Највеќе досега ми се погодила една од најевтините пудри, а тоа е течната на Алверде од ДМ, која ја земав некаде 300-400 денари, што е џабе во споредба со Римел, Буржуа, Диор, итн, кои биле скоро никакви.
Хелти Микс на Буржуа ми беше океј едно време, но премногу не ѝ дава на кожата да дише, па ја баталив.
Највеќе спасот си го најдов во обична, евтина BB крема од Балеа, комбинирана со подлога од Есенс од зелена глина (зелено е и пакувањето) за намалување црвенило. Така, ем не делува дека се имам извајано, а имам фина покривност и супер сјај на кожата. Имам и BB крема на Нивеа која за нијанса повеќе ми се допаѓа ради покривноста и мирисот, но истата е доста темна, па ја користев само летово, измешана со малку светла пудра.
Да имам чисто лице, никогаш не би ставила ништо повеќе од крема со заштитен фактор и малку ВВ.