Проза

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Се трудам да најдам енергија за да можам да те разберам зошто функционираш на начин кој не е познат за мене. Ти си како една мистериозна книга, со авантуристички наслов кој не носи ништо друго освен невоља. Ова со тебе е како патување со брод. Ни до пола не успев да стигнам, а ти веќе ми предизвика бродолом. Се трудев да не потонам, се трудев да не потонеме ние, но зарем љубов е кога само едниот сака ? Љубов ли е кога само едниот се труди ?

Ти се движиш како капките дожд на големиот прозорец во мојата соба. Секогаш скршнуваш од тој пат што јас го сметам за вистински, онај поврзан со иднината и со нашете постоење како една целина... и наеднаш ќе исчезнеш исто како капката, ќе те нема некое време и пак ќе се појавиш кога догорува последната искра во мене.

Јас сум личност што не живее во сегашноста зошто премногу сум оптоварена и постојано мислам на иднината. Ја сакам со тебе. Премногу ја сакам. Често се наоѓам во занес и си замислувам како полека ги облекуваш високите штикли и го закопчувам ремчето додека рацете нервозно ми се тресат. После тоа едвај успевам да си ја наместам венчаницата. Па доаѓаш ти толку прекрасен и само мој. Ти ја доловувам сета среќа што ја чувствувам преку солзите што ги гледаш на моето лице. За прв пат те гледам и плачам од среќа. Се враќам во реалноста и се загрижувам зошто не знам дали таа среќа ќе ја имам со тебе. Гледаш не зависи тоа од мене, мораш и ти да сакаш да си среќен со мене, а верувај јас ќе те направм најсаканиот човек на планетата.

Секоја вечер те мислам пред да почнам да сонувам. Барем на сон дојди и милувај ме. Сакам да ми ја погалиш костенливата коса и да ме опиеш со бакнежи, нежно да ме прегрнеш и да не ме пуштиш се додека не заспиеш. Само сон ли си ти или платонска љубов ? Биди вистинска и реална за да ти покажам што можам кога силно љубам.
 

Dorina

Активен Член
20 октомври 2017
93
71
28
50
Како го ловев волкот...
Една црна ноќ, без месечина,како што обично се случува, му засветеа очите во темницата, ја осветлиа за момент мојата душа, и исчезнаа во темнината. Останав магепсана од неговата дивост и сила, затечена, наивна и неподготвена. Кога си дојдов на себе, одлучив: мора да го имам тој волк!
Секако бев добро опремена, храброст и одлучност. Со неодолив женски шарм и интуиција и нежност пред која и каменот се стопи.
Но,сфатив дека тоа не е обичен волк, тоа беше опасен осамен волк, далеку од чопорот, недостижен и див... само што и јас не бев обична мала црвенкапа, туку подивена тигрица ,не помалку опасна од него.
Го барав во темнината со денови повикувајќи го,се додека не излеземе на момент, и изненадно се судривме рикаше и бегаше без да остави трага.... бев тигрица и го почувствував тоа по мирисот, не се чувствував исплашено ....ги барав неговите очи во кои се рефлектираше небото... но ги држеше очите скриени, знаејќи дека ќе биде опиен со зеленилото на моите очи.
Ја ловев оваа опасна ѕверка извесно време, го ловев и кога ловот на волци беше забранет. Мислев роден мој... мил мој,јаден мој ќе те најдам и ќе ти помогнам и ќе те сакам како што небото на твојата татковина те сака, и ќе бидеш питом во моите раце како што те гушкам под чисто небо покриено во твоето крзно од зима...
Но постојано ми бегаше,постојано .... додека не сфатив дека на волците не им треба љубов, туку слобода и дивина....
се откажав....
и сега понекогаш го слушам мојот осаменик како завива под месечина и чувствувам дека стариот волк повторно мириса во воздухот, па како ги следам неговите траги повторно. Му се доближам толку блиску што можам да се стиснам и да го допрам!..... И така на сребрената месечева светлина ги здогледувам светлуцавите искри во неговите тажни очи и чувствувам... самотијата боли.... во самотијата никој не е среќен....
....знам дека и волците плачат понекогаш....
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Можеби не е начин, можеби е погрешно а веројатно има и сериозна доза на забеганост.
Прашањето "шта би било кад би било" виси како рѓосан Дамоклов меч веќе предолго.
Реалноста, со агонијата и болката кои ги носи би била претежок товар за многумина.
Дали пишувањето има терапевтски квалитети?
Можеби.
Let`s find out then.

Датумот беше први Декември.
Оттогаш минаа цели 12 истоветни датуми, 12 годишнини кои за неа и за него беа нешто свето, нешто нестварно убаво.
Тој датум не беше датум на свадба, едноставно беше датумот кога сосема случајно се запознаа.

Иако и двајцата не планирале да бидат присутни на "ивентот" поради неодгатлива игра на Судбината сепак се упатиле на тоа место. А таму, релативна гужва, место не особено погодно за запознавања на идни брачни другари.
И така, наговорени од пријатели, случајно наоѓајќи се на исто место, случајот сакал да им се сретнат погледите.
Она што на двајцата им било далеку од памет, запознавање на личност која ќе им ги смени животите, морало да се случи тогаш, таму, во тој момент, бидејќи животот е непредлидлива и опасна игра, каде бран по бран се менуваат случајноста и намерата, каде ако се испушти приликата таа повеќе никогаш не се враќа.

Алекс, ноншалантно посматрајќи наоколу забележа еден пар навистина необично големи црни очи како се сретнуваат со неговите. Некое интензивно чувство на возбуда го исполни за неколку кратки минути. Не, тоа не беше нагон, тоа беше нешто кое му беше сосема непознато.
Црните очи припаѓаа на средно висока, црнокоса, можеби малку послабичка отколку обично девојка.
Валентина во тој период беше крајно меланхолична, можеби и благо депресивна како резултат на низа фактори од кои повеќето беа надвор од нејзина контрола. Тоа влијаеше на нејзиниот израз, нејзините очи, нејзината "аура" која ја еманираше наоколу. Кога нејзиниот поглед се сретна со неговиот, Валентина сосема малку поцрвене, физиолошката реакција беше побрза од разумот, како што обично и бидува.

По неколку минути, не обазирајќи се на конвенционалните правила кои кажуваат да не се зјапа постојано во одредена особа, Алекс имаше прилика да ја види целосната слика на Валентина, можеби не баш класично убава, или барем не убава во онаа смисла во која не учат медиумите и интернетот. Немаше тука некои особени облини или испакнати делови. Но имаше нешто необјасниво убаво, девојка облечена во црно, со најголемите очи од оваа страна на Атлантикот, со елегантниот, скоро дури Викторијански став, како некоја од оние симпатични Англичанки кои ги овековечил големиот Анри Тулуз-Лотрек во своите слики и плакати.
Алекс, години подоцна не можеше да се сети точно како беше облечена неговата најсакана при првата неочекувана средба. Некои работи се недостижни за меморијата, колку и да сакаме да ги повикаме. Но тоа и не беше важно. Важно беше чувството на одредена паника која се вовлече во умот на Алекс, човек кој многу добро ги знеше каприците на Судбината, кој знаеше дека не смее, еднсотавно не смее да ја остави ситуацијата во статус-кво.

Дваесетина минути после првата средба на неговите очи со очите на Валентина, Алекс започна да собира храброст да го направи она кое делуваше сосема природно во тој момент, да ги премине тие десетина метри, да и пружи рака и да се запознае со необичната девојка која очигледно беше дојдена сама на тој настан.
И тој тргна напред. Свесно се трудеше да ја сокрие радосната возбуда и да не делува чудно. олку тоа му успеваше никогаш нема да дознае. Но без разлика на све, снежната топка која ќе покрене лавина во нивните животи, полека започна да се тркала низ падината на Животот.

