1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Проза

Дискусија во форумот 'Поезија и проза' започната од bacdac, 28 февруари 2012.

  1. bacdac

    bacdac Полноправен Член

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    47
    Допаѓања:
    19
    Хеј ангелу зошто плачеш зошто тие небесни очи кои зрачат како осамено ѕвездено небо во тивката и мирна поларна ноќ се навлажнети со црвени засеци на тој бел блесок од твоите солзи кој пак блесок е поттик на неправдата која ти ја учинила личноста која најмногу ја сакаш, или пак разочаран си затоа што таа сеуште ја нема плашеќисе дека можеби пеколните демони ја украле и ја заробиле длабоко во нивните зандани каде нема да можеш да ја спасиш и да ја најдеш. Ајде англу ти вечен двигател на сите добрини што се случуваат на земјата кој пак добрини произлегуваат од твоето срце кое неуморно чука секоја ден за луѓето кои добрината која им ја даруваш ти ! ја гледаат како бесценет подарок кој знаат и доста добро да ја споделат со своите најблиски, за луѓето кои како бедуини шетаат низ сушната пустина жедни за вистинска љубов зачинета со минерали на искрена љубов како и збогатена со калциумови зрна до непресушниот извор на вечната љубов како и уморни од долгиот пат на многуброњите болки во нивните срца зададени од пустинската фатаморгана исполнета со неверства и неправди како и камшикувани од многуте лажни надежи кои како врели кашици уште повеќе го уморуваат твоето тело. Но ангелу немој да ги стегааш и грчиш твоите прекрасно свилени усни кои при изгревот на сонцето зрачат со руменило на божествено овоштие кое е набрано од за тебе дозволеното но и свето дрво и со голем труд сплотени во твојата усна даваќии лансирачка сила на твојот здив налик на моќно оружје ја уништуваш сета неправда околу нив а потоа со последните сили на твојата душа се молиш за среќата на изнемоштените, несреќните, како и слепите луѓе кои знаат да љубат и сакаат.
    Ангелу ти храбар чувар на небесено добриот свет во кој доброто срце наоѓа вечен мир и почивка, ти господова сило и силен воин покажи го своето семоќно лице кое зрачи со добрина од едната половина а праведност од другата половина а низ овие две половини како молња испреплетено поминува среќата која е толку силно зацврстена на тоа цурово добро лице на кое нема место за солзи и тага, воскренисе и избришиги тие солзи кои како кисели капки го уништуваат твоите прекрасни очи кои се создадени капеќисе во рајските водопади заедно со најубавите ѕвезди а потоа од страна на најстарите ангели пренесени до најубавиот облак да попримат од неговата нежност споредена со најубавите ангелски криља па за крај да можат исцрпно да прима од боите на виножитото кое би му ја дала убавината и силата на ангелските очи кои секогаш кога ги гледам како тие ме галат и гледаат мене но и се борат за она што го сакаат и што го љубат како што ангелот се бори да го има она што го сака покрај себе.
     
  2. bacdac

    bacdac Полноправен Член

    Зачленет на:
    27 февруари 2012
    Мислења:
    47
    Допаѓања:
    19
    Дали би почнал со небо како симбол на вечниот рај или би почнал со подземјето како симбол на смртта проклетиот пекол.
    Ти секогаш за мене ќе бидеш небесна добрина и милост вдахната во тело создадено по мерака на демоните а оживеано во темните одаи на притаеното зло кое ги отвара твоите пеколни очи навлажнети со солзите на одмаздата кои пак очи се потцртани од сјајот на премногуте убиени души заедно со нивните тела кои вечно заробени стојат на твоите гради.
    Покриени од темниот пламен на интимната љубов која како вечна клетва ги опкружува твоите гради недаваќи до нив да дојде зракот на лажливата љубов патем гореќија секоја личност која ќе се обиди да го повреди тоа прекрасно тело, кое е поврзано со ледениот трон со кој владее праведното ледено срце кое е носено во рацете на љубовното сениште кое излегува од твоето тело убиваќи ја околина која сака да те оттргни од тоа по кое сеништето тргнало од тоа што го сакаш од тоа што ти е мило и свето и кое когаби го немало твојата душа би останала прогонета во пеколните лавиринти на љубовниот копнеж.
    А кога сето ова ќе се надгради со божествената љубов и цврстина а усоврши со непроценливата пеколната убавина, мудрост и воинственост се раѓа нова раса на воин кој е плод на интимните односи помеѓу божествената и демонската љубов.
    Ослободуваќи се од вечната борба на спротиставените светови тргнува во вечна борба по човекот кој вечно го сака патем одземаќи го неговото топло срце и спојуваќи го до нејзиното ѕидајќи една непобедлива љубовна ѕидина предводена од пеколна власт под заштита на неговите рајските криња, пишуваќи ја љубовната историја заедно со својот сакан слог по слог, откуцај по откуцај се додека нивните срца живеат.
     
  3. LoveDealer

    LoveDealer Староседелец

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    180
    Допаѓања:
    563
    Го избрав небото, сакам високо да летам, но не сама.. Ти си ми потребен.. Од многумина те избрав тебе, ти кој од првиот допир ми ги насолзи очите. Ме натера да заплачам. Да, нежна сум, но тоа не значи дека сум слаба. Само сакам да верувам во љубов, сакам да верувам дека не си како другите. Тешко е да сакаш без да бараш за возврат да си сакан. Онаа ноќ посакав да замрзне со времето. Ме гледаше среќна, насмеана зарем тоа не ти е доволно ?!.. Нели ме чувствуваш како треперам во твојата прегратка ?.. Ме бакнуваш, ми се слизнува солза низ лицето, тивко ме прашуваш зашто плачам. Не ти одговорив затоа што се плашам да ти кажам што чувствувам, плачам од среќа што те пронајдов.. Ме чуваш себично од светот... Ми требаш да ме гушнеш, да бидеш покрај мене, да бидам спокојна. Ми требаш секое утро, да се разбудам со мирисот на љубовта. Многумина не можат да ме сфатат и тешко е знам. Тешко е да ја слушнеш мелодијата во моето срце, тешко е ако никогаш не си љубел.
     
    На 048 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Astrostoper

    Astrostoper Активен Член

    Зачленет на:
    5 март 2012
    Мислења:
    224
    Допаѓања:
    249
    the Nomemory Card
    Седат двајца насмеани. Седат минута, две, десет, 50, сто. Рака на срце, треба само да седат и да се насмеани. Но се движат, како во некоја куклена претстава. Без сценарио, без ред, како Хаос да е нивен прабог. Седат двајца насмеани а минутите одминуваат. Имаат и по некоја реплика, извадена од тоа несценарио, а да некој луд сценарист сепак би решил да ги стави на хартија, верувајте, дека не би имало смисла во ниту една комбинација на нивното редење. Очигледно репликите не се важни во претставата која тече. Да е балет, не е, да е пантомима, и тоа не е. А обидувајки се например, да ја споредиме петата со шеесетседмата минута, нема да откриеме некоја разлика. Боже мили, вака прераскажано излегува дека е кардинално досадно. И се наметнува прашањето- зошто тие не сакаат да заврши. Зашто се засмеани? Затоа? Ако не ви текнува зошто, тогаш не знам да прераскажувам тоа, што го гледам. Заминав а се прашувам дали уште седат таму двајца насмеани. А не се прашувам, но сум убеден дека тие на ништо нема да се сеќаваат, освен дека биле насмеани.
     
