Радосница

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
радосница е книга за бебињата од самото раѓање па до една годинка... внатре во неа се запишува се за малото, од самото раѓање, па до првото зборче, капење, кашички, сокчиња, одмори и секако се ставаат и слики... јас лично не бев запознаена дека постои и такво нешто но кога ја видов за прв пат ми се допадна премногу, па му купив една и на мојот син, во неа има се, има и да му ги прецрташ рацете и нозете :) еве ваква е
78_14_32_15__21__6_20127100289.jpg

што мислите вие за истите? дали сте имале такви радосници?
дали тие форумџии кои што веќе имаат деца им имаат купено на децата :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Јас имав кога бев мала на српски јазик ама моите не ја пишувале :zelen
Но затоа кога ќе имам јас деца ќе им купам и ќе запишам се за нив :D Баш би било интересно кога ќе пораснат и се запозаат од самото раѓање.
Јас би сакала да направам и рамки за слики со нивните отпечатоци од нозете и рачињата,баш би било слатко :)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Имам, ама само за поголемото. Не ја купив, некој ми ја подари. Пишував, ама и заборавав да запишам.
Криво ми е и тоа многу, оти не си купив и за помалото, од немукает, додека се свртив си летнало времето.
Чудна работа, од поголемото имам и повеќе фотографии, поготово од првите месеци. Ми се чини ја сликавме на секои 5 минути, со пелени, без пелени, чек сега се насмеа, чек сега се сврте лево, чек сега погледна десно, леле еве се насмеа.... абе секоја ситница ја сликавме. Сѐ ни се чинеше дека е чудо невидено :)
Не дека помалово помалку ни беше важно или помалку сакано... ама ете, нефер родителско однесување.
И ако дојде ден кога ќе ми префрли, ќе ќутам и нема да знам во која дупка да се пикнам, оти во право ќе биде.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Да го оставев случајот на жена ми, ни син ми ниту па ќерка ми ќе имаше радосница :)
Ама имаат :) Гледаме да пишуваме што почесто ама последно време скоро и заборавивме дека постои.
Да бидам искрен сега темава ме потсети дека постои радосницата.
За син ми бевме така малку позаинтересирани да пишуваме, некако сега ни идат повеќе обврски и се заборава.
Инаку е убав детаљ да се има, оти сакал нејќел нешто ќе заборавиш, а вака кога е запечатено, кога има и слики не се заборава :)
Интересен податок е што во радосницата од ќерка ми има и слика каде што се’ уште не е родена. Бевме на преглед во три де, и жена ми сакаше да ја земеме сликата за дома, па после ја ставивме тука.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Caci

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Не сум имала моја радосница но дефинитивно ќе имам (здравје Боже) за моите дечиња.
Тоа е еден прекрасен спомен што ќе остане за нив.
Еден вид на мини дневник каде што се напишани најбитните работи од почетокот на нивниот живот па се до школските денови.. :) па прво зборче,па забче,па семејно стебло,па косичка,па прв роденден,крштевка,слики,што добило детенцето за роденден,па кој бил па кај се славело,па на крај и листа со пораки од гостите...преубаво (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Имам, ама само за поголемото. Не ја купив, некој ми ја подари. Пишував, ама и заборавав да запишам.
Криво ми е и тоа многу, оти не си купив и за помалото, од немукает, додека се свртив си летнало времето.
Чудна работа, од поголемото имам и повеќе фотографии, поготово од првите месеци. Ми се чини ја сликавме на секои 5 минути, со пелени, без пелени, чек сега се насмеа, чек сега се сврте лево, чек сега погледна десно, леле еве се насмеа.... абе секоја ситница ја сликавме. Сѐ ни се чинеше дека е чудо невидено :)
Не дека помалово помалку ни беше важно или помалку сакано... ама ете, нефер родителско однесување.
И ако дојде ден кога ќе ми префрли, ќе ќутам и нема да знам во која дупка да се пикнам, оти во право ќе биде.

Е да знаеш дека ќе ти се лути кога ќе порасне,зашто дада има повеќе слики кога била мала од мене,зашто мене не сте ме сликале....:D како јас што им се лутев на мајка ми и татко ми што имаа милион слики од брат ми од бебе а од мене ниту една,па незнам какво бебе сум била... но не било намерно,можностите биле такви,ама сепак пропуст е и криво ми е.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Да,имам радосница која ја добив за подарок кога се роди малата и многу ми е драга.
Многу убава работа искрено,во неа се си запишав,први зборови,запчиња,чекори,слики,кои инаку би ги заборавила,а сигурно и на ќерка ми ќе и биде интересно кога ќе си ја разгледува во иднина.
Слика немам во моментот,ама ќе ја сликнам и ќе прикачам :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and JaMi

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
violetmoon Taa Sum.. LittleButterfly споделете го вашето мислење,дали им купивте радосници на вашите деца?Или имате во план?! Ако имате некоја слика споделете како изгледаат :)
Не купивме ја добивме на поклон кога се роди малото...
Поубав поклон мислам дека не можеше да постои...
Многу убава работа е.
Му запишав во нејзе буквално се...и секој ден надополнуваме со новитети.
Најинтересно ми беше кога му стававме отисоци од рачињата и стапалцата. Преслатко. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and JaMi

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Имам радосници и за двајцата,за првиот е до пола напишана,другото е за кога ке тргне на учили[те,а за вториот уште сме на почеток тек имаме само 2 месеца :D И двете радосници ми се поклон и многу ми се драги.Навистина има се да можеш да запишеш..Слика моментално немам,ама ке ги сликнам специјално :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci