Л Л У С Т Р А Т О Р И И Г У Л А Б А Р И
( П Прилепски мајтап муабети; текстот нетреба да се сфати (не)сериозно; настаните
се се измислени; ликовите се идентични; можи и обратно;
- - Женоо...готов сум...готов !
- - Шо е бре Пецо, шо си готов? Да не ти затекна тебе среде бел ден за некое нешто,
натемаго ?
- - Не мори! Че ме лустрираат, Таске, че ме лустрираат !
- - Шо е бре то, да не е нешто за јадејне ?
- - Море изедов јас лајна, Таске, и то нагладно. Јавно че ме жигосаат, на зидо на срамот че ме
окачат, да плука народо намене.
- - Аман бре Пецо, шо е работава толку ?
- Абе шое? Стоев еднаш на улица со тројца жандари, од овие нашиве. Прашуваа за Даре Дрјачо, кај му биле гулабите, му ги немало, шо му напрајл? Му кажава оти полојната му му ги даде на Трајко Лопатата, а другите ги смени за моторче ,,Томос,, со С‘скана.
- Ами, шо имаш ти со то ?
- - Ами шо имам? Сум давал информации на власта, сум кодошел, имина сум кажувал, душевна болка сум му нанел на лујџето, фамилиите му страдале, кариерата му пропаднала ...
- - На кого бре кариерата, токмак ниеден!? На оние твоине непрокопсанине, сите еден до еде гулабари. Шо кариера ним че им пропадне!?
- - Ами ... шо кариера, летајнето во височини, зар шо друго ? Во ова е работата, Таске. Се шо сум кажал било запишано, се водело досие, а то сега стасало во рацете на Комисјата .. етлиста за Сакале небаре да расчистат со кодошите од турско до каурско. Само уште да има кој да ја расчисти матнава денешенден, да ги прашам ? Досието замене јавно че го покажеле, цел народ да ми го види...
- -Ич да не се срамиш, Пецо, нека ти го видат! Ко има толку мераклии за гледајне тујџи работи, нека повелат.
- - За сеиргледајне...такви има колку сакаш. Еве нааа... олкав, да простиш, ферман, имало замене. Велат, за вакви работи летале и многу поголеми глај одошто мојава ни бричена, ни стрижена.
- -Слушај Пецо, ич ништо не те разбирам. Ај сега, покроце, кажими се со ред?
- - Абе Таске...лани...илим имаше митинг на власва?
- - Е де, имаше, па шо, тебе да не ти се стресо ?
- - Не мори! Туку, она малоно, Соте Симсиле, да ти ги пушти гулабите на летајне токму за време на митинго. Тој чува од сортата туркелии: Дунек, Масарак, Чешок, сите жолто-плаво-цветна боја. Ама, џаол да го земи, то ти била бојата на опозицијата. Ко виделе овие од власва, одма ја свртиле работава политички. Демек, опозицијата им прај сопки, се однесува провокативно и води непринципиелна политика. Побарале случајо да се испита. А јас, будала, на жандарине му кажав дека гулабите се на Симсиле.
- - Лелеее ... шоси напрајл !
- - Ами не само то! Ко видел Киро Курумо дека Симсиле ги лета гулабите, и тој ги летнал негојте. Тоја има од сортата Чакал и Каракур. За непендек, гулабите, т‘м‘н го надлетале митинго почнале да фрлаат птичји измет. Живинчина, шо че му прајш, си вршат работа ко че му дојди. И се долу испоганиле: то ти позиција, то ти опозиција, малите партии, големите партии, определени, неопределени. Долу било вистинска кака...фонија. Сето било слизгајци, партиски залетувања, подслизгувања, заслисгувања, те налево, те надесно. Најпојче настрадале оние неопределените. Не знаеле за која пратија да се фатат, за да не заслизгаат ки’знајкаде. Случајо се претворил во мејџународен скандал. Имало и странски преставници. А јас, пак будаличиште, и за Локумо признав. Ич да не се сетам !
- - Оф бе Господе, абе ти стварно кодош си станал!?
