болдовите. Не знам како да реплицирам на - кој како си ја сфаќа, не мора да значи и зависи.

Срамота е да се споредува Сопранови со Декстер и не знам како можеш да кажеш дека баш Сопранови е поблиску до сапуница. Уште се чудам на ова, дај дообјасни. Во одличните серии како The Wire, Breaking Bad, The Sopranos, Six Feet Under има нешто што се вика character development, и тоа е доста добро изведено. Кај Декстер го нема тоа, односно го има но не е добро изведено, затоа и со право е наречена сапуница. Со исклучок на Декстер, другите ликови се еднодимензионални. Секоја сезона е иста, старо-нова приказна што се фокусира на друг негативец, се додава малку лична борба (демек Декстер не сака да биде таков) и пар перипетии за на крај да го надмине сето тоа и да излезе како победник. Тоа е тој шаблон. Предвидливо и досадно.

Сопранови е поблиску до сапуница поради ликовите. Многубројни, повеќето фамилија, вечни драми и проблеми поврзани со нив. Да, ги има премногу и поради тоа има простор да се каже дека серијата е пораздлабочена, иначе би било срамота да е спротивното, покрај толку бројните ликови.
Па не би рекла дека сите ликови во серијата Декстер се еднодимензионални. Според мене секој е различен со специфична карактеристика. За тебе не се, досадни ти се. Океј. Патем, после 3та сезона (до каде што си гледал ти) дејствието станува покомплицирано и има повеќе ликови и пресврти. Али капирам, не ти се допаѓа, тоа е твое мислење и така ќе си остане. Различни гледишта имаме и различно делува серијата врз нив. Мене ми е една од најуникатните приказни со најоригиналниот лик.

П.С. Волтер, Волтер.