Предлози за книги - Со кратка рецензија

Doozy

Полноправен Член
26 февруари 2012
63
51
18
Tука некаде ...
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди и Вилијам Хофер


kniga.jpg

Навистина книгата е многу потресна и покажува дека мајчинската љубов нема граници и поуката е дека ако во нешто си упорен да успееш, макар и со многу искушенија и измачувања.
Извонредна животна приказна за храброста на една мајка. Уште еден оригинален пример за животот на жените од Истокот и слаткиот вкус на слободата. Најтопло ја препорачувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

filigran

Нов член
10 март 2012
7
9
3
Тројца в кревет - Кармен Рид

Кога ќе го прочитате насловот на оваа книга помислувате дека ова е приказна за некој љубовен триаголник, за врска во која се појавува трето лице, веќе видено, веќе прочитано и можеби делумно здодевно...

Но ова не е таква приказна. Ова е една нова, интересна и многу искрена приказна која се чита без оставање, а во вас предизвикува голем број на измешани чувства.​
Ова е приказна за мајчинството во 21 век, ова е книга чии страници ја раскажуваат вистината за бременоста која жените наводно „ја чуваат во тајност“. Во книгата, ставот на писателката јасно се гледа, таа смета дека вистината за бременоста и постнаталниот период никој не ја кажува во целост.​
Ќе ја прочитате книгата од 400 страни во рекордно време и ќе се чувствувате како и вас од време на време да ви збеснуваат хормоните. Им ја препорачувам оваа книги на сите девојки кои го поминале ова или пак оние кои имаат намера некогаш во животот да поминат низ овој период. Па уживајте...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

JDjd

Нов член
23 јули 2012
1
0
1
40
Царицата од Шан Са
Последните романтики од Рут Харис
Крвна врска од Сидни Шелдон
 

Bellisima

Нов член
18 јуни 2012
3
0
1
Двојничка - Тес Геритсен

Медицинска истражителка од Бостон мора да се соочи со свиреп сериски убиец и застрашувачки лични сознанија. Еден ден ќе треба да се соочи со личност која потполно личи на неа. Дознава дека се родени во ист ден и дека имаат иста крвна група. Тоа потврдува дека таа и е сестра-близначка.
 

Serenity

Нов член
23 јули 2012
18
12
3
d5f89b34cca3dc6d6231e74f5804d955_l.jpg 1. Шепнувачот од Донато Каризи книга која повеќе би соодветствувала на оние кои се наклонети кон малку по различна литература; се разкажува за текот на една истрага на мистериозната смрт на 6 девојчиња. Возбудлива и непредвидлива соджина која ке ве остави без здив до последната страница.

2. Анѓелот Џони од Даниела Стил
типично за стилот на Д.С., секогаш интересно и полно со љубов. Се раскажува за едно мило младо момче кое ненадејно ке загине во сообраќајна несреќа, но и покрај се успева да помогне на своето семејство.

3. Зошто мажите се женат со кучки од Шери Аргов
Книга која ги отвара очите на сите жени и им помага како да ги надминат честите проблеми со посилниот полzosto_mazite_se_zenat_so_kucki.JPG

4. На крајот од виножитото од Сесилија Ахерн
Според мене, една од најубавите романтични дела, се раскажува за силната љубов на главните ликови, следејќи го нејзиното развивање уште од детството па се до доцните средовечни години.

5. Продавачка од Стив Мартин
Стив Мартин освен како глумец, е многу успешен и како писател и сценарист. Постои и филмска адаптација на оваа книга (http://www.imdb.com/title/tt0338427/). Прочитајте, па сами коментирајте за оваа прекрасна книга
 

Verstraeten

Нов член
23 јули 2012
3
1
1
29
Затоа што те љубам-Гијом Мисо

Книга која заробува и се чита во еден здив. Приметлив е несекојдневниот стил на изразување на авторот, кој те остава со отврена уста,морници и широко отворени очи се додека не се стигне до крајот, крајот кој неможе ниту да се замисли а камо ли да се претпостави. Многу напнат роман, испреплетен до максимум, но вреден за времето поминато во читање. Неверојатна психо-драма, искрена исповед на 4 страданици прикажана преку трагедијата на малечкото, невино девојче.