- - И по трет пат ја оплескав, Таске. Гулабите ги летнал и Димзало Поснаманџа. Тој има Белоопашки и Модроопашки. Ги викаат парајлии. Ко че се вивнат во восочини, се вртат и превртуваат наспроти сите закони на природата и гравитацијата. Власта и во то видела опструкција врз нејзиниот легитимитет. Одма излегла со соопштение дека во државава никој несмеј да крши никакви закони, било да се природни, било неприродни. Законо за гравитација че важи само откако че биди динесен во Собрание. Дотогаш, тие че биле единствената привлечна сила окулу која треба се’ да се врти и превртува: вистината и невистината, правдата и неправдата, стравот и уплавот. Уште помалку смеелo некој да се крева толку многу во височини, за случајно да не го загрози нивниот рејтинг. А оние шо се праеле ептем парајлии?...му ги сечеле крилцата. Јас...датибам табието, и за Поснаманџа кажав. Ми с‘испушти, ете!
- - Леле, леле, Пецо, ептем за резил си сторил.
- - Ме прашаа и кој има тренирано гулаби писмоносци. Разбрале оти опозицијата мејџусебе си испрајчале пораки со гулаби писмоносци, шушуру-бушуру, никој ништо да незнај шо исе спрема на власта, ни плано А, ни плано Бе. Му кажав дека такви имаше Ацуле Поштарчето. Тој на времето со гулаби писмоносци и прајчаше љубовни писма на Паца Прчкојца.
- - Абе прчу еден, тебе ептем матната ти го однесла умо! Е ај, друго ами шо кажа ?
- - Ами шо кажав ? На крајо на митинго, власва испуштила јато гулаби како порака за мир мејџу народите. Ама, тие летнале и сис‘пикнале по тавани. Ефекто бил никаков. Опозицијата одма обвинила дека власта испрајча лоши пораки до мејџународната зедница. То беа гулабите на Лазо Дебелогазо. Тој чува Таванари.
- - И, истресе уте некоја зелена !?
- - Како контра на то и опозицијата испуштила јато гулаби. Сакале да ги придобијат и вратат другите јата во своите редови. Арно ама, наместо гулаби, тие биле гугучки, од оние сивине, како сива економија, да с’изразам научно. Останатите јата ко виделе кој им се приближува, се распрснале, усвит фатиле. Не ги сакаат во своите редови заради нивниот начин налетајне, оти летаат и се залетува оштро и праволиниски. Уште не научија дека на небово наше сега дуваат некои поинакви ветришта и промаишта, и дека заради евроатланската огноза потребно е да се завземе поинаков курс на летајне одошто порано. Познати се по изреката ,,кукавичко јајце,, . Че снесат некој смуток и после кукавички ги подметнуваат под тујџи гнезда и штабови. Ко че гугаат, гугаат трослоговно. Нема некоја голема корист од нив. Обично се збираат по паркови, градски улици и плоштади. Јас...и тука подшушнав, кажав чисе гугучките. На Пане Касапо, негој се. Сега се на распродажба за бадијала. Ги бидува за чорба со секакви мирудии.
- - И то го кажа ? Е, многу уба работа си напрајл, Пецо! Си ја збркал работава дотука бидува. Ами сега, шо че биди сотебе, че те апса, че те суда ?
- - Море уште полошо, Таске! Одсега натаму не че можам да вршам јавни функции доживотно. А шотуку решив да се смешам во политикава. Требаше да влезам во раководството на друштвото ,,Перспективни Гулабари,, во нашава месна заедница. И јас од некде да почнам. Џанам, енетиго жив пример, Илија, гулабар со тапија, ама стана прецедател на градо. Вака...сега...се ми пропадна...
- - Ту, ту...чудо едно че бешеод’тебе! Ааа...таа...едикојаси, де...Комисијата, сакав да речам. Шовелиш, че ја испрај работава некојпат?
- Таске, еден краснописец, кого го викале Чехов, на едно место вака напишал: ,,Патот на Комисијата е, како и патот во пеколот, поплочен со добри намери,,. Ама...к‘изнај ? Чепкањето во плевелот на тујџи ракописи тешко можи да ги изнедри зрнцата вистина кои треба да излезат на виделина. Чиниш...како сите да се фатени од птичје слепило.
- - Кој...гулабите ?
- - Не...лујџето !