    На parvati и lady_blue им се допаѓа ова.
  5. Slatki4ka

    Slatki4ka Полноправен Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    42
    <3 <3 <3 Кога срцето силно се крши <3 <3 <3



    ...Ако некогаш ова писмо ти дојде до раце а ти горејки од љубопитност желно да го прочиташ,за миг наврати се на нас и на она што некогаш го имавме.А ги имавме љубовта и среката,ги делевме заеднички.И ке видиш едно неискусно девојче како стои пред тебе и во рацете држи ,,срце,,што ти го подава а ти само го вртиш грбот.Тогаш срцето се крши во девојчинските раце,а од очите и истекуваат солзи.Кутрата девојка плаче од преголемата болка,но и од пресилната љубов што ја чуствува за тебе.Ти продолжуваш напред,чекориш гордо,но одеднаш нешто се случува.Таа ја крева главата си ги брише солзите,а насмевката пак и се појавува на лицето.Ти застануваш се свртуваш назад,го довикуваш нејзиното име но се е залудно..НЕА ЈА НЕМА.Слушаш гласови,извици и на задоволство и смеа..Понесен од некоја чудна сила тргнуваш напред следејки ја во чекор.Во еден миг ни сам неможеш да поверуваш.Девојчето кое до пред малку беше тажно и скршено сега се смее и е срекно во прегратките на момчето.И што?Ти пага мрак пред очите и свакаш што си имал,а бесмислено си го отфрлил од себе.Каде се сега оние што ти давале ,,СОВЕТИ,,да те одвратат од лошите патишта по кои си тргнал,следејки ги твоите другари и бездната во која западна.Можеби во некој друг живот на некој друг свет,повторно ке се сретнеме,но не сум сигурна дали ке остане нешто од онаа љубов што сме ја имале.Дали пак ке бидеш срекен со девојчето кое те сакаше повеке од својот живот...
    [​IMG]
     
  6. Anushka

    Anushka Полноправен Член

    Зачленет на:
    6 декември 2013
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    52
    Дури и со затворени очи можам да те познаам...Имаш специфичен мирис што продира низ мене,се шири,струи низ вениве и ме обзема целосно..Твојот мирис е како сончев зрак на лице,му се радувам секогаш кога ќе ме допре..Некогаш мирисаш на дожд,знаеш дека уживам во дождот...сакам да е по мене,насекаде на голата кожа..исто како ти,на секој милиметар од телово..Мирисаш на возбуда зошто знаеш да ми ги надразниш сетилата и да ме натераш да лебдам...Некогаш мирисаш на горчина,ми стоиш во грлово секогаш кога сакам да те викнам а те нема...Уф...и колку само мирисаш на грев..Мој грев...И не би побарала да ми простат..Зошто да барам прошка за едно боженско уживање ???...Можеби само мало слатко каење после целосно предавање...Ама неее !!....Мирисаш на грев а јас ги подавам рацете по тебе..Како да те знам,те познавам во гужвата помеѓу илјада лица..и сите се исти а тебе те познавам по мирисот...Оној ист што го замислувам по мене,оној што е залепен и впиен во порите...Те познавам по дишењето зошто ти трепери здивот..се плашиш.Знаеш,те замислувам во темна соба...добро,свети свеќа за да можам да се удавам во тебе и да останам таму...Мирисаш на мојата потреба по тебе...додека ми шепотиш,додека те осеќам на мојот врат,додека ме допираш по усните со твоите..ах...отров и мед...сладок грев....И додека ме милуваш по градите и со дланките правиш телово да лебди и да паѓа и да трепери и да доживее ерупција и безброј оргазми... додека ме допираш...полудувам...а ти мирисаш на мрак..Не знаев дека мракот има мирис додека не те осетив тебе во него,додека не потонав со целиот бит..силуета во твоите раце,сенка на ѕидот збесната од возбуда..Можам да те познаам по мирисот..Ти можеш да имаш илјада лица и ниедно име...во моите мисли можеш да си само сенка..ама секогаш...кога и да се појавиш...не можам да сум рамнодушна,морам да те впивам во себе зошто Ти мирисаш на љубов.......
     
