Драги мои, денес би сакала да ве запознаам повеќе со провинцијалскиот живот, поточно со поголемиот дел на таквото општество. Ете конкретно ќе ја земеме училишната екскурзија во Италија како најсвежиот настан оваа недела.
Ескурзијата се смета како најголемиот и најважен настан во трета година. Пред таа екскурзија најпрво се крева голема врева околу подготовките и тоа: кој да има поскапи пижами, кој ќе има пошарен куфер, кој ќе има најмногу гардероба со себе и такви сличности. Tоа не дека e нешто премногу потребно туку чисто ради show-off за да се види кој колку пари има и кој е по ‘ИН’. Бидејќи најчесто во провинцијални градчиња облеката те прави јак, кул и шема (нема врска фактот што си зел 5 маички за 300 денари од шутка битно е да си кремац) зошто немаш предиспозиции да се фалиш со ништо друго освен со гардеробата бидејќи толку ти сече 'кликерот'. Но за тоа друг пат, да не се бега од темата, воглавно поентата ми беше дека размислувањата тука се многу плитки и заостанати.
Како втор фактор за провинцијалска неизживеаност и мизерија е самиот пат до Италија,односно паузите. Автобусот тресе, дрма, дупки, падини, долини,и секој нормален би спиел, а дамите извадиле 2983948 лакови, шминки, чешли, млека за тела, силиконски капки за коса и што уште не за да бидат убави во автобус бидејки кремците строго во автобус сликаат, за кога ќе се стигне во Рим да нема теоретски шанси да имаш батерија. Исто така има маткање со куфери и „масирање“ на професори и возачи на секоја пауза, за да може нели дамите цело време да се пресоблекуваат за на секоја слика да бидат во различна гардероба и кога некој ќе ги праша „што ти виде од Италија чедо мое?“, тие да одговорат „па воглавно во автобусот шеткаравме и си правевме фотки“. Исто така тука е карактеристичен случајот – гадење од бензиските тоалети.Тие дами се толку префинети и толку чисти што нема смисла да влезат во секакво веце, не ни јадат од секое ресторанче секаква храна ( а всушност вистинската причина е што незнаат како се пушта водата од чешма и што е тоа сензор ). НО кога цигарата ќе им падне во вир и кога ќе видат дека 5 евра е пакло тогаш фино поштено ќе ја кренат и ќе ја запалат. Тука исто може да се наведе и сликањето пред кафемати и пиењето кафе на секоја пауза (бидејќи нели не виделе кафемат) па нема врска после што на возачот ќе му се качат на глава да сопре на бензиска - за тоалет во кој не сакаат да идат. Па цела ноќ жалење дека не можат да спијат, гњавење рандом фаци, и ќе се филмаат им е лошо и ќе пијат апчиња за спиење и алелуја во четири наутро може ќе склопиш око.Утредента, цел ден на плус 50 степени ќе ќиснат во автобус од умор наместо да се посети некоја знаменитост како остатокот на нормални луѓе. Но битно е да си ШЕМА. Кога веќе збориме за машките, тие секој викенд се сосем задоволни густирајќи само едно пиво кога се излезени, и никогаш во живот не биле пијани, но нормално доаѓа турнеа, па време е за „курчење“ и гледаат кој повеќе „дрво“ да се направи, пиење цел ден и ноќ и после ќе се касни и ќе се пропушта се. Браво дечки баш сте КУЛ и сите цури просто ви се восхитуваат на подвигот дека сте испиле само 3 пива и не сте трезни ниту свесни што зборите. НЕ.
Трет блам е самото сместување каде секој се тепа за соба, бидејќи не се способни да врзат друг муабет освен со другарчето со кого биле цел живот.Па се крева огромна паника за секој да се смести и неможе крај да им се најде на такви фаци цели 6 часа, па сите се криви што хотелот наместо по 4 кревети има капацитет по 3, па ајде солзите на очи и ќе се однесуваме како првачиња што мама ги оставила сами.Патем истото се случува и со седиштата во автобус, влезена цела фамилија внатре и се кавгаат со класниот каде да седи нивната „принцезичка“ да не и било прежешко, ни преладно, ни близу до вратата, ни незнам што. Сра-мо-та !!!
Четвртиот „фејл“ е да појдеш до Италија, да останеш трезен и да стигнеш до Рим, Венеција или кој и да е од преубавите градови, но да не ги видиш!
Причина: Шопинг
– за да неможе да ти се затвори куферот, и за да го изгубиш цел ден барајќи работи поевтини од 2 евра.И кога ќе ги најдеш на едно место во најевтиниот бутик, да се враќаш по 349850945809348 пати, за со секоја нова купена блуза да ти дадат нова торбичка, за да можеш потоа со што повеќе торби да се сликаш пред салоните на познатите марки како што се D&G ili Gucci, нема врска што ти си со кеси од ChinaShop во раце.И секако сликата мора да е со десна нога напред, бидеќи денес секоја втора девојка е перфектна и префинета манекенка, со напрчено газе и со дакфејс и на едно такво место се прават најмалку 20 фотки за да има што да се стави на фб бидејки тоа е се што виделе од Италија.
Ете тоа драги мои е живот во провинција,каде за да си ИН сосем е нормално и да се продадеш себеси, односно тоа е и морално, но мислам дека подобро е да бидам црната овца, отколку да го правам она што во никој случај не би ми одговарало и да прифајќам секакво мислење од некој фаци само да сум КРЕМ. Точно е дека овцата која забегува од стадото ја јаде волкот, но има и друга вистина која вели дека сите овци еден ден ќе бидат изедени, дали од волкот или од овчарот не е важно. Па тогаш си го задржувам правото да бидам црна овца и да стојам настрана, наместо да го следам овчарот цело време па после да сум продадена за ниска цена и да бидам одрана, па вака ако не друго барем ќе можам да гледам како другите овци трчаат како муви без глави.
Deviously Devilish