Провинцијалска идеја за екскурзија

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Е де полека, не реков дека ја постанав новинар, текстов беше премногу долг, па затоа е ставен во колумна, јас сум само средношколка. Дур дојдам до тоа има муви да лапам. Поентата беше иронија, текстов беше наменет за да си го прочитаат дотичните. Тоа сакав да го доловам а не за изигравам про колумнист туку само да го споделам моето мислење. Нека си се средени, ако, ама цела ден во автобус да правиш избриши - нашминкај се, преслечи се, и петсто слики со три мемориски, од дента кога се трга, дур трае цел пат, и да неможе никој да спие ради три девојки е премногу, нели? И буквално секој да ги моли да престанат, не? Женчињата не пиеа, а се сликаа пред кафемати. Што е разликатааааааааааа со Италјанскиот и нашиот кафемат? Некоја од нив да ми појасни ЕДНА ! Што сака ќе и дадам, ете јас проста сум не разбирам. Што е разликата што во македонија кафето не го пијат а во италија го пијат? Пиењето е нормална работа да, ама седум дена неконтролирано аклохол да пиеш, а да стојш со едно пиво ко ќе се вратиш...Малку смешно не?
Не треба да си новинар за да пишуваш колумни... јас и гонзо на форумов отвараме хумористични теми со рима и мал сенс на уметност низ делови... тоа не не парви сит даун комедијанти или кловнови:zelen

Ај да ти одговорам на поставените прашања што е најлесно да се образложи.
Кафето во Скопје на кеј е 60/70 денари, на кафемат е 20/30.... во Италија кафето на плоштад во Милано или кое било радном место е 4,50/5 евра....на кафемат не сум пиел али сигурно цената е драстично помала би рекол 1-1,50 евра. Што има повеќе да образложувам со кафинава? Башка и кога си на екскурзија кафето е ирелевантна ствар, ако имаш потреба внесуваш кафетин и бегаш на сликање.
Пиењето е обврска на секој средношколец или студент поготово кога се работи за екскурзија надвор од државата.... ниеден муабет не започнал со- ти текнува кога пиевме швепс? Исто така треба да се дооловат најдобрите ефекти додека си вон присуство на твоите а не пред таткоти да повраќаш во вц. Иначе се пие додека се има пари, кога ќе се потрошат прекинуваш со пороците. Факт е дека најголемиот дел од парите на студентите и средношколците се трошат на алкохол кога се надвор од државата, и тоа не е нешто ненормално.
А во врска со спиењето не си пошла таму на спиење.... абе опуштисе максимално, издржи таа една недела, нека биде напорна и незаборавна. Ако се вратиш без подочнаци и енергична од еден таков провод, не си го доживеала максимумот.
Во врска со целиот текст имам само една реченица околу омаловажувањето- Your argument's is invalid, try again.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Гледаш? Веднаш почнуваш со расправии и навреди.
Ама треба да знаеш дека има луѓе кои не може да ги вреѓа тој што сака, туку тој што може. Ти неможеш.
Не ме ни познаваш :)
Јас во првото твое „излагање“ забележав хејтерски начин на гледање.
Во другите твои излагања се обидуваше да го докажеш својот став а не успеваше.
Во секој случај ние сите што ти коментираме одлично сфативме што сакаше да кажеш, ама изгледа ти не знаеш што ние сакаме да ти кажеме :)

