Препарати кои го забрзуваат растот на косата

Melanniee

Староседелец
28 февруари 2014
7
5
603
getImageThumbnail.axd
Eднаш неделно да се става на скалпот , може да се загрее малце .
vitamin-b.jpg
Може да се пијат , а може и да се стават и во шампон.
images
Шампонов е феноменален!!Во него може да додадете ад-капки и пантенол :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
- Има еден шампон, јас си го нарачувам од Албанија, преку една другарка, меѓутоа чув дека можело некако да се испорача тука, а и продавница ќе отвореле, колку е тоа точно, поима немам. Шампонот е во жолта боја, еден литар, од коњска срж. Од него косата расте ненормално лудо, а и не дозволува да опаѓа, го користам и сум презадоволна. Потоа откако ќе се избањам ставам мароканско масло за коса и глис. ( 1200 ден е инаку ) Топло ви го препорачувам.
 

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Шампон на Афродита од лук, шампон од бреза, 10 апсирини, 10 Б6 и маска за коса, масло од невен, рицинусово, чичково, бадемово во 500 мл шише. Со маслата исто масирајте ги корените и по потреба сувите врвови. После ваквиот третман плакнење со чај од камилица за природен здрав сјај на косата. Тоа е мојата магична формула за здрава коса.
Не постојат препарати кои значително ќе го стимулираат растот на косата, да не се залажуваме залудно. Единствен факт е дека здравата коса расте побргу.
Исфрлете од употреба било какви апарати кои користат топлина за обликување на косата, постојат алтернативи. Кога веќе е неопходно, користете спреј/крем за заштита на косата од топлина.

Најбитно !
1.Истрижете ги расцветаните врвови, нема друг начин да се санираат.
2. Жива глупост е залудно кратење на косата. Ако немате расцветани врвови, а се обидувате да ја пораснете косата, со месечна посета на фризер само ќе тапкате во место. Во идеални услови косата во просек расте околу 1.5 цм која е поентата да ги скратите ако нема вистинска потреба за тоа ?
3. Користете чешел со запци. Чешлајте се од врвовите кон коренот. Откажете се од четката која навидум го олеснува чешлањето и ќе забележите разлика во опаѓањето а и расцветаните врвови се поретка појава.
4. Точно е дека вистинската убавина доаѓа од внатре. Хранете се поздраво.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
3. Користете чешел со запци. Чешлајте се од врвовите кон коренот. Откажете се од четката која навидум го олеснува чешлањето и ќе забележите разлика во опаѓањето а и расцветаните врвови се поретка појава.
Не можам ни да замислам како би изгледало ова. Ако може да објасниш што подразбираш под „Чешлање од врвовите кон коренот“. Не зафркавам, сериозен сум.
 

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Долгата косата се плетка и пологично е буквално да почнеш со расчешлување на врвовите и да продолжиш нагоре кон корените на косата. Ако процесот го почнеш обратно, косата се тутка. Незнам како сликовито би опишала, користи имагинација, поточно чешел ако имаш долга коса и ќе ја забележиш разликата.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Чекај, ти збориш за постепено чешлање почнувајќи од врвовите така? Зашто чешлање од врвовите кон коренот ми звучи тотално нелогично.
 

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Да не одиме оф топик мислам дека разбра што сакав да кажам. Не се објаснав доволно, испадна дека препорачувам да се тапирате :D Постепено расчешлување на косата почнувајќи од врвовите.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Сум пиела Фитовал капсули, биотин и витамини за коса и нокти.
Од биотинот сум имала многу добри резултати. За три месеци косата ми порасна три цм.
Задоволна сум и од фитовал капсулите, меѓутоа недостаток е што косата пак паѓа.
На природна база кокосово масло, бадемово масло, рицинусово. Сите помагаат, меѓутоа треба повеќе време за да се видат резултати и не секој би ставал масло на коса. (star)
 

Swatkata

Староседелец
26 јуни 2014
49
16
1,008
Во принцип косата ми расте брзо, еден период користев и кокосово масло за посјана и помека коса лично бар мене ми го потикна и растот на косата.Делува :)