Предизвик за читање на книги - 2014

Статус
Затворена за нови мислења.

Смиланов

Истакнат Член
7 јануари 2014
35
13
308
35
Како и лани така и оваа година ќе си има предизвик за читање на книги, кој колку книги ќе прочита.

Кое ниво вие ќе го прифатите?
Лесно - 25 книги
Средно - 40 книги
Тешко - 55 книги

Треба само да водите редослед со вашите прочитани книги на следниот редослед.

реден број - име на книгата - автор - страници
рецензија
оцена од 1 до 5.

пример:
01 - црнобело- црнобело - 100 страници
убава книга во која се раскажува за тоа и тоа.
оцена 5.

Лесно е, навалете, сите што ќе го прифатите предизвикот пишете во пост Прифаќам и кое ниво лесно, средно или тешко.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
За разлика од лани, оваа година не сакам да се нафаќам за конкретна бројка на прочитани книги. Имав поинаква замисла за темва, но Смиланов ме претрка.:D Сакав да поставам предизвик од најмалку 10-тина прочитани книги, па да видиме како ќе оди понатаму.
Па би ве замолила, доколку го прифатите предизвикот, пишувајте и обавезно кратка рецензија, за да не се претвори темава во обичен ценовник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly and Saladin

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Бидејќи лани подвалив, се изгубив и се засрамив како никогаш до сега, морам да си се оправдам сам пред себе и повторно да го земам истиот предизвик како лани, но овој пат да го исполнам - по секоја цена.

1. Нина Анастасова Шкрињариќ - Митски координати - Македонска реч, Скопје, 2008 - 169 стр.
- Не се работи за роман во кој се раскажува за некој настан, па затоа не би можел да дадам класичен осврт на ова што го читам.
Се работи за нешто како научна литература. Склоп на повеќе теоретичари кои зборувале за митот, религијата и општествената заедница на архаичниот човек. Се среќаваат еминентни имиња од типот на: М. Елијаде, Јунг, Клод Леви-Строс, Фројд, Фрејзер и слично.
Професорката на филолошкиот факултет во Скопје, користејќи ги сите истражувања на горенаведените имиња, прави компарација помеѓу теориите, дефинициите, создава некоја основна теорија за митологијата, дава примери како еволуирал митот со илустрација на примери кои мене искрено не ме оставија рамнодушен.
Посебно делот каде што зборува за канибализмот, појава од која современиот човек се гнаси. Епа не било од секогаш така. Луѓето... не јаделе човечко месо туку-така, затоа што им било вкусно. Тоа тие го правеле затоа што во тоа имало свечен чин, обред. Јадејќи го месото на својот мртов татко, синот мислел дека засекогаш ќе остане во него делот на татка си.
Вакви, а и многу подлабоки анализи на многу примери се испреплетени низ цело ова книгиче што не се здоби со голема слава по нејзиното издавање. Тоа што не се здоби со слава мене ме натера да не го земам и да не го прочитам до ден денес. Мислејќи дека ако една Добрила Миловска не го прифаќа, ако Пирузе се исмејува, а Саздов не сака да коментира... тогаш навистина не е добро. Само...овој пат морам да признам многу згрешив што не ја купив оваа книшка уште на саемот во 2008 година.
 

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Лани стаив 50ка и успеав само 35 шо значи I sucked! Сеа пак стаив 50 и се надевам ќе успеам. Тие шо читате книги и прифаќате вакви челинџи дојдете на Goodreads.com
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Лани стаив 50ка и успеав само 35 шо значи I sucked! Сеа пак стаив 50 и се надевам ќе успеам. Тие шо читате книги и прифаќате вакви челинџи дојдете на Goodreads.com


50 книги годишно? :eek
Тоа е скоро по една книга неделно, bit extreme, isn`t it?
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Годинава ќе одам со лесното ниво, и да сакам, нема да можам повеќе.

1. Совршена - Сара Шепард
Книга бр. 3 од серијата на Слатки мали лажливки (Pretty Little Liars). Сагата за четирите некогашни најдобри другарки и откривањето на нивните најмрачни тајни продолжува. Спенсер открива дека не може да се сети на одредени делови на животот бидејќи нејзиниот мозок ги брише за да ги намали траумите. Хана открива дека нема ниту еден вистински пријател, се запознава со Лукас и завршува во болница бидејќи дознава кој е мистериозниот А. што ги прогонува по смртта на нивната другарка Али. Емили е отфрлена од семејството поради тоа што открива дека е лезбејка, но А. ги вмешува прстите и нејзините ја испраќаат да живее кај тетка и. И четвртата - Арија - е исфрлена од домот од мајка и поради тајната што ја криела, нејзиниот дечко Шон ја исфрла и од кај него бидејќи дознава дека таа е во врска со нејзиниот професор по англиски - Господин Езра Фиц. Тој завршува во затвор и Арија е оставена на улица.

Книгата воопшто не ми се допадна, дали до преводот е или до содржината - не знам. Не ми остави никаков впечаток па пишував од ракав што ќе ми текне.

Оцена: 2
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Смиланов

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
2. Нина Анастасова Шкрињариќ - Фолклорни социјални фосили - Македоника литера, Скопје, 2011 - 271 стр.
Оваа година ја отпочнав со многу интересни студии за историјата на овој народ. Оддамна не сум читал вакви студии и некако како да сум гладен, уште денес почнувам со последната што ми остана од Нина, но претходно да ја раскажам оваа.

Исто како Саздов, Пенушлиски, како Фрејзер, како Мелетински така и Нина ја застапува тезата дека народните умотворби не се кажани „туку-така“. Покрај тоа, тие имаат длабока митолошка основа. Еден примерок на песна од редицата песни за Марко Крале доколку се разгледува од тој апсект ќе каже многу повеќе за Македонскиот народ од тој период, отколку два учебници по Историја.
Тоа е она што Нина надолго и нашироко го објаснува раскажува земајќи ги за пример песните за самовили и песните за змејови.
Самовилите ги поврзува со амазонките, па божиците од словенската, римската и грчката митологија, со русалиите. Самовилското оро и самовилските „грабнувања“ ги поврзува со ритуалите за богот Дионис. Тука некаде ја испреплетува и теоријата за шаманизмот.
Змејовите ги поврзува од еден аспект со „ѕверови“ кои навистина постоеле, од друг аспект ги поистоветува со богот Зевс и сите други богови, во кои се верувало во доба кога човечкиот разум не бил на стадиум како денес.
Потоа зборува за култовите кон боговите, за жртвопринесувањето на девојки во чест на змејовите, алата, самовилите.
Го вмешува кумот како медијатор помеѓу оностраното и овостраното, како мотив што често се наоѓа во народните умотворби токму во примероците каде се зборува за змејови, самовили.
Прекрасна студија, прекрасно вклопени теории на светски истражувачи на оваа тематика, добро толкување на митолошките приказни.
Нина е мајстор кога пишува за оваа тематика. Често се ежам од глава до пети на нејзините реченици. Ме воодушевува жената.
Не сакам да плукам по другите врвни имиња - проучувачи на македонскиот фолклор, ама Нина, со оваа своја студија од нецели 300 страни, ги урнува сите толкувања претставени во десетици томови и на Саздов и на Пенушлиски и Лафазановски.
Македонската народна поезија плачеше по ваков лик како Нина... за да може конечно да ги „каже“ песната сите работи што до сега ги молчеше.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glorija
Статус
Затворена за нови мислења.