"Здраво" со мирен глас изусти Алекс. "Изгледа дека не сум единствен кој стои сам во оваа просторија".
"Изгледа не си" одговори Валентина.
Звукот на нејзиниот глас пријатно го изненади Алекс до таа мера што заборави да се претстави.
"Дали може да се запознаеме?" праша со насмевка. Валентина одговори потврдно кажувајќи го своето име. Дури тогаш низ умот на Алекс се протна неговото име кое и го кажа во тој момент.
Ракувањето потраја прилично многу, како и на двајцата да не им се пушташе раката на оној другиот.
Валентина од своја страна немаше ништо против да се запознае со необичниот дечко со широки рамења и симпатично лице кое во тие моменти беше обземено од пријатна насмевка.

And so their lives intertwined.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
"Никој не ме научил така".
Тивкиот глас на Тина стана уште потивок одговарајќи на прашањето зошто не се сака себе си, а тоа прашање дојде како последица на нејзиното одбивање да прифати дека некој ја сака, особено ја сака толку многу.
Како може некој да биде сакан кога самиот или самата себе се смета дека не вреди да биде сакана? Дека е онака, океј за физичко допаѓање, можеби во ред за задоволување на нагони, но не и за емоционално ангажирање, на збор и на дело.

За среќа или не, Лекс ја имаше добиено битката за прифаќање на самиот себе како почетна точка од која тргна во она што го сметаше за подобрување на својата психо-физичка појава. Сосема му се допаѓаше сопствениот мисловен процес, уживаше во својата нагласена емотивност и сентименталност. И така, бидувајќи затрескан како само што луѓе кои имаат радост во душата можат, ја откри и својата најсериозно изразена емпатичност.
Буквално ја чувствуваше болката на Тина, и физички и духовна. И сакаше таа болка да престане, еднаш засекогаш, дел по дел, ден по ден, битка по битка, низ рововите и минските полиња на минатото, низ маглата и реата на мислењето на средината, низ смрдеата на рамнодушноста на наводно "блиските".

А таа средина, тие блиски или далечни го злоупотребиле минатото на една неверојатна жена како што беше Тина.
Растејќи низ адолесценција, бидувајќи повисока од просекот, прекарите "бандера" и "даска", алудирајќи на отсуството на очигледни облини кај неа, заедно со милион други муабети пред и зад грб оставиле трага на нејзината психа.
Тина сакаше да му каже на Лекс за злобата, за настаните кои ја мачеа иако беа далечно минато.
Бараше простор во неговата душа, во неговите очи, во неговата прегратка.
И конечно, знаеше дека дека има бришан простор пред себе, дека може да го каже сето она кое го криела толку време, знаеше дека двајца имаат сила за четворица, дека ако ништо друго, ќе се обидат да се зацелат себеси со помош на меѓусебната љубов.

"Зборувај ми, љубов моја. Кажи ми кој, каде и како ја повредил твојата душа, најубава на светот" тивко изусти Лекс на увото на Тина.

А таа знаеше дека тоа не се само зборови, дека зад нив стои цело човечко битие чие внимание беше посветено на неа. На збор и на дело.

Не се сметаше себеси за посебно привлечна, веројатно како последица на влијанието на околината, а можеби и поради некоја друга причина. Затоа од почетокот беше изненадена од страста со која нејзините усни се среќаваа со неговите, ја засмејуваше неговата симулација на "касање" при што нежно оставаше ситна трага на своите заби на нејзиниот врат или рамена и од пропратните изјави.

Гледајќи во неговите очи, преку очилата со сериозна диоптрија, Тина знаеше дека Лекси има некоја тајна.
Екстремната интелигенција не и пречеше да биде и необично, понекогаш застрашувачки интуитивна.
Знаеше дека нејзината љубов нешто крие, дека некои демони сеуште се мотаат низ неговата глава, роварат некаде во катакомбите на неговата потсвест.

"Кажувај ми за демоните, најубав мој. Ќе ги истерам на површина и ќе ги уништам."