Прашања?!

Статус
Затворена за нови мислења.

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Добро де, кој ми брише мислења?!
Секој ден приметувам по неколку мислења избришани, не знам кои, но бројката е помала.
Ова од тепање досада бришете или шо?
(facepalm)
Јас.
Твои и било чии.
Причина една од следните: офтопик, провокации, препукување, кавги, надмудрување....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski and slb_bobo

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Јас.
Твои и било чии.
Причина една од следните: офтопик, провокации, препукување, кавги, надмудрување....
А мислиш ли дека тие мислења кои се сигурно од пред питај бога напишани, сеуште ќе влијаат негативно на дотичната тема, и доколку се избришат ќе ја извадат таа тема од нафталин и дискусијата ќе продолжи? Каде сте биле тогаш да ги избришете, сега веќе не вреди. Не зборам само за моите офтопици и сл., ами за сечиви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
А мислиш ли дека тие мислења кои се сигурно од пред питај бога напишани, сеуште ќе влијаат негативно на дотичната тема, и доколку се избришат ќе ја извадат таа тема од нафталин и дискусијата ќе продолжи? Каде сте биле тогаш да ги избришете, сега веќе не вреди. Не зборам само за моите офтопици и сл., ами за сечиви.
Можеби нема да влијаат на конкретна тема, но би требало да влијаат на сите нас.
Имаш право, не бев тука.
Но, сега сум :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
А мислиш ли дека тие мислења кои се сигурно од пред питај бога напишани, сеуште ќе влијаат негативно на дотичната тема, и доколку се избришат ќе ја извадат таа тема од нафталин и дискусијата ќе продолжи? Каде сте биле тогаш да ги избришете, сега веќе не вреди. Не зборам само за моите офтопици и сл., ами за сечиви.
Покрај сувото,некогаш и зеленото гори,свати го ова на тој начин,а можеби тогаш некој немал надлежност да делува,иначе верувам дека не е проблем твојот пост како офф топик туку за да има смисла дискусијата некогаш мора да се избрише и нешто што не е за бришење.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Покрај сувото,некогаш и зеленото гори,свати го ова на тој начин,а можеби тогаш некој немал надлежност да делува,иначе верувам дека не е проблем твојот пост како офф топик туку за да има смисла дискусијата некогаш мора да се избрише и нешто што не е за бришење.
Јас пак би рекол за да се надоградува дискусијата некогаш подобро да остане и нешто што е’ за бришење. Некад и некој улетан оф топик може да биде продуктивен и да распламти дискусија. А модераторите сигурен сум дека не се експерти нити се компетентни тие да одлучуваат по кој правец ќе ја тераат темата. Доколку некој почне да навредува, трола упорно или спамира, тогаш океј, но некоја шега рецимо или сл. што колку толку има врска со темата може да биде корисна, а модераторот може да предупредува за придржување кон темата доколку примети дека се излегува од колосек, а не да брише мислења како му текне. Зошто има теми кои ќе се исцрпат со мислења, или пак форумџиите толку имаат познавање од таа тема, при што потоа едноставно станува досадна таа тема и се’ се врти во круг, а не е ништо страшно да се даде нов правец, та ко ќе дојде на форум член кој е повеќе запознаен ќе ја врати у правецот доколку му се дискутира. ... не знам кој колку ме сваќа, али ипак терајте си како мислите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and lady_blue

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Гледам има и теми кои се отвориле порано, но никој не пишува. ко пример таа за културни вредности така нешто.
Не гледам причина истите да се носат у канта.
Нека си седат каде што се.
Може сега на никој не му се дискутира таму, но во иднина ќе улета некој нов член со некој пост па ќе се создаде дискусија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Јас пак би рекол за да се надоградува дискусијата некогаш подобро да остане и нешто што е’ за бришење. Некад и некој улетан оф топик може да биде продуктивен и да распламти дискусија. А модераторите сигурен сум дека не се експерти нити се компетентни тие да одлучуваат по кој правец ќе ја тераат темата. Доколку некој почне да навредува, трола упорно или спамира, тогаш океј, но некоја шега рецимо или сл. што колку толку има врска со темата може да биде корисна, а модераторот може да предупредува за придржување кон темата доколку примети дека се излегува од колосек, а не да брише мислења како му текне. Зошто има теми кои ќе се исцрпат со мислења, или пак форумџиите толку имаат познавање од таа тема, при што потоа едноставно станува досадна таа тема и се’ се врти во круг, а не е ништо страшно да се даде нов правец, та ко ќе дојде на форум член кој е повеќе запознаен ќе ја врати у правецот доколку му се дискутира. ... не знам кој колку ме сваќа, али ипак терајте си како мислите.
Те разбирам и тоа како.
Јас бев најмногу против бришење на офтопици токму од причините кои ги наведе.
Сфаќам дека е лето и одмори и активноста на сите ни е намалена, но толку непријатни работи се изначитав деновиве што морав некако да реагирам, толку колку што ми се надлежностите.
Си велам кога дојде до таму јас да бришам не само офтопици, ами и цели теми, значи дека работиве стварно почнале да забегуваат.
Не сакам да изигравам полицаец и сфаќам дека тоа иритира и може да биде контрапродуктивно. Но, јас неможам да средам ништо доколку не ме разберете зошто на нешто реагирам така како што реагирам.
Работите лесно излегуваат од контрола, но тешко се враќаат назад.
Така да...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski and melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Гледам има и теми кои се отвориле порано, но никој не пишува. ко пример таа за културни вредности така нешто.
Не гледам причина истите да се носат у канта.
Нека си седат каде што се.
Може сега на никој не му се дискутира таму, но во иднина ќе улета некој нов член со некој пост па ќе се создаде дискусија.
Јасно, нема ни да се носат во канта.
Реков и порано, први на удар се копи-паст теми кои немаат никаква поента.
Сепак, дури и таквите теми, ако развијат макар и најмала дискусија, нема да одат во канта.
За останатите причини да не се повторувам :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Гледам има и теми кои се отвориле порано, но никој не пишува. ко пример таа за културни вредности така нешто.
Не гледам причина истите да се носат у канта.
Нека си седат каде што се.
Може сега на никој не му се дискутира таму, но во иднина ќе улета некој нов член со некој пост па ќе се создаде дискусија.
Истото и го напишав на Песинџер на зид.Темата со сопствен вовед без научно истражување и со оригинална замисла била иститсната од насловна најверојатно заради нови дупли теми кои се редат и по 20 на ден од ист член од кои на крај ке останат дека само три се нови а другите дупли.
Со самото тоа се истиснува вака квалитетна тема да не биде приметена и што сме добиле?Контра ефект.
Затоа во една прилика имав напишано дека предлагам да се ограничи на колку теми може еден член да отвори дневно,ако е возможно се разбира,оти ако оставаме вака на самосвест тешко оди некако.
Или пак нека се опомени самиот член,дека треба да пази да не е темата дупла,неможе да ја прави случајно истата грешка најмалку 100 пати,јес да на секој може да му се случи.
И јас мислам дека таа тема треба да се врати.
И да бидам он топик ке поставам прашање.
Може ли DarkPassenger да ја вратиш темата назад? :)
Беше премногу строга кон својата тема а и повеке од јасно е дека ја избриша сакајки и ти да увидат некои членови дека треба да сме и самокритични.Но таа тема заслужува да е на форумот.Од купот статии еден ден ке и обрниме и нејзе внимание,без разлика колку постови ке содржи во себе,ама сите ке бидат квалитетни и не од типот....да и јас ги сакам културните вредности. :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Може ли DarkPassenger да ја вратиш темата назад? :)
Беше премногу строга кон својата тема а и повеке од јасно е дека ја избриша сакајки и ти да увидат некои членови дека треба да сме и самокритични.Но таа тема заслужува да е на форумот.Од купот статии еден ден ке и обрниме и нејзе внимание,без разлика колку постови ке содржи во себе,ама сите ке бидат квалитетни и не од типот....да и јас ги сакам културните вредности. :)

Секако ќе ја вратам штом ви се допаѓа, мислев дека промашај е. Некаде прочитав, модераторите да бришат теми каде што нема дискусии, затоа ја ставив во канта.
Иначе, се зезав со коментарот што го остави кога ја префрлив во канта. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.