Причините зошто младите „капацитети" ја напуштаат Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

D.Kettering

Нов член
14 февруари 2013
18
22
3
Ти нема да очекуваш директорско место ако имаш завршено на познатите универзитети во светот? За некој е мерило за знаење,али би рекла дека се се заснова на пракса.Без тоа ништо.
Нема да очекувам, туку ќе работам да го заслужам истото. Штета што се потценуваат нашите универзитети. Плус, учењето нема допирна точка со праксата.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Нема да очекувам, туку ќе работам да го заслужам истото. Штета што се потценуваат нашите универзитети. Плус, учењето нема допирна точка со праксата.
џабе ти е диплома машко.....сестра ми е дипломиран лаборант со високи оценки ене ја седи дома. Ако немаш врски и пријатели или не си дудлач, овде нема место за тебе. Има само за ситна работа.
 
D.Kettering

Нов член
14 февруари 2013
18
22
3
џабе ти е диплома машко.....сестра ми е дипломиран лаборант со високи оценки ене ја седи дома. Ако немаш врски и пријатели или не си дудлач, овде нема место за тебе. Има само за ситна работа.
Јасно ми е се тоа друже, тоа и го спомнав... Друг беше муабетот :)
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Причини... претпоставувам дека е причина затоа што е една.
Причината зошто ја напуштаат Македонија е финансиска причина, односно финансии за понатамошно преживување, егзистенција и иднина која би можел да си ја пружи на самиот себе и на луѓето кои се околу него.
Најпрвин да коментирам за луѓето, па потоа и за Македонија.

Секој просечен човек е доволно амбициозен да има што повеќе и повеќе пари, макар и си го остави здравјето во замена за парите.Барем македонциве колку и да земаат пари се повеќе и повеќе им треба. Баш лично имам ваков пример да ви кажам во врска со вујко ми којшто најпрвин одеше на работа т.е. пракса околу 1-2 години без да зема плата, потоа почна да зема по 10 тина илјади па не му беа доволни и така со текот на времето платата му достигна и до 25-30 илјади месечно и пак тој се жали дека не му е доволна платата за да ги покрие своите трошоци и потреби.Често е да сретнеш семејство кое што нема доволно пари да се прехрани и бара спас во друга држава да работи, најчесто родителите се со цел да соберат што е можно повеќе пари. Но, мислам дека темава беше за младите така да би треблао да ја занемарите последната реченица, но како и да е...

Нашата чудесна Македонија..... факт е дека ние како држава сме слаби, не сме доволно развиени и стапката на невработеност е околу 30% што за држава којашто е 4 милиони жители е навистина тешка. Платите се ниски,а трошоците особено прехранбените секој ден се повеќе и повеќе се зголемуваат,а платите си остануваат фиксни односно не се променуваат. Сегде е се приватизирано, веќе тоа што остана државно нема работа, работата некои старудии кои што нааполнале 60 и кусуро години,а немаат абер за заминување и оставање простор за младите да работат. Тешко е да се најде работа, а доколку се најде и платата е "смешна". Но од друга страна како држава и не сме баш некои ригорозни со казни што значи не прави послободни во државава да правиме делумно што сакаме ама не можеме да јадеме од необработената земја.... нели?
-Автоматски на ова иде премалку обрнуваме внимание на занаетите,а тие пополека "изумираат",а младината сака да е секој во фотеља која што е тешко изводливо доколку немаш свој таму.

Дури и со факултет е тешко да најдеш работа, затоа што како што реков пренатрупано е со старци, а малдината чека редици, а пријателите прават и тој што е после тебе да влезе пред тебе на работа како што беше случај со тетка ми која што чека со години да влезе на работа како наставничка до 4то одделение.

Е ова е мојот поглед кон нашата чудесна Македонија..
 
Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Да ви ги кажам моите причини?
Прво и најважно, преку глава ми е да мислам што можам да направам за државата, кога државата за мене се грижи помалку од 0,0000001%.
После, сакам да имам нормален живот, значи како секој млад човек сакам да живеам сама, ама со привремена работа, средна плата и ненормално високи цени на станови за изнајмување, ова ни на крај памет не ми доаѓа. Да не си ја заборавам професијата, можеш да се вработиш секаде, ама само ако имаш партиска книшка или ако имаш врски. Првото го немам и не сакам да го имам, а второто го имам, ама не сакам да го искористам и да се чувствувам должна некому, за работа за која ги имам сите квалификации. Да продолжам... Утре ќе имам деца, тие деца треба одат на училиште. Ќе тргне моето дете во средно и професорка ќе му биде моја другарка која во средно имала 11 единици на полугодие и на родителска ќе ми кажува како детето не учи и не е мирно. Што треба да направам во таа ситуација?:^) Да ја потсетам каква била таа, а каква е сега?
Еве, ќе останам, си работам за 300 евра, 150 идат на сметки во моја куќа (не зборам за изнајмена, туку наследена од родителите), остатокот иде за храна и облека. Што е со штедењето? Нели некогаш ќе сакам да имам пари на страна колку да купам нова кола или и таа ќе треба да биде на кредит кој ќе го исплаќам 5 или повеќе години со рата која е повисока од 1/4 плата?
Некој спомна послободен живот? Кој послободен живот? Не мислите дека за некоја година ќе станеме полоши од Американците во оваа смисла? Погледнете само колку е порасната стапката на напади меѓу Албанци и Македонци, Православни и Муслимани или пак обични крадци, педофили и наркомани. За убијци и самоубијци да не зборувам.

Од друга страна пак, имам шанса да отидам во странство каде со неделната плата можам комотно да живеам две недели(ете и недела ипол нека биде), ќе си работам според струка и според знаење со шанса за напредок и без замарање со политика. Таму, јас ќе изберам во кое училиште ќе одат децата, барем ќе знам дека дипломата ќе им биде признаена секаде во светот и ќе најдат работа по нивна желба, без партии и без врски. На крај, замислете, ќе можам да заштедам доста пари од основната плата, плус ќе доаѓам во Македониија секое лето, колку да ги научам децата од каде доаѓаат, кај можеле да живеат и да бидат благодарни за животот кој ќе го имаат.
И сега нека ми каже некој дека ќе остане овде да живее, а има шанса да се пресели...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прво, оценката на факултет не е мерило за знаење... Некој ги добива чесно, некој не... Друго, работа има... Ама луѓето не се нафаќаат, очекуваат директорско место од небо да им падне. За да имаме плати треба да го покачиме БДП. За да покачиме БДП, не треба да се правиме "од големото утро" туку да се фатиме за работа.
Ааа за болдот одма да те демантирам. Пред еден месец двајца мои другари (едниот со машински факултет, другиот со средно) излегоа да бараат работа, било што само работа да е. Прошетаа буквално во сите фирми во градов, само на 2 места им рекле „Оставете ни број, ако ни треба човек ќе ви се јавиме“ другите сите им рекле дека не им треба работник.
Велиш да качеме БДП? Со што ќе качиме БДП? Еве и да се отвори работа во помалите градови, со што? Мислиш будала е некој да се ака по 10 саати на работа секој ден и на крај да му каснат со плата по пола година (ене дома го имам примерот)? Треба многу работи да се средат со државата за да се качи БДП, а не да велиме дека народот не сака работа. Мислиш дека некој будала е дома леб и сол да јаде цел месец и да одбива работно место?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
  • Еден професор во гимназија во Македонија зема најмногу 25 000 денари(ако има полн фонд на часови, и ако има добар стаж, затоа што на секој 3 години стаж имаш зглемување од неколку проценти на платата) - Е сега одиш во Италија/Германија/Америка и за истата работа, како професор еве по Англиски јазик ќе си земеш минимум илјада евра.
  • Одлучуваш да одиш на факултет, студираш, магистрираш, некој и две магистратури спремаат, и на крај не успеваш да најдеш работа и едноставно бегаш надвор. Затоа што ти се потребни основни средства за живот - а тука ги немаш.
  • Одлучуваш да не одиш на факултет, и бараш каква било работа тука во Македонија. Келнер, комуналец, конфекција, во супермаркет, и сфаќаш дека имаш некој скромни средства за живот, а имаш прилика да одиш надвор - нормално заминуваш, за истата работа таму ќе земаш тридупло поголема плата.
Од сето ова би заклучил.
Парите.
Поради тоа бегаат сите Македончиња. Затоа што тука немаш живот.
Тука средната класа речиси не постои - онаа која може да „крпелка“ од први до први, не постои, тука постојат екстра ситуираните фамилии, и оние кои ги имаат само основните средства. Малку се оние семејства кој некако успеале да створат свој бизнис па може да си дозволат нешто плус и немаат потреба да бегаат надвор од Македонија.
 
Добра анализа ама забораваш дека и таму стандардот во другите држави е повисок така што и цените се високи, па и платите за разлика од Македонија.
ДА!
Добро е да заработуваш во туѓа држава за после тоа да ги користиш во Македонија, како на пример што правеа моите родилите пред 5-6 години кога работеја во Грција, а овде ги трошеа парите т.е. за задоволување на потребите.Значи оттука заклучлуваме дека треба таму да живеат да речам мизерно за после тоа овде да уживаат на некој начин.
 
D.Kettering

Нов член
14 февруари 2013
18
22
3
Ааа за болдот одма да те демантирам. Пред еден месец двајца мои другари (едниот со машински факултет, другиот со средно) излегоа да бараат работа, било што само работа да е. Прошетаа буквално во сите фирми во градов, само на 2 места им рекле „Оставете ни број, ако ни треба човек ќе ви се јавиме“ другите сите им рекле дека не им треба работник.
Велиш да качеме БДП? Со што ќе качиме БДП? Еве и да се отвори работа во помалите градови, со што? Мислиш будала е некој да се ака по 10 саати на работа секој ден и на крај да му каснат со плата по пола година (ене дома го имам примерот)? Треба многу работи да се средат со државата за да се качи БДП, а не да велиме дека народот не сака работа. Мислиш дека некој будала е дома леб и сол да јаде цел месец и да одбива работно место?

Па цело време тоа зборувам дека се е до народот.. Сите гледаат да зграпчат и да украдат што е можно повеќе... А не дека ги нема и такви што не бараат работа. Познавам и такви и такви. Со што? Со многу работи. Многу работи можат да бидат просперитетни во малите градови низ нашава земја.. Е сега што некој сака да експлоатира луѓе и да ги регистрира на најниска плата без придонеси и слично тоа е веќе друга приказна..
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
џабе ти е диплома машко.....сестра ми е дипломиран лаборант со високи оценки ене ја седи дома. Ако немаш врски и пријатели или не си дудлач, овде нема место за тебе. Има само за ситна работа.

Кога ке слушнам некој кога се нафака за дипломата посебно моите дома... Учиииииии да бидеш некој и нешто...
И?
Братучед учеше а сега вози такси и 10 години ја има дипломата...
Мојот зет учеше сега мора да рмба во Италија...
Исто и други примери можам да набројам.
А и бобо кажа на темава веке никој нема да одбие работа ама некој галами дека имало...
Кај бе има бе...Ке се лажиме ваму ?
Ама да кажам дека и во странство не е мед и млеко.
Знам случаеви кај што седеле со месеци без работа и се вракале назад.
Зборите... за платата во Италија... ај ке кажам пример за татко ми или за некој друг не мора да е за него.
Плата 1400...700 евра отидат само за станот ако е сам а и ако е со цимери оделува по 250 евра...другите за превоз,за телефон,за јадење...и ако прати кај нас во Македонија...А таму ако не платиш еден месец сметки ко партал ке те искараат.Oва само како пример го кажав.
И така...Никаде не е сјајно да не се лажеме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник