Дали беше БАНГАРАНГА или АБРАКАДАБРА, ама младата
бугарска пеачка убаво им забаи на европјаните и си ја однесе
победата од Евросонг дома.
Нормално (а што друго би очекувале од сосед), мене лично
јанsа ме изеде зошто баш бугарите да победат, а уште
повеќе ме погоди откако цело сабајле морам да ги слушам
моите внуки како пеат БАНГАРАНГА, БАНГАРАГА...
Што знаат децата за говорот на омраза од времето на
комунизмот, или пак за сајбер мешањето од страна на
една велесила при гласањето.
Но, бидејќи понекогаш и на „непријателот“ треба да му се
честита, овојпат морам да признаам дека победата беше
целосно заслужена, а на младата пеачка да и упатам
честитки за првото место и и ’посакувам долга и успешна
музичка кариера.
Бугарија има со кого да се гордее.
ПС
Следната година чекајте не и нас во Софија, ако се заинати
Господ.