И после стигнуваш да зборуваш за луѓе што осудуваат што некој отишол да разговара со психолог/психијатар, а ти осудуваш начин на изразување
Знаеш што се дисаѓи? Е сѐ додека гледаме само во предниот дел од дисаѓите (оној што ни е пред нос), сѐ до тогаш, не само како нација, туку како планета ќе бидеме на ова рамниште, оти „другите“ држави се светлина, затоа што не знаеме што се случува во нив.
Ти прв/а употреби пример за тоа какво е нивото на ментален склоп во другите држави (објаснувајќи за тоа дека се плаќаат казни ако некој не отиде на „неделната сесија“), јас само ти презентирав дека и „таму“ во „рајот“ не е сѐ така светло. Употребувајќи ги другите земји како пример (претпоставувам на Западот мислеше), дава за знак дека знаеш нешто „плус“, а сега велиш не живееш ваму, таму, зборуваш за Македонија. Како ја споредуваш ако не знаеш како е на друго место?
И да, баш ме брига дали те заморува тоа да ме читаш или не, бидејќи членуваш на форум. Ако не си расположен/а (читај способен/а) за дискусија, дебата, жалам, бидејќи тука секое мислење би требало да биде прилагодено да развие дискусија... за тоа е нели? Во спротивно ќе си пишувавме сите во дневници, скриени зад седум брда и планини, и ќе си водевме монолози.
П.С. Свети Петар и не ти е некој релевантен сведок за состојбата на свеста на народот во однос на конкретнава тема.