Рецензија на филмски ликови

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
и така гласаа до недоглед а рецензија немаше!

Се извинувам, денес имам многу обврски, утре ќе стартува темата, денес стварно не можам. И ова што го пишувам на пауза е.
Вечер кога ќе си дојдам, ќе подготвам текст и од утре ќе може веќе да споредуваме. Во ред е?

(flower)(flower)(flower)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Се извинувам, денес имам многу обврски, утре ќе стартува темата, денес стварно не можам. И ова што го пишувам на пауза е.
Вечер кога ќе си дојдам, ќе подготвам текст и од утре ќе може веќе да споредуваме. Во ред е?

(flower)(flower)(flower)

Конечно Selene има да се распишам.
Туку да те прашам дали може да се направи ваква слична тема само со коментирање на серии на пример...
Dexter vs Breaking Bad?
Дали ја подржуваш таа идеја?
Мислам дека ке има и таму добра дискусија. :)
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Од мене предлог за актери Џони Деп, Том Хенкс, а за лик Рене од 'Ало, 'Ало. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Мене оргиналната идеја ми беше да се коментираат филмски ликови, како Декстер, Шелдон од Биг Бенг теори, Мајкл Скофилд, Харви...но не за глумци и за сите нивни филмови. Јас предлагам да се отвори уште една тема, во која што ќе може да се дебатира за сите филмови на одреден глумец. Исто ми се допаѓа предлогот на МериСелест, идејата е супер и мислам дека така со овие 3 теми форумот ќе биде убаво место за секој вљубеник во филмот. Мери, ти си даде предлог, ти би требало да ја отвориш:)

Бидејќи беше спомнат Декстер, ќе почнеме со него. (Декстер е еден од моите омилени ликови патем).
68609.jpg


Глумецот кој го глуми е Мајкл Си Хол. Декстер Морган работи како форензичар во одделот за криминалистика во полицијата во Мајами. Но, Декстер има мрачна тајна, тој е зависен од убивање на луѓе. Желбата му се појавила уште како мал и е нешто што не може да го контролира. Заедно со неговиот татко, тој се учи таа негова потреба да ја задоволува на луѓе што смета дека нивниот живот не вреди. Тоа се убијци, силувачи, со еден збор штетници. Како личен трофеј, чува размаска од нивната крв на стакло, која го потсетува на тоа колку луѓе убил.

Декстер е многу комплексен лик, убиец за едни, херој за други. Мене лично ми е еден од најдобро осмислените ликови, концептуално многу ми се допаѓа, ликот е возбудлив, интересен и несекојдневен. Секако Мајкл го глуми предобро. Гледаш како врши правда на некој начин, гледаш како ги убива лошите ликови, ама никогаш не те тера да заборавиш дека тој е токму тоа, ладнокрвен убиец, кој убива без да трепне. Најмногу ми се допаѓаше во првата сезона, во битката со брат му, а најдобра сцена беше кога имаше шанса да си ја убие сестрата и да ја задоволи неговата потреба, но не го направи тоа, туку го уби брат му затоа што знаеше дека е крвник исто како него. Ликот е доста лукав, не е провиден нималку. Во 4тата сезона го затупија малку, но потоа повторно блесна во стариот сјај.

Бујрум на коментирање:)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Maјкл Ц Хол...
Познат како Декстер..
Ликот е кога си во ситуација да не знаеш дали да го оправдуваш или не...
Јас на некој начин го оправдувам тоа што го прави бидејки на тој начин ги чисти негативците кои полицијата не е толку способна да ги фати.
Врв ми беше...6та сезона само последната епизода...Im a Father a son a serial killer.
Се држи секогаш до кодексот...
неговите монолози,мисли... Совршени....
Тој е совршен како лик...
Штета,ја уништија серијата.
6та сезона беше ептен колапс.
Освен нели?Последната епизода како што спомнав...
Секогаш е врвен во својата работа...
Најдобар е...
Му се восхитувам.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Интелегентен, дисциплиниран, организиран, харизматичен, милосрден.

Станува збор за маж на возраст од 35-41 (зависно од сезона) години, белец. Декстер е навидум едноставен и просечен маж кој секогаш делува смирен, мил и добро расположен. Има стабилна работа во Miami Metro Homicide, каде што и покрај неговото прецизно и незаменливо знаење во областа на крвта, никогаш (не сме виделе) не напредува од неговата позиција.

Во текот на сите 8 години (сезони) живее во истиот апартман кој е минимално уреден и совршено организиран. Повремено живее во куќата на неговата најпрво девојка, потоа жена, но никогаш не се откажува од своето мало станче.

tumblr_lvpfhc5cPN1qcq8vao1_500.png

Има убаво уредена коса и лице и совршена форма на тело. Вежба и внимава на исхраната (уште еден пример за неговата дисциплина) бидејќи мора да биде подготвен да издржи физичка работа (пренесува тела), да трча (да бега, да ја извршува својата работа брзо и ефикасно), да се бори. Неговата секојдневна облека најчесто содржи драп панталони и светла кошула.

michael-c-hall-and-dexter-gallery.jpg

Облеката која ја носи додека убива асоцира на војничка униформа, носи темно зелени панталони со џебови, темно зелена тесна Henley блуза и чизми. Секако и наметка, за да не се извалка. :D

Dexter-costume.jpg

Се на се, Декстер се обидува да се вклопи во околината, но и истовремено да се изолира од истата. Се труди да се вклопи, "blend in" со неговиот обичен и просечен изглед, но воедно (со самиот тој изглед) да не привлече никакво внимание на себе си. Ова го докажува и неговата статична позиција во работата и малиот интимен апартман.

Уште една работа која го подржува горенаведеното е неговата изолација од луѓето. Тој се држи настрана од дружбите помеѓу неговите колеги и најважно од се, настрана од жените и интимните врски. Дури и кога е во врска со Рита, тоа е само дел од неговото преправање и претопување во човештвото. Единствената личност која (на почеток, несвесно) ја сака, почитува и се грижи е неговата сестра (неповрзана на крвна основа) Дебра Морган.

Jennifer+Carpenter.jpg

Не сакам да откривам премногу (во случај ако некој сеуште не ја изгледал целата серија), само ќе кажам дека нивната врска е силна и истрајна, секогаш се подржуваат и си бараат совети меѓусебно. Тие се единственото семејство што си го имаат еден на друг. Секако, истата грижа и почит Декстер ги има за својот покоен татко, кој му се јавува како свест и спомен и со неговата појава, тој разговара и се посоветува.

Во многу наврати, Декстер кажува дека тој е емоционално изолиран од светот и човештвото и дека нема совест. Сепак, во многу моменти после одредени постапки, сфаќа/ме дека во него постои по некое чувство и емоција. На пример, Декстер ги сака децата и секогаш е емотивно допрен, кога неговите жртви повредиле деца. Тој се грижи за децата на Рита, Коди и Астор и секогаш е присутен во нивниот дом. Со тек на време, станува нивен очув и учествува во разни семејни моменти.

family.jpg

Секако, најважното нешто во неговиот живот е син му Харисон. Во многу моменти, Декстер се запрашува дали е способен да биде нечиј родител и дали тоа е добра идеја. Тој знае дека не сака неговиот син да биде како него и се труди да му овозможи нормален живот (гледаш, свест и чувства!). Но, дали малиот Харисон ќе ја развие истата потреба да убива земајќи во предвид дека и на него му се случи истата ужасна траума, неговата мајка беше убиена пред неговите очи и тој беше најден утопен во нејзината крв, исто како Декстер кога бил мал.

Главната причина поради која Декстер ја има потребата да убива, е токму таа која ја споменав погоре. Кога бил малечок, тој бил сведок на убиството на мајка му која била раскасапена пред негови очи и тој бил оставен на немилост во нејзината локва крв. Ваквиот ужасен настан го променил и му создал потреба да убива. За среќа, неговиот очув Хари ја забележува таа несекојдневна потреба уште во раните години на Декстер и започнува да го учи на кодексот и да ја насочува и испразнува потребата врз оние виновните злосторници и да ја носи заслужената правда.

dexter_410_02493.jpg

Како што кажав, потребата на Декстер да убива е силна и единствено ја снемува, моментално, само преку убивање. Тука се јавувам ЈАС. :zelen Dark Passenger, неговиот темен патник го задоволува само преку убивање. Тој е оној кој го тера да убива.


Декстер Морган поради ужасна траума во неговите рани години од детството е приморан да живее живот каде што против негова воља (во принцип) тој убива други луѓе. Кога би можел да избере, би избрал живот каде што нема да ја чувствува вечната потреба да убива. Но, бидејќи реалноста е таа, тој со помош на неговиот очув со тек на времето, се адаптира на својата потреба и наоѓа начин како да ја задоволува. Потребата е тука, постои. Прашањето е, кое е најдоброто решение за да се задоволи со најмалку направена штета (реално гледано)? Одговорот е, кога веќе мора да убива, нека убива злосторници кои скратиле нечиј невин живот и кои повредуваат/ле други луѓе. Да, го оправдувам целосно. Според мене, некои луѓе не требале да се родат. Затоа, би било супер дури и во реален живот кога би постоел Декстер Морган. Потребен е некој кој би ја задоволувал правдата на помалку среќните и кој би му помогнал и би го направивил посигурен светот така што би ги тргнал оние кои повредуваат. Сочувствувам со неговата траума кој тој не ја заслужил во детството. Сочувствувам со неговата силна потреба и опсесија. Сочувствувам со неговиот труд да биде скриен и изолиран од општеството. Декстер Морган не е чудовиште. Тој е супермен.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
DarkPassenger се наежив читајки го твојот пост.
Комплетно опишано.
Само не ми е јасно...
Ако Деб и Декс не се брат и сестра по крв...
Кој е таткото на Деб кој е на Декс?
Декс е посвоен нели?
Инаку чекам мислење и од warr забележав дека ја следи серијата.
И Aristokrat
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Ајде и јас да ви промрчам низ темава и тоа баш за Декстер. Не знам со кои зборови да почнам и од кај да почнам.
Декстер - серијата која има голема гледаност, одлична оцена на многу сајтови, а сепак мене не ми е нешто посебно. И дадов шанса, две епизоди изгледав и баш никакви симпатии не ми побуди.
Декстер како лик ми е океј и би го гледал ако е одигран од некој друг, ама самиот Мајкл Си Хол ми е доста антипатична особа и затоа и серијата, а и ликот сам по себе ми е таков. Шта речи, доста психопатски поглед има. Му давам дислајк и на него и на Декстер. :pusi
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Само не ми е јасно...
Ако Деб и Декс не се брат и сестра по крв...
Кој е таткото на Деб кој е на Декс?
Декс е посвоен нели?

Хари е биолошки татко на Дебра и нели по професија бил цајкан. Тој работел на случајот на биолошката мајка на Декстер и тој го најде Декс во локвата крв и го зема да го чува.

Knife Во право си за погледот, навистина му е психопатски. А и тоа е поентата уствари, што значи успешна му е глумата.

Уште една работа ми се допаѓа поврзано и со серијата и со книгите. Монолозите! Генијални се и имаат посебна атмосфера. Props to the author.
worship.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene