Мене најдобра пудра за секој ден ми е од Севентин time+. Ама ми се потроши, па моментално ја користам powder mat make up од менхетен. Не иде баш како течна пудра иако е во такво тубиче... Некако е по кремаста и е супер за мрсно лице. Ми ја донесоа подарок од Германија и сум презадоволна од неа, ама не се осмелувам истата да ја купам од тука оти си знаеме нашиве со каков квалитет се
.
Инаку ја имам користено и од ревлон, ама да ви кажам како гипс да ставав на лицево. Има супер покривност, тоа не е спорно, ама по тешка пудра не сум користела. Добра е само за свечени прилики, онака по ретко, де.
Ве читам ја спомнувате импала. Женски, не ставајте се на лицето. Тоа е катастрофа од пудра. Плус имам слушнато дека содржела вештачки колаген кој што го уништувал природниот колаген што ни е на кожата (за ова не ме држете за збор, само така сум слушнала), ама како и да е последно нешто на кое што треба да се штеди е пудрата за лице.