1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Радосница

Дискусија во форумот 'Деца' започната од Caci, 24 август 2013.

  1. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    радосница е книга за бебињата од самото раѓање па до една годинка... внатре во неа се запишува се за малото, од самото раѓање, па до првото зборче, капење, кашички, сокчиња, одмори и секако се ставаат и слики... јас лично не бев запознаена дека постои и такво нешто но кога ја видов за прв пат ми се допадна премногу, па му купив една и на мојот син, во неа има се, има и да му ги прецрташ рацете и нозете :) еве ваква е
    78_14_32_15__21__6_20127100289.jpg

    што мислите вие за истите? дали сте имале такви радосници?
    дали тие форумџии кои што веќе имаат деца им имаат купено на децата :)
     
    На Gemini, Сара.13, Mila Kunis и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,405
    Јас имав кога бев мала на српски јазик ама моите не ја пишувале :zelen
    Но затоа кога ќе имам јас деца ќе им купам и ќе запишам се за нив :biggrin Баш би било интересно кога ќе пораснат и се запозаат од самото раѓање.
    Јас би сакала да направам и рамки за слики со нивните отпечатоци од нозете и рачињата,баш би било слатко :)
     
    На bonboonka, melpomena и Caci им се допаѓа ова.
  3. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Имам, ама само за поголемото. Не ја купив, некој ми ја подари. Пишував, ама и заборавав да запишам.
    Криво ми е и тоа многу, оти не си купив и за помалото, од немукает, додека се свртив си летнало времето.
    Чудна работа, од поголемото имам и повеќе фотографии, поготово од првите месеци. Ми се чини ја сликавме на секои 5 минути, со пелени, без пелени, чек сега се насмеа, чек сега се сврте лево, чек сега погледна десно, леле еве се насмеа.... абе секоја ситница ја сликавме. Сѐ ни се чинеше дека е чудо невидено :)
    Не дека помалово помалку ни беше важно или помалку сакано... ама ете, нефер родителско однесување.
    И ако дојде ден кога ќе ми префрли, ќе ќутам и нема да знам во која дупка да се пикнам, оти во право ќе биде.
     
    На melpomena, JaMi и Arkantos им се допаѓа ова.
  4. Аркантос

    Аркантос Romanticist

    Зачленет на:
    23 август 2012
    Мислења:
    2,353
    Допаѓања:
    3,846
    Да го оставев случајот на жена ми, ни син ми ниту па ќерка ми ќе имаше радосница :)
    Ама имаат :) Гледаме да пишуваме што почесто ама последно време скоро и заборавивме дека постои.
    Да бидам искрен сега темава ме потсети дека постои радосницата.
    За син ми бевме така малку позаинтересирани да пишуваме, некако сега ни идат повеќе обврски и се заборава.
    Инаку е убав детаљ да се има, оти сакал нејќел нешто ќе заборавиш, а вака кога е запечатено, кога има и слики не се заборава :)
    Интересен податок е што во радосницата од ќерка ми има и слика каде што се’ уште не е родена. Бевме на преглед во три де, и жена ми сакаше да ја земеме сликата за дома, па после ја ставивме тука.
     
    На lady_blue и Caci им се допаѓа ова.
  5. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,528
    Не сум имала моја радосница но дефинитивно ќе имам (здравје Боже) за моите дечиња.
    Тоа е еден прекрасен спомен што ќе остане за нив.
    Еден вид на мини дневник каде што се напишани најбитните работи од почетокот на нивниот живот па се до школските денови.. :) па прво зборче,па забче,па семејно стебло,па косичка,па прв роденден,крштевка,слики,што добило детенцето за роденден,па кој бил па кај се славело,па на крај и листа со пораки од гостите...преубаво (happy)
     
    На Caci му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mila Kunis

    Mila Kunis Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,279
    Допаѓања:
    3,528
    Е да знаеш дека ќе ти се лути кога ќе порасне,зашто дада има повеќе слики кога била мала од мене,зашто мене не сте ме сликале....:biggrin како јас што им се лутев на мајка ми и татко ми што имаа милион слики од брат ми од бебе а од мене ниту една,па незнам какво бебе сум била... но не било намерно,можностите биле такви,ама сепак пропуст е и криво ми е.
     
  7. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,492
    Допаѓања:
    14,405
    violetmoon Taa Sum.. LittleButterfly споделете го вашето мислење,дали им купивте радосници на вашите деца?Или имате во план?! Ако имате некоја слика споделете како изгледаат :)
     
    На Arkantos, MoonFairy и violetmoon им се допаѓа ова.
  8. violetmoon

    violetmoon Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2,648
    Допаѓања:
    5,728
    Да,имам радосница која ја добив за подарок кога се роди малата и многу ми е драга.
    Многу убава работа искрено,во неа се си запишав,први зборови,запчиња,чекори,слики,кои инаку би ги заборавила,а сигурно и на ќерка ми ќе и биде интересно кога ќе си ја разгледува во иднина.
    Слика немам во моментот,ама ќе ја сликнам и ќе прикачам :)
     
    На Arkantos и JaMi им се допаѓа ова.
  9. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,277
    Допаѓања:
    1,898
    Не купивме ја добивме на поклон кога се роди малото...
    Поубав поклон мислам дека не можеше да постои...
    Многу убава работа е.
    Му запишав во нејзе буквално се...и секој ден надополнуваме со новитети.
    Најинтересно ми беше кога му стававме отисоци од рачињата и стапалцата. Преслатко. :)
     
    На Arkantos и JaMi им се допаѓа ова.
  10. Taa Sum..

    Taa Sum.. Староседелец

    Зачленет на:
    17 април 2012
    Мислења:
    233
    Допаѓања:
    444
    Имам радосници и за двајцата,за првиот е до пола напишана,другото е за кога ке тргне на учили[те,а за вториот уште сме на почеток тек имаме само 2 месеца :D И двете радосници ми се поклон и многу ми се драги.Навистина има се да можеш да запишеш..Слика моментално немам,ама ке ги сликнам специјално :*
     
    На Caci му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: