Раскази - Хумор и Сатира

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
AKO СЛОБОДАТА Е ТОЛКУ ГОЛЕМА КОЛКУ ШТО СЕ САКА И МИСЛИ, КОСМОСОТ МОЖИ ДА СЕ ШИРИ КОЛКУ САКА И МИСЛИ И ПАК НЕМА ДА ЈА ДОСТИГНЕ ТАА ДИМЕНЗИЈА.



СЕ ПОВЕЌЕ СЕ МНОЖАТ ДОКАЗИ КОИ СВЕДОЧАТ ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА НЛО: БЛИСКИОТ КОНТАКТ ОД ТРЕТА ВРСТА Е СТАСАН ДО ОВА НИВО.
НЕКОЈ РИБАР ЌЕ ФАТИ РИБКА И ЌЕ ЈА ПУШТИ. ПОТОА ТАА НА СИТЕ РИБКИ ЌЕ ИМ КАЖУВА ДЕКА ИМАЛА СРЕДБА СО ВОНЗЕМЈАНИН. ПА ДУРИ ДЕКА И СЕКСУАЛНО ЈА ВОЗНЕМИРУВАЛ!?



ОТКАКО АСТРОНАУТОТ СТАПНА ЗА ПРВ ПАТ НА ДРУГА ПЛАНЕТА, РЕЧЕ: ,,МАЛ ЧЕКОР ЗА ЧОВЕКОТ, ГОЛЕМ ЗА ЧОВЕШТВОТО,, , ГИ ИСКЛУЧИ МИКРОФОНОТ И ДОДАДЕ: ,,НЕ НАЈДОВ НИШТО, АМА И ТОА Е НЕШТО,, , САКАЈЌИ ВЕРОЈАТНО ДА ЈА ОПРАВДА ЗАЛУДНОСТА НА МИСИЈАТА СО ПЛАТОНОВАТА ПРЕМИСА: ,,ДАЛИ НИШТОТО Е НИШТО ИЛИ НИШТОТО Е НЕШТО,,.



ПО НАЈАВИТЕ ЗА КРАЈ НА СВЕТОТ, НАСА ПОБРЗА ДА ЈА ДЕМАТНИРА ВЕСТА, ВНЕСУВАЈЌИ СМИРУВАЧКИ ТОНОВИ МЕЃУ СВЕТСКОТО НАСЕЛЕНИЕ. ИМЕНО, КАКО ШТО ИЗЈАВИЈА, СЕ РАБОТИ САМО ЗА УШТЕ ЕДНА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР ОД СТРАНА НА ДЕСЕТИНА ИЉАДИ КОМЕТИ, КОИ, ВИСТИНА, ЈА ДЕБНАТ НАШАТА ПЛАНЕТА, АМА КОЈ РЕЧЕ ДЕКА И МИСЛАТ НЕШТО ЛОШО.
И КУРШУМОТ НЕ И МИСЛИ ЛОШО НА ЖРТВАТА. САМО СИ ЈА ПОГОДУВА ЦЕЛТА (ВЕЛИ ЕДЕН АФОРИЗАМ).


======================================================================




ВО ,,МАКЕДОНСКИ ШУМИ,, НАЕДНАШ СЕ ПРИМЕНИ НОВИ 1500 ВРАБОТЕНИ. ПА ТОЛКУ НИЗ МАКЕДОНСКИТЕ ШУМИ НЕМАШЕ НИ ПАРТИЗАНИ!?



ЗАВРШИ ЛОТАРИСКОТО ВРАБОТУВАЊЕ НА 1500 СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАЕВИ. СЛЕДНИОТ БАРАБА ЌЕ БИДИ ЗА ДИПЛОМИРАНИ, МАГИСТРИРАНИ И ДОКТОРИ НА НАУКИ. ЗАРАДИ РЕГУЛАРНОСТА, ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ СЕ ОДВИВА ПО СИСТЕМОТ: ,,БЕЛО ГЛУВЧЕ СРЕЌА НОСИ,,.




ТЕЛЕВИЗИТЕ ЕПТЕМ СЕ ГРИЖАТ ЗА НАШАТА МЕНТАЛНА ХИГИЕНА !? СО ВЕСТИТЕ НИ ГИ ПЕРАТ МОЗОЦИТЕ, СО ТУРСКИТЕ СЕРИИ НИ ГИ ПЛАКНАТ.



,,ЈАС СУМ ВО НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ: НИ МОТИКА, НИ ПОЛИТИКА. САМО...ЧАШЕТО,,. РЕЧЕ ЕДЕН ОД ИЗБРИШАНИТЕ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ.



ПРЕДСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СЕ ПРЕД НАС. КАНДИДАТИ ИМА МНОГУ. СИТЕ ЈА СОНУВААТ ВИЛАТА НА ВОДНО - КАКО ВОДЕНИЦА КОЈА МЕЛИ ТРИЦИ.



НАРОДОТ НЕ ЗНАЕ ОД КОГО ПОВЕЌЕ ТРПИ: ОД ПОЗИЦИЈАТА, ОД ОПОЗИЦИЈАТА ИЛИ ОД ПОЛИЦИЈАТА.


======================================================================
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
ГАЃАЈЌИ ЈА ЦЕЛТА, НЕ ГО ИНТЕРЕСИРАШЕ НУЛАТА.
СЕКОЈПАТ НИШАНЕШЕ НА ПОВИСОКИ БРОЈКИ.

ПО ПЕНЗИОНИРАЊЕТО,
ПО МНОГУБРОЈНИТЕ ПОКЛОНИ ОД СЕСРЦЕ -
ДОБИ И СРЦЕВ УДАР.
ИМАШЕ ПРОБЛЕМИ СО ЦЕЛТА.
СЕКОЈПАТ ПОГОДУВАШЕ ВО НУЛА.
ТРЕТО ЖИВОТНО ДОБА Е’
КАКО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПО НЕРЕШЕН РЕЗУЛТАТ.
ОСТАНУВААТ УШТЕ ПЕНАЛИ.
И ТОЛКУ !?...КРАЈ.
ДРЖАВАТА САКА СЕКОМУ ДА ГО НАЈДЕ НЕГОВОТО МЕСТО,
ТОЛКУ МНОГУ, ТАКА ШТО -
СИТЕ СМЕ НАСЕДНАТИ.
ДРЖАВАТА НИ Е ФИНАНСИСКИ РАЈ.
ПЕКОЛОТ ИМ ГО ОСТАВИЈА НА НАРОДОТ.
ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕСИ.​
ТОА Е’ КАКО ДА ГО ПРАВДАШ ВОЛКОТ​
ЗАТОА ШТО СИ ГО ЗАКЛАЛ СОПСТВЕНОТО ЈАГНЕ.​

.
 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
Музичка (ретро) продукција

(Mинато анакронистичко време)

- Бетовен...! Бетовен, бе! Ајде отвори, уште ли ќе тропаме на вратата !? Абе овај глув е’ ? Ниту ќе чуе, ни ќе отвори.
-Слушам, слушам ! Ама, ако ти што тропаш на вратата си судбината, одиси ! Јас веќе ја напишав Петтата синфонија, ене, види во мојот опус, ја нареков ,,Судбинска,, , во Gе-dur...
-Не бе, не сум судбината. Јас сум Моцарт, а со мене е’ и Бах. Имаме нешто важно да ти кажеме.
-Што е тоа ? Да не сакаат Бечлиите да ми направат уште еден величенствен погреб ? Иљадници, иљадници ме испратија !
-Тебе барем погреб ти организираа, ама, што да речам јас. Мене до ден денес ни гробот не ми се знае. И пред мојата врата некој непознат зачука и нарача Реквием, ама, нарачката ја направила Смртта за самиот мене. Туку, слушај Бах што ќе ти рече.
-Чујме Бетовен ! Во еден бароктен спис најдов дека во Република Барокна бил донесен закон за стимулирање на музичката продукција. Државата се претворила во Музички фестивал. За избраните композиции се доделувале големи парични награди. Па си реков и ние да се пријавиме. Што велиш ти...?
-Ее..., Бах, Бах ! Зарем не се сеќаваш од историјата на музиката колку само дела напишавме по нарачка за грофови, кнезови, надвојводи, изведувавме дела во кралски дворови, палати, катедрали. Уште ни должат шилинзи. А, кој рече дека сега нарачал ? Грофот Waldstajn...?
-Министерството за културно однесување и навики, сакале да го стимулираат креативното творештво на композиторите.
-Ами..., ако е така, да одиме.

(Сегашно анакронистичко време)

