Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Заради загубената меморија,
Евреите треба да се вратат во Аушвиц со тетоважа,
и преку жиците да погледнат на Газа.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Власта и опозицијата ја изгласаа собраниската предизборна Декларација:
кој повеќе ќе лаже на избори, ќе може повеќе и да краде.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Ние не сме мал народ, ние сме ситнеж.

Полицајци и млади со маски на лицето.
Убав карневалски собир на татковци и синови да не се протести.

Власта успешно се бори со криминалот.
Навреме ги открива виновниците да го скрие срамот од своите.

За стекнување лично искуство, нашите политичари учат фаќање магла.

Со партиското вработување одат и партиски одврзани раце – од полициски лисици.

Со натовскиот предлог, Балканското буре барут се надополни
со уште пет проценти експлозив во главите на лидерите.

Нашето наследство е од дедо, прадедо...,
па дури и од пра-пра старечки дом.

Политичарите треба да крадат до трето колено.
После доаѓаат четврти па петти, и така натаму братучеди.

Нашиот репрезентативен спорт покажува слаби резултати.
Овдешните тренери не се способни да водат големи тимови

„Почитувани гледачи, нашата програма со лажни вести ќе ја
надополниме со прикаски од илјада и една ноќ
за да можеме да продолжиме утре“

-Сакате црни или бел леб ? – праша келнерот.
-Ти личам јас на црнец или белец ? – праша Кинезот.

-Сакате кафе со шеќер или без шеќер – праша адвокатот.
-Да ја ублажиме работата – одговори клиентот.

„Без мака има наука“ во иднина ќе стане без помака.
Наместо купи си диплома, купи си вештачка интелигенција.

Во еден афоризам ја собрав цела држава.
Толку е речита.

Со грешките не се игра оро.
Тие се македонски изум во седум осмински такт.

Абе какви странски центри !?
к*р ми е двор ми е, ќе фрлам ѓубре и ќе палам каде сакам
и кога сакам.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ СЕ ТОА ЕБАТЕ, АМИ ШО...

Нашата традиција и покрај богатото наследство, не секогаш ни оставала
дела со трајна употребна вредност. Во денешно време, од практични
причини, дел од овие културолошко-архитектонски градби треба
да се реконструираат.
Претстојните локални избори се токму можност за тоа.
Еве да речеме во Битола. Заради тесните улички од давнина, денес градот
се соочува со невиден сообраќаен хаос. Но, само летимичен поглед врз
соседниот град, Прилеп, ќе се види дека таму состојбата е поинаква.
Зошто е тоа така.
Во Битола, познат меѓу другото и како град на клавирите, кога во минатото
се граделе улици, за мерка се земале два клавира да можат еден покрај друг
да се разминат.
Во Прилеп, кога во минатото се граделе улици, за мерка се земале две
магарина натоварени со кошеви тутун да можат едно покрај друго да се
разминат, што овозможило многу поширока улична зафатнина од клавирите.
Прилепчани уште тогаш биле со визија за денешнината. Колку пошироки улици,
толку по будали на четири тркала.
Свесни за историската монументална грешка, Битолчани дошле на ум централната
градска улица, која по сите основи е тесна, да ја именуваат како „Широк Сокак“,
со цел да и дадат некое посебно просторно-временско имагинарно значење,
и ако поимот сам по себе е противречен. Ако е широк, што е тука сокак. Токму
ваквите конфронтирачки улици предизвикуваат сообраќаен хаос оти за нив не
постои соодветен сообраќаен знак. А да не зборуваме за многуте туристи кои се
шетаат низ Широк Сокак, зверејќи се на окулу и со ироничен потсмев мерејќи ја
широчината таму каде ја нема. „Ако овој им е широк, какви им се другите“,
коментирал некој.
Прилепчани со своите знаменитости многу-многу не се занимавале, но при
изградбата на Саат Кулата прво што им текнало на умот, а и на нешто друго со
четири букви, било саатот малку да го накриват за да личи на прчикур.
Затоа, прво што идните градоначалници по изборите треба да остварат, е овие
грешки да се исправат.
Идниот битолски градоначалник треба одма Широк Сокак да го брендира како
најтесна широка авенија во светот, на чии излози ќе блештат сите познати светски
модни трендови. Заради збогатување на духовната и културна атмосфера, да ги
повика духовите на некогашните битолски конзули, грациози и дембели, како и
познатите историски ликови, кои ќе фигурираат на црвен тепих како свечана
ложа. Секако, ќе му треба и еден поголем булдужер за да ги збрише оние грдоби
од разно разни кафански настрешници и платоа за улицата да си ја врати својата
автентичност, а Манаки скриен од некаде да снима, снима...
Прилепскиот градоначалник под Саат Кулата ќе треба добро да го подметне својот
грб и еднаш за секогаш да го исправи и напрчи, токму онака како му доликува и
личи на прилепските мајтапчии и курнази. Со тоа ќе симне голем товар од
менталниот склоп на своите сограѓани, кои со векови останувале тука да го крепат
саатот да не падне.
Ако ова го ветат и остварат, ќе гласам за градоначалник.
Барем тогаш не ќе можат да лажат дека нешто направиле.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Гаранција за мирот во Газа ќе биде доделената Нобелова награда за мир
на големиот миротворец, Господинот Трамп, едно мало парче хартија кое
никој нема да смее да го згази оти на него ќе бидат исцртани плановите за
новиот Лас Вегас врз темелите на геноцидот и линиите на бодликавата жица
кои ќе го означат апархејдот кон Палестинскиот народ.
Тоа ќе биде државата Палестина.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Македонија е за во ЕУ.
Со првиот кластер ќе има задача да ги исчисти пиперките од пестициди.
Во спротивно, не чека блокада од Хрватска.
Е више доста ги заебаваме.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
„Топката е во вашиот двор“, ни порача Урсула фон дер Лајне.
Не баш во дворот, драга наша Урсула, малку погоре, ја шутираме
по владините канцеларии и си ја префрламе едни на други.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Бугарија издала над двеста илјади пасоши на македонски граѓани.
Во споредба со останатите членки, Бугарија е единствена која два пати
влегла во Европската Унија.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
286
50
1,038
77
Исток, запад, север, југ.
Со додавката не сместија на Север, мигрираме кон Запад,
Југот го живееме дома, идеолошки гледаме кон Исток.
Ни треба уште Петтиот рефусен елемент - Бугарите во Уставот,
да си го најдеме местото во ЕУ.