Знам што сакате да ми кажете. Перфектно, обожавам критики. Но зошто јас да го прифатам твоето хејтање, а ти моето не, или општо мојот став и мислење? Со самото тоа што се буни некој на секој втор пост незначи дека ке смени некого. Доволно е од еднаш некој да даде критика, и некој да размисли каде згрешил, ако е доволно паметен тоа, или ако воопшто му одговара. Од критики се еволвира - знам, ако немаше спротиставен став некој, ќе останевме во камено време. Многу мразам кога 34058409540895489758457943 луѓе ќе напишат едно исто и тоа се повторува бесконечно. Што, има натпревар за кој подобра негативна или позитивна критика ќе напише? Поштувам искреност, но не и збирање лике под коментар затоа што мнозинството така одлучило,па ај да напишам коментар само да сум поприфатен. Не свајќај се лично инаку, не зборам тука само за тебе, или за тебе воопшто туку општо. И нели и ти не ме познаваш? Капираш, секој има одбранбен систем. Темава ја пишав со полна рака иронија и сарказам. Така сакав. Пробав поблаго да ви објаснам да не ме доживувате како хејташ, зошто не сум таква, само сум премногу иронична.Знам дека е нормално да се пронајде некој во темава и да го здоболи премногу па да напаѓа. Некогаш боли вистината. Па нема да ни одговара премногу сарказам во текстот, и една реченица ќе ја тупиме, за да префрлиме некој хејт, и ќе ставаме -колумниста- во наводници, а јас не се ни прокламирам како еден. Не се расправав,нит сакам ниту имам намера, верувам во слога, ниту сакав да те навредам, извини ако образложувањето на тоа колку пати сум напишала едно исто од различна перспектива некакооооо те навреди.Извини длабоко. Не зборев за тебе конкретно туку општо, што приметив по сајтов. Немам намера да создавам никакви непријатели а камоли виртуелни. Се најдобро Аркантос, сепак сакам да си ми пријател, ако не се согласуваме на оваа тема, незначи дека нема да се согласиме на наредната нели?
 
Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Не треба да си новинар за да пишуваш колумни... јас и гонзо на форумов отвараме хумористични теми со рима и мал сенс на уметност низ делови... тоа не не парви сит даун комедијанти или кловнови:zelen

Ај да ти одговорам на поставените прашања што е најлесно да се образложи.
Кафето во Скопје на кеј е 60/70 денари, на кафемат е 20/30.... во Италија кафето на плоштад во Милано или кое било радном место е 4,50/5 евра....на кафемат не сум пиел али сигурно цената е драстично помала би рекол 1-1,50 евра. Што има повеќе да образложувам со кафинава? Башка и кога си на екскурзија кафето е ирелевантна ствар, ако имаш потреба внесуваш кафетин и бегаш на сликање.
Пиењето е обврска на секој средношколец или студент поготово кога се работи за екскурзија надвор од државата.... ниеден муабет не започнал со- ти текнува кога пиевме швепс? Исто така треба да се дооловат најдобрите ефекти додека си вон присуство на твоите а не пред таткоти да повраќаш во вц. Иначе се пие додека се има пари, кога ќе се потрошат прекинуваш со пороците. Факт е дека најголемиот дел од парите на студентите и средношколците се трошат на алкохол кога се надвор од државата, и тоа не е нешто ненормално.
А во врска со спиењето не си пошла таму на спиење.... абе опуштисе максимално, издржи таа една недела, нека биде напорна и незаборавна. Ако се вратиш без подочнаци и енергична од еден таков провод, не си го доживеала максимумот.
Во врска со целиот текст имам само една реченица околу омаловажувањето- Your argument's is invalid, try again.

Добро чоек а сликањето пред кафемат? Не реков дека се изнаспав таму побогу. Но бар да стојам на нозе да можам кога шетам таму. Незнаеш кој глупи работи се случуваа. Не дека јас не пиев не се журкав и не лудував. Но боље да се испијанам пред моите отколку пред цел свет и само еднаш во мојот живот Италија. И да не видам ништо а нели сите прв пат одевме. Да пијам цела ноќ по пат во бус неконтролирано и после на пеесет степена да седам во автобус зошто неќам во рим да прошетам, мене..не ми е нешто посебно. Во право си и ти инаку, но ах иронијата....И три кафиња да ги дрндаш на секоја пауза е исто колку едно солидно направено, или еден ред бул побогу ако неможе да те крене кафефо и онака никогаш не пиеле беше муабетот. Сепак те разбирам можеби премногу остро и од поинаква перспектива пристапив на темава и онака лекцијашки звучев сепак и ти си во право донекаде, но јас мислам дека убаво е да имаш селф-контрол па затоа со многу YOLO фаци имам спротивни мислења.
 
Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Го прочитав целиот текст како и коментарите. Се чувствувам како да прочитав книга...роман:):)
Он топик - Те разбирам што сакаш да кажеш, но можеби твојата исфрустрираност повеќе зборува отколку самата ти. Во животот често ќе наидуваме на луѓе кои добиваат одредени работи на далеку полесен начин од нас другите. Уште во прво одделение ја научив таа лекција. Приказната е следна. Имав другар школски кој до осмо не научи да чита, беше немирен, безобразен, глупав, празноглав и сеуште сметам дека има некакво пореметување во главата. Тој секоја година завршуваше со СИТЕ ПЕТКИ без ниеден неоправдан (а на час како кога доаѓаше), само поради тоа што мајка му работеше во училиштето. За мене дете без ниедна обратна мисла ми беше тешко да го разберам фактот дека тој со такво однесување и на таков лесен начин доаѓа до она за што јас макотрпно да се борам секој ден преку цела година. Потоа сфатив дека тоа дете никогаш нема да биде комплетна личност, никогаш нема да биде иста неговата 5 и мојата. Јас секогаш ќе знам дека тоа е мој труд кој само + ќе ми дава во животот. Сега сум апсолвент, имам просек 9.5 , читам книги, имам широко интересирање за многу аспекти од животов, мојот труд е ценет и од околината а што е најважно се ценам јас самата, а тој се уште не знае да чита, остана заглавен како во осмо одделение... ете така му помогнаа тие петки. Биди своја, но немој да бидеш таков хејтерски настроен бунтовник. Немој да ги кривиш овие невини деца кои сакаат според тебе да изигруваат “кремци“, зарем не гледаш што налага запад? Преку реклами, филмови, идиотски риалити шоуа?? Се тоа влијае на тие неоформени глави кои се како сунѓер кој упива се што е ново. Ти ете си исклучок и биди среќна што си, но немој да се чудиш зошто 90% од младината е подложна кон перење на мозокот...и немој да ги осудуваш. Има повеќе под таа маска на “кремци“...верувај. Поздрав;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

simply love it. Фала, во право си, не сум единствена што се фрустрирам но можеби се фрустрирам премногу. Јас не сакав ништо да добијам со ова, освен да прочита барем еден од нив, и да остави било каков коментар, па да видам дали му светнало или не. Инаку дечки, фала на сите, сепак ценам, знам што сакавте да ми кажете, и можеби понекогаш одам до екстрема, но само сакав да потенцирам и поентирам некој работи. Ценам искреност и здрав став. Фала на сите. Лов ту ју ал. ^^
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Откако ја прочитав колумнава имав желба да пишам многу работи.
Среќа што откако ги прочитав сите останати коментари сфатив дека драгите црнобели форумџии пишале горе доле се што јас сакав да пишам.
Мене колумната воопшто не ми се допадна, ниту се согласувам со неа. Низ коментарите е образложено зошто.
И ориентирај се кон себе, сврти се кон својата внатрешност - твоите фрустрации, желби и уживања, изживеј ги своите 16-17 години на свој начин и не обрнувај внимание на другите.
Не дека имам кој знае колку повеќе од тебе ама - ехеее ќе вриштиш врз колумнава кога ќе ја читаш за некоја година. Од проста причина што е глупава незрела нервоза : )
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Знам што сакате да ми кажете. Перфектно, обожавам критики. Но зошто јас да го прифатам твоето хејтање, а ти моето не, или општо мојот став и мислење? Со самото тоа што се буни некој на секој втор пост незначи дека ке смени некого. Доволно е од еднаш некој да даде критика, и некој да размисли каде згрешил, ако е доволно паметен тоа, или ако воопшто му одговара. Од критики се еволвира - знам, ако немаше спротиставен став некој, ќе останевме во камено време. Многу мразам кога 34058409540895489758457943 луѓе ќе напишат едно исто и тоа се повторува бесконечно. Што, има натпревар за кој подобра негативна или позитивна критика ќе напише? Поштувам искреност, но не и збирање лике под коментар затоа што мнозинството така одлучило,па ај да напишам коментар само да сум поприфатен. Не свајќај се лично инаку, не зборам тука само за тебе, или за тебе воопшто туку општо. И нели и ти не ме познаваш? Капираш, секој има одбранбен систем. Темава ја пишав со полна рака иронија и сарказам. Така сакав. Пробав поблаго да ви објаснам да не ме доживувате како хејташ, зошто не сум таква, само сум премногу иронична.Знам дека е нормално да се пронајде некој во темава и да го здоболи премногу па да напаѓа. Некогаш боли вистината. Па нема да ни одговара премногу сарказам во текстот, и една реченица ќе ја тупиме, за да префрлиме некој хејт, и ќе ставаме -колумниста- во наводници, а јас не се ни прокламирам како еден. Не се расправав,нит сакам ниту имам намера, верувам во слога, ниту сакав да те навредам, извини ако образложувањето на тоа колку пати сум напишала едно исто од различна перспектива некакооооо те навреди.Извини длабоко. Не зборев за тебе конкретно туку општо, што приметив по сајтов. Немам намера да создавам никакви непријатели а камоли виртуелни. Се најдобро Аркантос, сепак сакам да си ми пријател, ако не се согласуваме на оваа тема, незначи дека нема да се согласиме на наредната нели?

1. Во ниту еден момент не почнав хејтерски(ниту пак некој почна од форумџииве) да ти враќа на постот. Само енергично застанавме во одбрана на другите кои се и тоа како навредувани затоа што си го живееле животот различно од она што ти го сакаш и практикуваш.
2. Иронијата сарказамот е нешто што може многу лошо да делува ако се користи во многу нападен стил. Нешто што ти си го направила. Си претерала, а се’ што е претерано не чини.
3. Јас не се навредувам. Ти кажав, може да ме навреди само оној кој може а не оној кој сака.
4. Многу ми е мака што сакаш да се извадиш некако но неможеш,затоа што ти енергично се обиде да не’ навредиш. Еве ќе ти кажам со што:
Мислев дека нема толку да се тупи и ќе се свати поентата, дури ме мрзи и да се објаснувам на секое. Ќути си ако, и ја ќе си ќутам џабе зборам изгледа.
- ова се твои зборови, не мои.
5. А ако некој од тука сакаше да те навреди или понижи или незнам што прво што ќе направеше е тоа што ќе ти укажеше на милионите граматички грешки што „колумнист“ не смее да си дозволи да ги направи.
Ги увидов грешките и молчев, онака, затоа што си сеуште средношколец, и сеуште можеби не ги знаеш, а ти не‘ напаѓаш, осудуваш, напаѓаш други...
 
Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Јас бев далеку од - се интересирав. И јас гледав да си поминам убаво, и си поминав, уживав фала богу, или барем гледав, се додека не ми беа оспорени работите што сакам да ги правам, заради она што сакаат да го прават само дваесет души. Не озборувам, далеку од тоа, го напишав на форум чисто да знаат, и да им се поткрене самосвеста ако некако воопшто може за тоа колку е тоа нефер од нивна страна. Почитувам и манекенки, и оние што следат мода, и оние што се средуваат, фала богу девојка сум не одам батал и јас сакам исти работи како и тие. Но тоа НЕ Е ПОЕНТАТА.

Ни самата ти незнаш што е поентата. Во текстот пишиваш едно, во коментари објаснуваш сосема друго.

Јас го напишав најдобро што знаев на тогаш кога го пишував ова, бидејќи е по одамна, не се масирам со едитирање, само не очекував луѓе да се задлабочуваат во една реченица, и константо да бараат мани, па ја да објаснувам што сум сакала да кажам по петпати тука, и да го кажувам од секоја можна перспектива и гледна точка за да се свати на што мислам. Мислев дека нема толку да се тупи и ќе се свати поентата, дури ме мрзи и да се објаснувам на секое. Ќути си ако, и ја ќе си ќутам џабе зборам изгледа.

Како тоа сите ние што не можеме да ја сфатиме поентата на колумната што ни ти самата не можеш да си ја сфатиш сме тупи, а ти паметна. Знаеш, провинцијалско однесување е и она кога некој мисли за себе дека е најпаметен, и ги нарекува другите тупи, глупави и сл. Како и да е, кога веќе си решила да пишуваш колумна, и да ја објавиш на јавен форум, очекувај и негативни коментати (сите беа негативни, али нема веза). Не се оправдувај што била поентата, ти убаво ја објасни во текстот, и сите ние што ја прочитавне ја сфатиме скоро исто. Нареден пат внимавај што пишуваш, зашо онака навредуваш повеќе групи на луѓе. И, немој да мислиш дека си најпаметна, затоа што од паметниот секогаш има попаметен.
 