zatoa sto te ljubam_mala.jpg
Не сме ние тие кои ги зборуваме зборовите. Зборовите се тие кои зборуваат за нас!!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

desim

Нов член
12 јуни 2012
6
5
3
31
Полноќна палата-Карлос Руиз Зафон
Уште едно маестрално дело од маестралниот писател.Дел од Трилогијата на маглата. Станува збор за приказна која се случува во Калкута, Индија, каде еден англиски офицер се обидува да спаси две бебиња од животна опасност, и успева во тоа, но по цена на неговиот живот.чеснаеесет години подоцна Бен и Шир се запознаваат не знаејчки дека се брат и сестра. Тие стануваат дел од тајното друштво Чоубар.
Книга исплетена со драматично патување низ авантурите на растењето во егзотичната Индија.
 

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
ја има некој прочитано Пеперутка?! :rolleyes:
Јас едвај чекам да си ја земам од кај другарка ми, за роденден ја добив и одма и ја дадов на неа, 2 години веќе е кај неа (punch)
 

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Будењето на Офелија - проф. д-р Мери Пајфер

На училиште сите петстотини момчиња сакаат да излегуваат со десетте анорексични девојчиња... Лошо сум расположена, а наставниците ми велат да бидам среќна и да се смеам...
Зошто се повеќе девојчиња стануваат плен на депресијата, имаат проблем со апетитот, зависноста и се обидуваат да извршат самоубиство?
Прекрасен пример за тоа како функционира психата на денешните млади адолесценти насекаде низ светот. Овој роман претставува комплетен извештај за сите проблеми и комплекси што ги мачат речиси сите млади девојки, кои токму во адолесцентскиот период трагаат по совршенството, нанесувајќи си психолошки товари кои влијаат погубно по личноста.​
Авторката, инаку клинички психолог дава потресен и луциден извештај извршен во периодот на деведесеттите години на минатиот век, проучувајќи ги младити пациентки кои побарале психилошка помош која им била неопходна заради различни тешкотии низ кои поминале. Книга која треба да ја прочита секој родител за да знае што се случува со неговата ќерка, низ какви психолошки состојби поминува, за полесно да го сфати периодот на адолесценцијата, период во кој се изградува личноста, стабилна и самоуверена.
Пајфер дава примери за девојки кои ги мачат најразлични душевни состојби како булимија, анорексија, депресија, во компакт сите болести на денешницава предизвикани од надворешни фактори, како медиумите, пишаните и електронските, зашто девојките трагаат по наводно совршенство кои го попримуваат од сите глобални и влијателни модни списанија.
Во самиот наслов се крие скриена симболика која можеме да ја протолкуваме и перцепираме во согласност на самата содржина на книгата. Имено, овде станува збор за Шекспировата Офелија – млада и неискусна жена која е несигурна во себе и која е тотално заслепена од љубовта спрема принцот Хамлет. Таа го заршува својот живот фрлајќи се во река и ѝ дава предност на смртта пред животот. Авторката преку насловот дава јасна порака дека младите девојки треба да станат свесни за тоа што се, за својата личност, да го стават својот живот пред сè, да се грижат за себеси, да не бидат толку наивни и лековерни зошто тоа во некои случаи може лошо да се одрази врз нив.
Книга која ќе ве стави во ситуација на размислување, која е наменета не само за родителите ами и за сите девојки кои сакаат да знаат што се случува со нив, книга која истовремено ќе ве просветли и која ќе го промени вашето мислење .

Јас, откако ја прочитав сфатив дека не треба да се потчинуваме на општествените норми, да не попримуваме сè што ни се сервира во секојдневниот живот, дека треба да бидеме различни, секој на свој начин да биде оригинален зошто далеку подобро е кога сме свои и без комплекси, одошто да се преправаме во тоа што не сме .
ofelija.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

stojan

Нов член
15 јули 2012
10
1
3
27
se plasis li od temnica
citam kako nikoj i mozam da kazam deka ovaa kniga predstavuva spoj od likovi i zapleti koi sozdavaat sustestvo sto ve obzema i iako knigata e golema ima nakaj 500-600 ako dobro se sekavam zosto mi e citna odamna ama likovite i celiot koncept i sodrzina na knigata moze da se rece deka seuste mi se pred oci, navistina dobro izbalansiranata nizata od zapleti i raspleti vi dava cuvstvo kako da ste tamu, ili pak kako na kej hhhhh zosto zatoa sto po sekoja krivina i pretpostavkata deka ste pristignale ve soocuva so uste tri koj zad koi ve ocekuva nov kjraj i nov pocetok, najvozbudlivata kniga od koja ako treba i nema rucek ama ne ja ostavate se dodeka ne ja procitate istata pa duri nema ni odenje vo WC veruvajte kniga za sekogo, i citajte ja so mnogu ljubov no veruvajte deka knigaa tolku ke ve obzeme sto ke citate se pobrzo i pobrzo so se poveke vozbuda i se dodeka vozbdata i iscekuvanjeto rastat se zabrzuvaat srecebienjata i bezrazlika dali sakate ili ne dali dozvoluvate ili pak se protivite toa ke ve sovlada vo vasiot um so samoto citanje ke se kroi film vo koi vie imate mnogu vazna uloga vie ste onoj koj citate, kniga koja ve pravi posilni vo zivotot, koja ve vadi od mracen vlazen podrum, kniga koja ke vi ja dade celata sila koja sto vi e potrebna za na ispraven nacin da postignete nekoja cel, dokolku trebA I DOKOLKU VIE STE NAVISTINA VO PRAVO I JA IMATE UPORNOSTA, NEUMORNOSTA, SONANIETO, DOBRINATA, CUSTVATA, INTELEGENCIJATA, SREKATA, IDNINATA I SE STO VI E POTREBNO OVAA VCUDOVIDUVACKA KNIGA KOJA GO ODZEMA ZDIVOT, GO OZEMA TELOTO I VE STAVA VO ISCEKUVANJE KAKVO DOSEGA NIKOGAS NE STE DOZIVEALE OVAA KNIGA KE VI POMOGNE I DA MU SE SPROTISTAVITE NA CELIOT SVET KNIGA KOJA I KOGA SE RASKAZUVA ZA NEJZE VOZBUDUVA
KNIGA KOJA NE DAVA SOVETI,
KNIGA KOJA PRAVI VASIOT UM DA GI PRONAJDE
KNIGA NE ZA VO SEKOJA BIBLJOTEKA, NO I NE ZA SEKOJ COVEK, KNIGA ZA VO GLAVATA, SRCETO I DUSATA NA ISKRENITE MUDRITE INTELEGENTNITE I PRED SE SAKANITE I ONIE KOI SAKAAT (ZABRANETA ZA DVOLICNI I KORISTOLJUBLIVI, KOI VERUVAJTE NE BI JA SVATILE SUSTINATA ZA NISTO NA SVETOT)

MOZEBI TREBA HRABROST I VNIMANIE ZA OVAA KNIGA SO ISKRENO SRCE VI JA PREPORACUVAM

UPS JAS PA NAPISAV CEA STATIJA ZA OVAA KNIGA KOJA GO TROGNA< NO VO ISTOVREME ZASILI ZASTITI PODRZI I OHRABRI SEKOJ SEGMENT OD MOETO TELO

DOKOLKU SAKATE NESTO ZA NEKOJA KNIGA I DOKOLKU JA IMAM PROCITANO KE VI POMOGNAM ILI DOKOLKU SAKATE DA VI PREPORACAM NEKOJA PISETE VO PP
I KOGA JAS VELAM ZASTANI VEKE NAPISA CELA KOLUMNA, STATIJA VSUSNOST TI NAPISAM SAM CELA KNIGA ZA KNIGA MOETO SRCE I PRSTI NO I UMOT PRODOLZUVAAT DA PISUVAAT ZANESENI OD OVAA KNIGA


FALA NA ONOJ KOJ KE PROCITA, CAOOOOOOOOOOO