Тоа ми е се прочитано, муабетот ми беше околу тревките дали имаш нешто за продавање и од кои треви имаш? Од опрема имам атман надворешен филтер (неможам да најдам за која литража е...), атман грејач 300w, пумпа за воздух (кинеска)... Помогни ми околу филтерот има 5 нивоа за филтрација со што ме советуваш да ги наполнам и по кој редослед? Иначе за почеток сакам прво да ги развијам растенијата па дури после да ставам риби. ке пробам и со DIY CO2 опрема да видам како ке тргнат. Планирам подлога да стаам хумус а одозгора кварцен песок. од растенија сакам да ставам: (напред) moss ball и micro sword, (средина) rotala nanjenshan и chilensis, (позади) ludwigia peruensis и cabomba. Од риби планирам да стаам силвер долар, бала шарк и чистач за стакло и земја. Како ти изгледа се ова?
Фала и поздрав!
Арно изгледа не е лошо.
За супстратот оддолу каков хумус планираш,ископан од земја,за цвеќе? Ако ти е тоа планот,не стартувај воопшто,90 % случаеви имаат негативно искуство со истиот оти е полно со разно разни хемикалии.Подобро нацрпи од река некоја барем измиена е по природен пат,треба да ја свариш. А најдобра опција е да побараш низ скопје во петшоп НЕМО или Акватика специјална земја за аквариум каок подлога за растенија 700-900 денари ќе платиш,али пази тоа е специјално третирана земја за аквариум немаат галје рибите и растенијата развиваат многу побрзо отколку со обична земја.Кварциот песок за одгоре е одлична идеја,многу акваристи ставаат ситен,али ја преферирам крупен кварцен оти го задржува ѓубрето на дното и служи ко прихрана за растенија и не се разлетува низ аквариумот како ситниот што прави.
КУПИ кантиче земја,стави ја во аквариумот распределија низ цел аквариум и со шише стаклено стегај ја добро.Откако ќе ја распределиш,додади го кварцниот песок па насади растенија али внимателно оти од кварцот лесно се оштетуваат растенијата.После дополни го со вода, стави светло,најдобар избор ти се од оние “штедливи сијалици“ што ги викаат,марка TORCH. Јас ги користам и се одлични барем за таа литража, две доста ќе бидат.
ЦО2 се прави со шеќер и квасец а на јутуб барај DIY CO2 и ќе ја видиш постапката. Ако си заинтересиран за растенија,по пвт ќе ти пишам број од човек што одгледува продава аквариумски растенија,за ефтина цена.
Филтеро ако е надворешен кажи дали станува збор за Канистер или прикачен? Ако има 5 нивоа на филтрација треба да е канистер,што се отвора и внатре има неколку корпи.Стави убавезно модра пена,или син сунгер го има по разни продавници,добар е оти е крупен и не се запушува лесно.После тоа следува камчиња,можеш да купиш сипоракс или био кугли ако си при пари,ако не замена ќе бидат рапави камчиња ситно издробени, една корпа се полни со активен јаглен и последната пак со сунгер.Од риби ти препорачувам да си земиш јато,за оваа литража. Побарај да видиш како изгледа neon tetra, rasbora heteromorpha, red eye tetras, barbus tetrazona, trichogaster leeri, pinguin tetra, овие према мене се најдобри за тој аквариум со исклучок на трихогастерот што расти голем али пак е добар за таа литража.