The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Добро чоек а сликањето пред кафемат? Не реков дека се изнаспав таму побогу. Но бар да стојам на нозе да можам кога шетам таму. Незнаеш кој глупи работи се случуваа. Не дека јас не пиев не се журкав и не лудував. Но боље да се испијанам пред моите отколку пред цел свет и само еднаш во мојот живот Италија. И да не видам ништо а нели сите прв пат одевме. Да пијам цела ноќ по пат во бус неконтролирано и после на пеесет степена да седам во автобус зошто неќам во рим да прошетам, мене..не ми е нешто посебно. Во право си и ти инаку, но ах иронијата....И три кафиња да ги дрндаш на секоја пауза е исто колку едно солидно направено, или еден ред бул побогу ако неможе да те крене кафефо и онака никогаш не пиеле беше муабетот. Сепак те разбирам можеби премногу остро и од поинаква перспектива пристапив на темава и онака лекцијашки звучев сепак и ти си во право донекаде, но јас мислам дека убаво е да имаш селф-контрол па затоа со многу YOLO фаци имам спротивни мислења.
Јас и на магаре еднаш се имам сликано, и шо ме прави тоа- сељак?
За другото нема што да коментирам, испаѓа повторно да се повотрувам.... само да те прашам:
Дали ти беше матичар на екскурзијата, и ти беше битно што прават другите, а не што правиш ти?
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А, зошто уствари се спомнува дека има сарказам и иронија во текстот т.е. колумнава? I see none... (think)
Колку што мојов затупавен мозок има перцепирано, сарказам и иронија се скриено исмевање, метафорично, а овде се` е изнесено директно. И како само 20ина од тие души биле такви кремци поради кои сте “страдале“, а ваму само ти се самопрогласуваш црната овца и жртвеното јагне?

И, ко што е редот, да одговорам.
Препрочитај уште еднаш за делот на кремците - не ги омаловажувам оние што немаат, туку кремците што одат во кинески и земаат роба од таму, а се фалат сме се сликале пред гучи, ме разбираш ли мила? Ако беа кремци ко што треба зошто не купија од тој бутик? Зошто не се осмелија да влезат? А се прокламира - ајм кремац енд ај ноу ит. Ако, нека сакаат гучи, нека се сликаат пред гучи, но нема ли елитни марки и во Македонија? Продавници со таква роба?
Не се викам Мила, и збориме за Италија, еден од центрите на високата мода, каде една проста маичка со натпис на брендот може дури до илјадници евра да достигне, а сигурно никој родител нема да даде на детето толкава пара, уште помалку пак само за една маица, па да може истото да си дозволи да влезе таму.
Кај нас, во наш “елитен“ бутик, за 2-3000 ќе ја најдеш истата маичка што таму на попуст чинела 30.000 наши денари, што ти одговара на поставеното прашање „Нема ли елитни марки во Македонија?“, ама битно нели, овде си крем де ла крем, оти твојата е поскапа од оние 5 за 300 во Шутка, иако на времето стоеле во истиот турски подрум со “брендиранава.“
Едноставно, во држава ко нашава, не можеш да си дозволиш народот да го делиш на кремци и црни овци. Стандардите не ни го дозволуваат тој луксуз. Еве, во Америка, Конверс старките се едни од поевтините и се ко некој вид на дефиниција за таа посиромашна, тинејџерска, несфатена и бунтовна раја. Овде кога ќе го купиш истиот Конверс за 3.500, ти си кремац.
Кремац си, зошто е луксуз да издвоиш 3.500 од минималната т.е. просечната наша плата, што изнесува 8.050 денари.
Затоа, и од Шутка ако купуваат таквите што ги декларираш ко ванаби кремци, а знаат да застанат со истото “парталче“ пред елитна, светска продавница, никој не може да им мрчи и да им го забрани тоа, ако истото ги исполнува.
Јес да кај нас е изопачено сфатен поимот “кремац“, ама остај ги, ќе пораснат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo