Во средно си сошив костум за 1 Април и од тогаш се во тоа се маскирам.
Ѓавол. Имам наметка, рогови, опашка и онакво што држи ѓаволот како ли се вика не знам.
Оваа година немам никој со мене што сака да се маскира, а баш сакав некоја групна маска.
За оваа година од лани си испланирав да бидам Клеопатра, ама ми пропадна планот сега со фарбањето на косата. Или ќе бидам ѓавол пак, или ќе ја искористам наметката и ќе земам една кошница и ете ти ја Црвенкапа
Битно ептен го сакам денот, сите ми се расположени, весели, шарени, возбудени, оригинални и креативни.