    На Iris*, Lena и Prashina им се допаѓа ова.
  7. Anushka

    Anushka Полноправен Член

    Зачленет на:
    6 декември 2013
    Мислења:
    15
    Допаѓања:
    52
    Знаеш...веќе сум уморна.Уморна сум од бркање духови од минатото,уморна сум од давање љубов на погрешни лица во погрешно време...Зарем не знаеш дека немам сила повеќе ? Зарем не ти е чуден сјајот..оној што некогаш го имав ама..сега веќе НЕ..Се изморив од докажување дека светот е убав,додека ти ги отварав очите да ги видиш убавините-јас спиев.Јас не видов дека е залудно..Уморна сум..Сеуште се враќам назад.пешачам безброј километри по оган..те чувам под перницата и таму те наоѓам секогаш кога ќе падне мракот и ќе ме распара тишина..Уморна сум од лаги,уморна сум од-" целиот живот ќе сум тука,не си одам..не јас"..Да,ТИ..Колку само лесно го избриша моето верување-а некогаш проклето без резерви ти верував..Ме болиш..и упорно се враќам милиони километри назад низ сеќавањава..можеби некаде има одговор..Можеби некаде чекаш со раширени раце,некаде каде што те покрила темина-те сокрила од мене..Болиш..и убиваш..и пак ме болиш..Уморна сум од тебе..уморна сум од себе,уморна сум од овие две души што се бркаат како сенки по ѕидот и никако да се сплотат во едно..Сакам да одморам,да ги затворам очиве и само..да одлетам некаде каде што не те знам,каде што никогаш нема ни да те сретнам..Ама чудна работа е среќата..Јас со мојата среќа каде и да побегнам те носам со себе,како сенка залепена за стапалата,како отчукување на срце,како...како се што ме тера да живеам и ми се смее во лице додека ме убива полека..Колку сурово..Уморна сум од бркање духови..Мислев дека имаш доблест да сакаш барем приближно колку јас тебе а заслепена не ја видов празнината во твоите очи..Да,тие..очите не лажат..да погледнев подлабоко ќе видев..можеби..ќе видев дека немаш душа..И сакам одмор..сакам да се испружам на ладна земја додека ме покриваат звезди,да погледнам во тој бескрај..да побегнам некаде далеку од тебе,да се изгубам од сите лажни надежи и прашања без одговори..Уморна сум од бркање духови...не повеќе..НЕ ТЕБЕ !!!
     
  8. Female

    Female Староседелец

    Зачленет на:
    18 јануари 2013
    Мислења:
    125
    Допаѓања:
    183
    За НЕА
    Нема како неа. И да бараш во милиони, тешко дека ќе најдеш. Треба многу да се измачиш за да ја пронајдеш. А кога ќе ја пронајдеш, ќе се чувствуваш како да си го освоил светот, како да си стапнал на месечината…Знаеш дека е тешко да ја задржиш, ја одмеруваш секоја постапка внимателно, затоа што е непредвидлива како дождот во пролет, затоа што е сонце кое ти го осветлува денот. Без неа се чувстуваш празен како неиспишан лист во тетратка, а знаеш дека со неа можеш цел свет да го имаш на дланка. Ја чуваш себично како најомилената играчка во детството, плашејќи се да не ти ја земе некој друг. Но, треба да бидеш внимателен со неа. Ако ја повредиш, нема да ти врати со одмазда, туку со насмевка. Можеш само еднаш да ја изгубиш, но безброј пати да посакаш да ја вратиш. Еден ден цел свет може да го преврти за љубов, а следниот ден веќе и е гајле за се. Сама знае и сама успева како да сврти нов лист. Сама знае како да продолжи понатаму без да се сврти назад. Не е егоист, не е самобендисана, ама знае точно кога и со кои луѓе како да постапи. Не го сака принципот “памти-па врати” затоа знае дека ако те погледне во очи, ќе те погледне без срам и без грижа на совест. Можеби малку е наивна и не ги проценува луѓето веднаш, но дозволува нивните јазици да си го одредат местото во нејзиниот живот.
     
    На Дримм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Одекнува звукот на моите потпетици кршејќи ја тишината на милион делчиња од звуци.
    Прекршени спомени испреплетени со замислени соништа и нељубени љубови.
    Заглавени можности во мојата шарена фантазија.
    Што ќе беше ако?
    Прашање кое би требала да го поставам некаде на моите 80.
    Мириса дождот кој со денови не престанува да паѓа.
    Пригушено жолто-кафеаво светло ја разбива монотонијата на ноќта.
    Од некаде ја гледам неговата насмевка како виножито пред себе и ги развлекувам усните во насмевка.
    Колку убаво одекнува звукот на неговото смеење.
    Како ехо низ спомените.
    Не знам каде е.
    И не сакам да знам.
    Ништо не сакам да знам за него,а знам се.
    Го знам она што никој не успеа да го открие.Се знам себе.Се запознавам полека.
    Исти сме.
    Мислев дека само така едноставно контролирајќи си ги мислите,нурнувајќи се во работа и обврски ќе го заборавам.Брзо.Како и сите останати љубови.
    Ама ете го,мајчин.Сеуште е тука.
    Сеуште ме гонат моментите кои ги минавме заедно. А не се малку.И убави се.Необични.Несекојдневни.
    Ме гонат како сеништа.Ги бркам, ги сокривам, ги избегнувам..а тие се погласни,се поприсутни се.
    Не се осмелив да се препуштам на него.
    Се плашев од она што е,од хаосот кој е предвиден со неговото присуство.
    Се плашев од неговото минато,
    од неговите навики кои изгледаа опасно во споредба со мојот мирен живот.
    Се плашев да не ме повлече на..на еден пат кој,не е мој.
    Двајца сосем исти,на два различни агли од животот.
    Студенило ми го обзема телово.
    Го облекувам долгиот сив џемпер и воздивнувам прашувајќи се :
    Што ќе беше ако?
     
    #9 Lena, 19 јуни 2016
    Последна промена: 19 јуни 2016
    На Lady* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    971
    Јас сум само една мала ѕвездичка која скршнала од ѕвездената патека. Веќе не сјаам како порано и никој не се восхитува кога ќе ме погледне. Еден ден го сретнав него... тој беше како некое соѕвездие. Сите ѕвездички што го сочунуваа како совршено да беа поставени и како да го пратиле кај мене за да се љубиме. Но, тој припаѓаше на друга галаксија... не сакаше да ми даде шанса како што заслужувам. Почна да го гасни моето светло и да ме остава во темнина и мрак, а јас го чекав со денови, со недели со месеци. Немаше ден да не помине, а да не помислам на неговата топлина, на неговиот блесок и сјаниот поглед. Знаеше ли дека навистина ми значи ? Знаеше каква бура предизвика кај ѕвездичка како мене ? Тој беше навикнат на сечие внимание. Во неговата галаксија опкружен со стотици други, кои секогаш имаа што да му понудат, а тој да прифати.

    Ги гледав планетите секоја вечер и ја молев Месечината, главната одговорна за чувствата да ја исполни мојата желба. Чекав многу долго, но најпосле се појави пред мене, совршен како и секогаш. За момент како да беше магма, зошто почнав да се топам во неговата прегратка. Во тој момент ја распали мојата празна утроба и почнав силно да светкам. Во тој час и половина, како да беше дел од мене, како да кружев околу неговата орбита. Ниту еден не побудил вакви чувства. Тој предизвика неутронски ѕвезден судир.

    Тоа е судир на страст и емоции и продолжување како една целина или тотална деструкција на ѕвездичките. Не беше важно во тој момент. Јас ќе бидам сведок на твоето постоење и ќе те сакам оддалеку, ќе те сакам засекогаш, а ќе сјаам се помалку секој ден. Ќе те чекам со светлосни години. Можеби како ѕвездичка би те имала засекогаш, само мој за да те возвишувам.
    Се надевам ќе сфатиш што значи да си љубен и единствен. За мене тоа си, а јас не знам дали постојам за тебе. Проклетство ли си за да го згасниш моето постоење ? Среќна ќе е таа што ќе ја избереш, а јас би умрела од тага за тебе. Како да се приближувам до црна дупка. Нема спас... само кажете му дека ми е се, ТОЈ Е ЉУБОВТА НА МОЈОТ ЖИВОТ и дека ГО САКАМ НАЈМНОГУ ВО ЦЕЛА ГАЛАКСИЈА! (star)
     
    На Kisserboy и misti.diva orhideja им се допаѓа ова.

Сподели: