Па што знам, му идам со моторна пила во едната и смачкан глушец во другата рака (ради поголема драма) пред врата.
А ако ептен сакам да го изнервирам, му пеам нешто од репертоар на Џастин Бибер Фивер на увце
Раскинувањето и понатамошните дејствија зависат од многу фактори, а најглавниот е причината поради која сте дошле до дереџе за збогум.
Јас уствари сум смирен тип и мојот адут, мојот смртоносен удар е иронијата и мојата смирена фаца, ако во мислите најверојатно му ги вадам цревата и играм Ој шоте шоте на неговиот гроб ( црн хумор-лајк)
Тоа ако ме изнервирал он, а ако едноставно не оди...не оди. Се разделуваме, ако се има прилика за некогаш кафенце арно, ако не уште поарно.
Ама мојот крај е навистина крај...потпишан со мур на Сатаната
...Кога ќе се каже тоа, нема назад.