-Ве молиме без турканици. На сите ќе им дадеме шанса. Прво нека одат оние од детската продукција, па оние со Ромски чочеци, потоа за Калајџиското и Комитското. Окулу ручек ќе завршиме со аматерите. Со забавњаците и сериозните ќе продолжеме после пладне. За оние што свират и пеат за Тешкото, сега немаме време, другпат.
-Простете, простете ! А кога ние ќе дојдеме на ред ?
- А кој сте вие, ве молам ?
-Јас сум Бах, овај домене е Моцарт, а овај Бетовен.
-Чекајте да видам...да...но, нема такви во списокот. А од каде доаѓате вие ?
-Од Барокот, Класицизмот и Романтизмот.
-Така ли !? Тоа мора да е многу далеку. А, во кој дел од музичката продукција сакате да се пријавите.
-Јас за Барокот. Компонирам кантати, миси, ораториуми, кончертина...
-Чекајте, чекајте Господине, како рековте се викате...? Ах..., да, Бах. Но, вие можби и не сте разбрале добро. Нашиот конкурс се однесува за народна, забавна, и , колку од атер, за сериозна музика. А, ова вашево....?
-Зашто ве молам !? Па зарем не воочувате колку мојата барокна музика ќе се совпадне со вашиот бароктен амбиент. Сте направиле вистинско ремек дело, се разбира, само како имитација, но, поинаку и не сте можеле. Но, затоа мојата музика со својата оргиналност ќе му даде величествен и веродостоен призвук на вашиот барок. Ако светот ви се подсмева за вашиот бароктен кич, барем ќе им дадете можност да чујат вистинска барокна музика. Зарем не знаете дека јас ја развив полифонијата, многугласието...
-Но...! Тука ќе ве прекинам. Што се однесува до вашето полифоно многугласие и разногласие, овдека такви ноти нема да чуете. Кај нас се’ се пее и свири унисоно. Према тоа...жалам. А, вие, простете, кој бевте...?
-Јас сум Моцарт. Јас сум вундеркинд. Компонирам и свирам на концерти уште од мојата четврта година. Сум седел во скутот на многу кралеви и кралици. Слушнав дека седењето во скут овдека било многу популарно. Компонирам инструментална музика, но, познат сум и со оперите, особено оние со траги-комична содржина, таквата тематика ќе одговара на вкусот на вашиот народ, посебно на оние од социјала. А можам да ви компонирам и Реквием, тој стилски инзвонредно би се совпаднало со вашиот сегашен стилски правец кон иднината. Инаку, припаѓам на Бечката класика и галантниот стил. Тие манири сега овдека биле многу омилени. Класиката гради столбови во културата, а погодна е за градба и на снобови, малограѓани, новопечени боржуи. Во мојата музика применувам слободоумни и либерални идеи...
-Прекинете ве мола ! Доволно беше ! Либералите овдека се во опозиција и нивната лебедова песна веќе никој несака да ја слуша. Оние што сакаат слободоумни ноти, сега го свират Шопен таму кај што треба... Господине Моцарт, ги ценам вашите способности уште од мало дете, но..., ова е тоа, во некое друго време. Следниот нека пријде... ! Вие бевте...Бетовен, чинам ?
-,,Политичари имало многу и ќе има, Бетовен е еден,, . Сте чуле ли за таа моја голем мисла, млада Госпоѓо. Затоа и немам намера да зборувам за големината на мојата музика, се’ се знае. Но, ќе ви кажам што мислам за вашата музичка продукција. Уметничката нарачка обично значи и диктат, строго пропишани правила и норми, кои ја ограничуваат слободата на изразувањето. Во наше време пишувавме музика по нарачка, но, никој не’ не ограничуваше во творештвото, нити пак некој смееше тоа да го направи. Еве, јас, да речеме. Стоев помеѓу два века, ги разделив па ги споив класицизмот и романтизмот, апсолутната музика ја трансформирав во програмска, создадов грандиозни оркестри, нови форми, нов стилски израз, и секојпат следејќи ја сопствената музичка инспирација и креативност. А што направивте вие со вашите композитори. Ги ограничивте да компонираат лесно прифатлива и певлива музика, конвенционална и прагматична, музика која е декоративна и патетична, забавно-дискурзивна музика на која времето и поминало уште со старите грамофонски плочи. Вашите композитори треба да се такмичат со достигањата на светската музичка продукција, а не да ги задоволуваат вкусовите на нечија Институција. Зарем со нарачка ќе ја ограничите и традицијата на вашиот анонимен народен умотворец ?
-Господине Бетовен, ај бидете конкретни. Што всушност вие можете да ни понудите ?
-Знаејќи ги патешествијата на вашиот народ можам да ви компонирам една Миса Солемнис.
-Што, зарем сега и памет ќе ни солите ? Нам ни треба нешто весело...,патриотско...
-Добро, тогаш тоа нека биде ,,Ода на радоста,, , но..., за тоа се потребни демократски капацитети, слобода, еднаквост, љубов... Впрочем, такво едно дело веќе напишав инспириран од француската револуција...
-Револуција !? Музичка пролет !? Демонстрации !? Господине Бетовен, и вам ќе мора да ви се заблагодариме. Очигледно, и вие сте ја згрешиле професијата.

(Идно време)

-Уф, каков напорен ден Госпоѓа Министерка. Сега испадна дека сите знаат да пишуваат музика. На сето згора ми дојдоа и едни тројца, барок, класика, романтизам и други глупости. Ма, ви велам, ужасен ден. Туку..., за малку ќе заборавев Госпоѓа Министерка. Пред вратата чека една кафанска музика. Прашуваат дали и тие ќе мора да свират само по нарачка ?

 

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
,,ОВА Е ЗА АЛКО ТЕСТ,, –
ИЗВИКНА НЕКОЈ ВО ПУБЛИКАТА,
СЛУШАЈЌИ ГО БРЗОТО ТЕМПО
СО КОЕ КЛАВИРИСТОТ ЈА ИЗВЕДЕ СВОЈАТА КОМПОЗИЦИЈА.

ОСТВАРИ КАРИЕРА.
ОД ДРВЕНА КУТИЈА, СТАНА МУЗИЧКА ФУТРОЛА.
ПРАЗНА ШУПЕЛКА МОЖЕ ДА БИДЕ МУЗИКА
САМО ВО РЕЗОНАНЦАТА НА ПРАЗНОГЛАВИ.
ХОРИСТИТЕ ВО СОВРШЕНО ЕДНОГЛАСИЕ ЈА ОТПЕЕЈА
СЕКОЈ СВОЈАТА ПЕСНА.
ПОТОА ПТИЦИТЕ ОДЛЕТАА.
САКАШ ДА ОСЛАБИШ, НЕЛИ !?
ПОЧНИ СО СКАЛИ.
МУ РЕЧЕ ВИОЛИНАТА НА ВИОЛОНЧЕЛОТО.

ХИМНАТА И ПОСМРТНИОТ МАРШ
СЕ ПРВ И ВТОР СТАВ
ОД СИМФОНИЈАТА НА ВОЈНИТЕ.

КОГА КОЛЕКЦИОНЕР ЌЕ КУПИ УМЕТНИЧКО ДЕЛО,
ТОА Е КАКО ПРОДАДЕН РОБ СО ЛАНЦИ

УМЕТНОСТА ИМА СВОЈА ВРЕДНОСТ.
УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕ – ЦЕНОВНИК.
РАЈОТ И ПЕКОЛОТ СТАПИЈА ВО ПРЕГОВОРИ
ЗА РАЗУМЕН КОМПРОМИС.
ОДЛУКАТА СО КОНСЕНЗУС ЈА НОСАТ
СЕВИШНИОТ И ЛУКАВИОТ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Estelle

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
ВО МОЈОТ КЛАС ВИКНАВМЕ ПОП ДА НИ КРСТИ ВОДА.
ГОСПОД ДА ГИ ЧУВА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ЕКСТЕРНОТО.
СЕКОЈ ЧОВЕК Е ФИЛОЗОФ,
ОТКАКО ЌЕ СЕДНЕ СО ПОТПРЕНА ГЛАВА - НА WC ШОЉА.
СЕ ОПРЕДЕЛИВ ЗА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА.
ДА ПРЕЖИВЕАМ –
СОБИРАМ ПЛАСТИЧНИ ШИШИНА.


НА СЕКАДЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ.
НА МАГАРЕТО МУ СЕ СТАВА САМАР
КОЛКУ ДА СЕ РАСПОДЕЛИ ТОВАРОТ.


ПОТЕКНУВА ОД ФАМИЛИЈАТА ЛЕТАЧКИ КУЧИНА,
ИМА РАЗВИЕН СЛУХ ДА СЛУША,
СЛАБ ВИД НИШТО ДА НЕ ГЛЕДА,
ЦИЦАЧ Е’.
НЕ ОПИШАВ РЕЖИМСКИ НОВИНАР. – ЛИЛЈАК.

РЕЦЕПТ ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ.
ЧАЈОТ СЕ СРКА СО ВИЛУШКА,
САЛАТАТА СЕ МЕША СО СУШЕНИ ИЗМИСЛИЦИ,
НА КАРАЈОТ ОД РЕЦЕПТИТЕ НА БАБА РАДА,
СЕТА КАША И ПОПАРА
СЕ ПИЕ КАКО КАРАМЕЛИЗИРАНА ЛИМОНАДА.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
ДОКТОРЕ, МИ СЕ ПОВРАЌА, ПАК ИЗБОРИ. ЧАРЕ ?
ИЗБЛУВАЈ СЕ’ !



СЕГА МУ Е МАЈКАТА ДА БИДЕШ ИЛИ ПОРЕЗНИК ИЛИ ИНКАСАТОР.
КАЈ ДА ЗАЗВОНИШ СЕКАДЕ ТЕ ЧЕКААТ СО ГОЛГАЗ.

НЕГОВИТЕ ГЛАСАЧИ СЕ ДЛАБОКО РЕЛИГИОЗНИ.
ПО БОГОУЧЕНИЕТО ЗА СПАСЕНИЕ – БИ ГО РАСПНАЛЕ.
ДА МОЖЕ ПОЛИТИЧКАТА ГОВОРНИЦА ДА ПЛАЧЕ,
ДО СОЛЗИ БИ СЕ ИЗНАСМЕАЛА.
КАМЕНОТ НА МУДРОСТА ИМА НАЈСИЛЕН ОДЗИВ КОГА УДИРА –
ВРЗ ПОЛИЦИСКИ КОРДОН.
АКО ГИ КРЕНЕМЕ РАЦЕТЕ ВИСОКО ГОРЕ,
И ДЕСЕТТОТО МЕСТО УСПЕХ ЌЕ ДА Е’ МОРЕ,
БЕЗ ДА ГО БАРАМЕ СОЛУНСКОТО ПОЛЕ.



ПОТЕКЛОТО НА ИМОТОТ МУ ВЛЕЧЕ КОРЕНИ ОД...ПОДЗЕМЈЕТО.
МАКЕДОНСКИОТ ИКС-ФАКТОР ЗА ВОДНО НЕ МОРА ДА ЗНАЕ ДА ПЕЕ’.
ДА ИМА СЛУХ ДА ГО ЧУЕ НАШИОТ ЛЕЛЕК.
ПАК ИЗБОРИ.
НЕГДЕКА МАГАРЕТО ИЗБИРА ПОМЕЃУ СТАПОТ И МОРКОВОТ,
КАЈ НАС, ПОМЕЃУ СТАПОТ И САМАРОТ.
ВО ИМЕТО НА ДОБРОСОСЕДСТВО, МОЈАТА КОЗА РЕШИ ДА ЦРКНЕ ЗАЕДНО СО КОЗАТА НА КОМШИЈАТА.
ДАЛИ ЗАСЛУЖУВА НОБЕЛОВА НАГРАДА ИЛИ ОСКАР ЗА СЦЕНАРИО ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА,​



ПАРИ, ВИНО, РАКИЈА НА РАКА – НЕВЕСТА ЗА РАКА.​

КОЛАЈ РАБОТА.​



И АДАМ И ЕВА ЌЕ ОСТАНЕА СТАР ЕРГЕН И СТАРА МОМА​

АКО НЕ СЕ РЕШЕА ДА КАСНАТ ОД ЗАБРАНЕТОТО ЈАБОЛКО.​

ПОСЛЕ...ШТО САКА НЕКА БИДИ.​



ЗОШТО ИЗБОРИ​

КОГА ВИСТИНА-ВИСТИНА ТИ ВЕЛАМ​

ЕДИНСТВЕНИОТ СПАС СУМ ВИ ЈАС, ЧЕДА.​



ИСТОРИСКИТЕ УСПЕСИ СЕ БЕЛЕЖАТ ВО ЕНЦИКЛОПЕДИИ.​

И НАШИОТ ИСТОРИСКИ УСПЕХ СО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ВЛЕЗЕ​

– ВО ГИНИС.​



ЌЕ ТУЖАМ ЗА КЛЕВЕТА.​

ТВРДАТ ДЕКА ЦЕЛОКУПНИОТ МОЈ ИМОТ БИЛ СТЕКНАТ ЛЕГАЛНО.​

ТОА МЕ КОМПРОМИТИРА ПРЕД МОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ.​




ПРИТВОРЕНИКОТ Е ОБВИНЕТ ДЕКА ШЕТА МАСКИРАН КАКО ФАНТОМ.​

СУДОТ ИЗРЕЧЕ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА.​

БИЛ ДРЖАВЕН ТЕНДЕР.​



ОТКРИЕН Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ВОИНОТ НА КОЊ.​

НА НОВАТА ДВЕСТОДЕНАРКА.​





НАМЕСТО ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО​

ДА ГО РЕШИМЕ СО УДАР НА ДАМАКЛОВИОТ МЕЧ,​

НИЕ ЗА ЈАЗОЛОТ – ПОКАЖУВАМЕ ЗАБИ.​



МЕЧКАТА ОД СОСЕДСТВОТО ЌЕ ЗАИГРА И ВО НАШИОТ ДВОР.​

ДА JA СКРОТAT, СО СИНЏИР ЈА ДРЖАТ ЗА МУЦКА.​



УВАЖЕНИОТ ГОСТИН​

ЌЕ ДОШОЛ СО ПРАЗНИ РАЦЕ.​

РЕД Е’, НИЕ,​

КАКО ДОБРИ ДОМАЌИНИ ДА НЕ ГО ИСПРАТЕМЕ БЕЗНИШТО,​

ВОА ЗЕТОТ, ДА ГО е*у
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА,



ПАРИ, ВИНО, РАКИЈА НА РАКА – НЕВЕСТА ЗА РАКА.

КОЛАЈ РАБОТА.



И АДАМ И ЕВА ЌЕ ОСТАНЕА СТАР ЕРГЕН И СТАРА МОМА

АКО НЕ СЕ РЕШЕА ДА КАСНАТ ОД ЗАБРАНЕТОТО ЈАБОЛКО.

ПОСЛЕ...ШТО САКА НЕКА БИДИ.



ЗОШТО ИЗБОРИ

КОГА ВИСТИНА-ВИСТИНА ТИ ВЕЛАМ

ЕДИНСТВЕНИОТ СПАС СУМ ВИ ЈАС, ЧЕДА.



ИСТОРИСКИТЕ УСПЕСИ СЕ БЕЛЕЖАТ ВО ЕНЦИКЛОПЕДИИ.

И НАШИОТ ИСТОРИСКИ УСПЕХ СО МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ВЛЕЗЕ

– ВО ГИНИС.



ЌЕ ТУЖАМ ЗА КЛЕВЕТА.

ТВРДАТ ДЕКА ЦЕЛОКУПНИОТ МОЈ ИМОТ БИЛ СТЕКНАТ ЛЕГАЛНО.

ТОА МЕ КОМПРОМИТИРА ПРЕД МОИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ.




ПРИТВОРЕНИКОТ Е ОБВИНЕТ ДЕКА ШЕТА МАСКИРАН КАКО ФАНТОМ.

СУДОТ ИЗРЕЧЕ ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА.

БИЛ ДРЖАВЕН ТЕНДЕР.



ОТКРИЕН Е ИДЕНТИТЕТОТ НА ВОИНОТ НА КОЊ.

НА НОВАТА ДВЕСТОДЕНАРКА.





НАМЕСТО ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО

ДА ГО РЕШИМЕ СО УДАР НА ДАМАКЛОВИОТ МЕЧ,

НИЕ ЗА ЈАЗОЛОТ – ПОКАЖУВАМЕ ЗАБИ.



МЕЧКАТА ОД СОСЕДСТВОТО ЌЕ ЗАИГРА И ВО НАШИОТ ДВОР.

ДА JA СКРОТAT, СО СИНЏИР ЈА ДРЖАТ ЗА МУЦКА.



УВАЖЕНИОТ ГОСТИН

ЌЕ ДОШОЛ СО ПРАЗНИ РАЦЕ.

РЕД Е’, НИЕ,

КАКО ДОБРИ ДОМАЌИНИ ДА НЕ ГО ИСПРАТЕМЕ БЕЗНИШТО,

ВОА ЗЕТОТ, ДА ГО е*у

- ШТО БИ РЕКЛЕ КАВАДР’ЧАНИ


- ШТО БИ РЕКЛЕ КАВАДР’ЧАНИ​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
ПАПАГАЛСКИ ШАРЕНАДИ

Откако зградата наречена ,,папагал,, во Центарвиде свој бел ден, во нашиот дом завладеа целосен мрак. Имено, откако нашиот пердувест семеен љубимец, папагалот по име Амазон, ги чу и виде случувањата со поменатата зграда - доживеа вистински шок и падна во длабока депресија. Папагалите се интелигентни, но многу чувствителни суштества. Дружељубиви се и со многу сенс и љубопитност за настаните окулу себе. И нашиот Амазон со нескриено внимание следеше сe окoлу себе, иако, секојпат беше коректен и не завземаше страна. Но, настаните со т.н. ,,папагалска,, фасада, за неговата и онака осетлива душа, го исфрлија од такт. Да се споредува неговата Божја рајска убавина и папагалска красота со мастилните бои на некаква зграда, беше недолично и навредливо како за него лично, така и за сиот негов ендемски вид. Боите на папагалот можат да се споредат единствено со боите на виножитото, и ништо друго.Тој прекрасен пурпур од нијанси и колорит не можи да го креира ниту еден уметник, а камо ли некој молер кој заедно со фасадата сакаше да не фасадира и фасцинира и сите нас. Душевната болка која Амазон ја преживуваше во тие моменти, беше и наша болка. Што можевме друго да сториме?

Најпрво се обидовме да разговараме и да го убедиме сето ова да не го прима толку лично. Бог да чува, во животот на еден папагал има и полоши работи, да речеме да заврши како супа или препариран. Сакајќи да ја ублажиме работата, му објаснивме дека и целата јавност е фрапирана и разочарана од ваквите шарлатански, дилетантски и невкусни изјави и обвинувања на сметка на естетитката, уметноста и архитектурата. Нели, убавото си е’ убаво само по себе, а не работа на нечии вкус, волонтерски невкус, релативност или временост. Нашиот Амазон беше вистински естета и добро ги разбираше овие работи, но, во моментот ништо не можеше да го утеши.

Следните денови не чекаше уште едно изненадување. Откако малку позакрепна од првобитниот шок, Амазон ни соопшти дека е подготвен да тужи за навреда на честа. Од нас побара да му најдеме добар адвокат, додека за неправдата сам ќе се бори на суд. Побара и психијатриско вештачење како би ги докажал последиците од доживеаната траума и болка. Вели, неможел да спие, да јаде, ноќе се препотувал, ослабел, чуствувал засраменост, сонувал како некој сака да му го оттргне кафезот во кој убаво си е сместен, и т.н. За оштета ќе бара милион денари.

Бидејќи работите во овај случај требаше да се гледаат од птичја перспектива, за адвокат најдовме една гуска. Псијхијатриското вештачење го направи едно врапче оти и врапчињата знаат како се вршат овие работи. За судија беше одреден мисир. Доказниот материјал и сите пердувести аргументи му беа предадени на судот на честа, се чекаше само денот на рочиштето.

Деновите кои следеа минуваа во неизвесност и исчекување. Го прашав Амазон, што мисли да прави со милион денари откако ќе ги добие. Ми одговори дека сака да лета во Амазонија, сака да ги посети своите корени, неговата пра татковина. Го прашав, дали навистина ќе лета, или ќе лета со авион, на што ми одговори да не го оптеретувам со такви технички прашања. Се затвори во својот кафез, читајќи го како и обично Робинзон Крузо.

Судскиот процес заврши во корист на нашиот Амазон. Тужената страна ја призна вината и упати јавно извинување. Во знак на добра воља и лична сатисфакција, Амазон како оштета зеде само еден долар. На тој начин целата ситуација доби праведна разрешница и среќен крај. Заради своето џентлеменско однесување, Амазон ги собра симпатиите на јавноста и стана вистинска медиумска личност. Таа вечер, сите заедно се почестивме со сончоглед, пуканки и шише добар шампањ.

Но...,ако мислите дека спокојот во нашиот дом се врати, се лажете. Амазон доживеа вистинска душевна и духовна преобразба. За да ги избриши и последните траги од таа непријатна папагалска фасадна афера, Амазон го смени својот надворешен имиџ. Кај еден од познатите стилисти својот препознатлив папагалски изглед го трансформира во модерен дизајн, оригинален идентитет и стилистичка каприциознозт невидена дотогаш. Од себе ги отстрани сите елементи на ретро и нео стиловите, единствено задржувајќи благ печат на разигран национален романтизам заради традицијата. Како што рече, сакал да постигне авангарден ексклузивитет и есенцијална безвременост. Заради неговата голема популарност и нагласениот кул изглед стана дел од шоу и бизнис круговите. Амазон почна да пројавува и политички амбиции, наметнувајќи се како сериозен консензуален кандидат. Го прашав, врз која платформа ќе ја базира својата кандидатура. Ми одговори, дека, ако некој дваесет и повеќе години можи како папагал да повторува една те иста работа, тогаш тој како вистински папагал би бил нај автентичен носител на таквите папагалски политики. До некаде се сложив со таа констатација, но, истовремено ме облеа пот и мориници. Се ближат претседателски избори. Почнува страв да ме фаќа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
АКО ЛАЖИ АФОРИЗМОТ, ЛАЖИ И ВИСТИНАТА.


САМО ПРОСТО МНОЗИНСТВО МОЖИ ЗАКОНИТЕ НА МОРАЛОТ
ДА ГИ СТАВИ НА ДНЕВЕН РЕД.


МОРАЛОТ МНОГУПАТИ ИМА КОЊСКИ ЖИВЦИ –
КОГА ЗАНЕГО ДИСКУТИРА ЦЕЛА ЕДНА ЕРГЕЛА.


ЛЕТА МАГАРЕТО ? ЛЕТА. СОСЕСАМАР ? СОСЕСАМАР.
ОПНИГО СО ЛАСТЕГАРКА, ЌЕ ВИДИШ.


И ВО ТРКАТА НА СТО МЕТРИ
БАРАШЕ ЗАОБИКОЛНИ ПАТИШТА ДО ЦЕЛТА.


ВИСТИНАТА ТРПИ СМЕА НА СВОЈА СМЕТКА ОТИ ОСТАНУВА ВИСТИНА.
НЕ ТРПИ ПОДСМЕВ НА ТУЃА СМЕТКА ОТИ СТАНУВА НЕВИСТИНА.


АКО БЕГАШ ОД ВИСТИНАТА
ТАА Е СЕКОЈПАТ ПОБРЗА ОД ТВОИТЕ – ПРЕТЕШКИ ЛАГИ.


МУЗИКАТА НА СВЕРИТЕ И ПРИПАЃА НА ГОЛЕМОТО УВО НА КОСМОСОТ.
ЧОВЕКОТ Е’ САМО БАРАБАНАР СО УШТНО ТАПАНЧЕ.


ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЦИГАРИ РАПИДНО РАСТЕ.
И БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ПУШАЧИ РАСТЕ.
НАТПРЕВАРОТ ВЛЕГУВА ВО МРТВА ТРКА.


ЗА ДОЛГА ЉУБОВ И УСПЕШЕН БРАК –
СВЕДОЦИТЕ ГИ ПРИЛОЖИЈА НИВНИТЕ ИМОТНИ ЛИСТОВИ.


БРАЧНИОТ ЖИВОТ Е’ КАКО ФИЛЏАН ИСПИЕНО КАФЕ.
СРЕЌАТА Е ГОРЧЛИВА, НАДЕЖТА ЦРНА, ЉУБОВТА ЗАКОПНА ВО ТАЛОГ.


ЗА СУЕВЕРНИТЕ ЉУБОВТА СЕ РАЃА И ПО ПАТИШТАТА ВКРСТЕНИ -
ВО ТАЛОГОТ КАФЕ.


ВО СУДНИОТ ЧАС ПАРИТЕ НЕ ВРЕДАТ НИШТО.
СМРТТА НЕ РАЗЛИКУВА ВРЕДНОСТИ.


СМРТТА ЗАТРЕПЕРИ, СИЈАЛИЦАТА УГАСНА,
ВО ТЕЛОТО МАРАК, А НИГДЕ ПРЕКИНУВАЧ.


ОТКАКО ВО ДРЖАВАТА ЌЕ ЗАВЛАДЕАТ ВОЛЦИ
НАРОДОТ ЛЕСНО СТАНУВА ОВЦА.


АКО ДИРИГЕНТСКАТА ПАЛКА СТАНИ ПЕНДРАК
И ОРКЕСТАРОТ ЌЕ ЗВУЧИ КАКО ПОЛИЦИСКО КОМБЕ.


ГЛУПАВАТА ГОРДОС Е КАКО ПРАЗЕН ПИЕДЕСТАЛ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Grupa Seirdzii

Староседелец
11 јули 2013
106
83
1,038
74
И З Б О Р Н А П Р О Л Е Т

Пролетта традиционално се смета за нај убавото годишно време. Во пролет цути се’, зазеленува се’, никне нов живот. Но ако пролетта се погоди да биде изборна тогаш нејзиниот живопис станува надреалистичен со елементи на траги комична содржина и призвук. На пример, кога имаме изборна пролет цутат и бандерите, цутат тикви, врбите раѓаат грозје, дуваат ветришта во магла, се симинаат звезди, се ветуваат брда и долини, се раскажуваат прикаски за бабароги и прераскажуваат успеси со епска егзалтација. Во изборна пролет штрковите носат новороденчиња; се бројат и гласовите на ластовичките. Цути и она што веќе еднаш прецутило.

А..., дали е тоа можно ? Зошто да не! На оние кому е наменета изборната пролет ваквото цутење е сосема нормална работа, како што е нормално да се верува дека од небото паѓаат круши, а магарињата летаат сосе самар. Се верува дека цути и букетот овенати надежи спакуван во целофан.

Кога има изборна пролет не цути љубовта, не цути добродетелта, не цути довербата. Во изборна пролет на пупките само им се ветува дека ќе расцутат, а младите ластари мора да ја свиткаат кичмата пред да се исправат. Не цути ни радоста, ни ведрината, ни среќата. Но затоа цути каколот, трњето, омразата, гневот, глупоста.

Седам под мојата цреша и ја гледам колку убаво цути и размирисува. Некаде во светот сега било време на пролетно цутење на црешите. Заради глетката и симболиката, луѓето биле пресреќни. А дали и ние сме среќни оваа пролет која наместо на расцутени цреши мириса на избори ? Се сетив на еден стих од Гарсија Лорка:

,,Сакам да ти го направам она
што пролетта го прави со црешите.
Да те опупам,
да те направам јадра и црвена,,

Би било убаво и кај нас оваа изборна пролет црешите да бидат јадри и црвени, а не, како многупати досега, да ни остани само коска во грлото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Outrider