Премиер Лига, Чемпионшип, ФА и Лига Куп 2015/16

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тотенхем никој не ги ни гледа, ниту па ги смета за фаворити некакви, а тие трето место. :rofl
Лестер вечер со нова победа. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Малку ги стигнува заморот лисиците, сепак бод подобро од ништо, на полусезона прв Арсенал, втор Лестер :sreken
Овој Отаменди крајно непотребен играч во ПЛ, подобро да стават вреќа со компири на терен.
Утре да видиме Ливерпул ја затвара годината со Сандерленд, дали тоа Борини ќе се одмазди на бившиот си клуб со хет трик од кој еден гол ќе биде волеј од 30м, вториот ножички а третиот коуст ту коуст дриблинг. :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Реков јас ќе ги стигне заморот Лестер. Не можат да издржат толку тие, беше убаво додека траеше.
Утре се знае, убедлива победа. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Абе топ 5 да завршат тоа е одлично за клуб кој до вчера играше Чемпионшип и беше пред излегување во ПЛ. Мене ми се свиѓа како играат, ама со Дринквотер и Олбрајтон не се освојува титула, па ако сака Раниери и нека стане Худини.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Има време, ќе видиме. Моите прогнози се дека Манчестер Сити и Арсенал ќе се борат до последно коло за титулата, Јунајтед ќе догураат до четврто некаде, Лестер ќе останат во топ 5 и последното место во Европа ќе биде борба меѓу Тотнам, Евертон, Палас и Ливерпул. Оваа сезона мене ми е една од најинтересните до сега што сум ги прател. Ваква неизвесност и изедначеност во лигата не сум видел повеќе од деценија.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не зафркавај каков Јунајтед, тие ќе отидат таму на 6-7 некаде. :)
Сити и Арсенал да, јас не ни гледам друг шампион оваа година освен некој од овие два тима. Не ни има кој, ако има време. :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Заморот ги стигна во смисла на гаден распоред овој период, имаа страшно тешки утакмици и сепак се изедначени на врвот со Арсенал :)
Беа рамноправни со Сити каде што ноктот од малиот прст на Де Брујне или десното уво на Мангала коштаат колку цела екипа од Лестер :kafeдалеку е тоа од пропаѓање ради замор, само што не беа три бода ради тој замор. Сега им доаѓаат полесни утакмици така да не би ги отпишал ич лисиците.
Оваа сезона е крајно невозможно да се предвидува така да ќе видиме, Арсенал ако не го покосат повреди како епидемијата на чума Европа во 14.век онда ќе бидат шампиони на крај. Треба да се вратат сега Санчез, Вилшер и Велбак, за Росицки и Артета мање-више а Казрола очигледно не му се останува во Арсенал повеќе така да тоа е тоа.
Дечките од еврејско маало ќути си дупи си, на 4 бода се од врвот, стелт се како Б-2 people never see them coming :cool:
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Велбек официјално потврдија дека не се враќа сезонава. Вилшер некни обновил повреда и веројатно уште најмалку три месеци пауза.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Велбек официјално потврдија дека не се враќа сезонава. Вилшер некни обновил повреда и веројатно уште најмалку три месеци пауза.

Сериозно? :eek
штета...пак ќе биде гадно, барем Санчез да изигра јака полусезона за да имаат шанси за титула.
Сега со Њукасл, стари клиенти на Арсенал ако не освојат три бода треба Сепуку (party)

Инаку Олбрајтон не знам дали е на дроги или го има запоседнато демон, ненормална разлика има према порано кога беше во Вила ај предикт дека ќе биде на ЕП2016 за Англија:x

Штета Крамариќ шо испадна флоп, лани не беше лош даде гол вс Арсенал, јапанецот си има моменти ама не е тоа тоа е сега има некое детиште Додо или така нешто :zelen треба да му дадат шанса