Постои ли време?

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Како измери колку години сум ако не постои време?

Не сум финташ јас бе друже, туку со интегралчето ми ги покажа твоите познавања од наука. Како можеш да докажеш дека нешто не постои? Многу лесно. Даваш теза дека постои, правиш испитувања за да ја докажеш тезата, правиш обработка на податоците кои си ги добил и добиваш одговор. Или тезата ти е потврдена или е негирана.

Времето не е само математички концепт туку е составен дел од универзумот во кој егзистираме. Секаде каде што постои простор, постои и време.

Јас реков дека НЕ постои време, не дека постои.
Ако постои, каде е? Сега? Постои и не постои? Каде е вчера? :) А утре?
Да, ќе погледнеме нагоре кон ѕвездите и ете ти го минатото :)

Ти си систем, времето е само математички концепт за да полесно се утврди твојата состојба во моментот :)

СО интегралчето ништо не покажав. Ти сам си даде став според тоа што јас напишав и не ни размисли дека може да е шега тоа :) Зафрканција е итегралчето :) А и ќе те држи зафатен некое време ;)

А универзумот што е? Во кој универзум ти егзистираш и како го спозна?
Со умот? Преку сетилата? Колку ги сметаш твоите сетила вредни и полезни за спознавање на се околу тебе?
Простор-време е математички концепт и добро е тоа. Не велам не.

Би рекол дека и просторот е само концепт, премногу упростен за нашиот ум да го разбере колку толку.

Јас разбирам дека на човечкиот ум му е потребен простор и време да постои, инаку не се осеќа сигурен воопшто.

Немам време сега за вакви длабоки размислувања :cool:

Е се сложувам со ова :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хептаграм твоето интегралче бе другар не е ни интегралче. Нека биде и зафрканција ама во секоја зафрканција пола вистина. Овде за мене вистината е дека не си многу по интегралите. Не постои интеграл со нешто/dx, така да ме држеше зафатен милисекунди.

Што е универзумот? Сложен повеќе-димензионален систем во кој егзистира материјата. И просторот е само концепт? Значи според тебе се` што науката го нарекува димензија за тебе е само математички концепт и не постои.

Многу се чукаш во гради пријателе. Особено со ова:
„ Јас разбирам дека на човечкиот ум му е потребен простор и време да постои, инаку не се осеќа сигурен воопшто.“
Не навлегувам детално зашто ќе излезе дека се препукуваме на лична основа.

И дај ми бе пријателе, дај ми еден показател дека време не постои. Еден само.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хептаграм XI

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Не сум ти пријател ;)
Не го користи тој збор, ако може :)
Мислев нема да го видиш тоа со /dx . Damn it :D

Науката има поеќе скриено работи отколу дадено да се знае меѓу „народот“. Но тоа го знаеш нели? Вака бидејќи си по науката...

Не може да ти дадам показател дека не постои. Како што и просторот не можам да ти покажам дека не постои.
Ние сме дел од системот, за да се докаже или покаже, мора да се биде НАДВОР од системот и да се набљудува.
А како да направиме да бидеш надвор од системот во кој ти си решил да постои време, простор, материја? Веруваш во тоа или умот и сетилата ти даваат таква сила?
Велиш повеќе димензионален универзум. И тоа е систем :) Ако е повеќе димензионален, така и времето е мулти-димензионално? Рече дека каде има простор има и време... Ќе испадне хаос ова :)
Нели е подобро времето да е фантомска карактеристика?

Може да философираме, но јас мислам дека тоа нема да не однесе никаде.

И да. Ние се препукуваме на личен основ. Што, демек тебе ти е гајле за вистината па затоа си на форумов со коментари? :)
Немој така :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не, обиди се да прочиташ убаво што ти напишав. Реков дека универзумот е повеќе-димензионален систем. Времето е дел од универзумот. Онаму каде што има простор има и време. Не е хаос, всушност многу едноставно.

Патем, на два три поста нагоре види што праша:
„Каде е вчера? А утре?“
Контра прашање на ова знаеш кое е? Кога 3 метри? А километар?
Ти има смисла ова?

Не те викам пријателе. Ќе те викам познанику оти те имам видено, може така?
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Се сомневам дека ме имаш видено ама ајде.... Кога може да има време за тебе, зошто да не веруваш и дека си ме видел? :)
Викај ме Хепта :) Најдобро и најреално што може да биде.

Универзумот е фикција за твојот ум во кој се трудиш најдобро да се снајдеш. А математичкиот модел ти помага да го вклопиш твојот универзум со сите други околу тебе. Затоа ти треба времето како концепт, така и просторот. Математичкиот модел си го ставаш како реалност. Не сметам дека тоа е лошо, но не ни премногу добро. Те прави материјалист многу...

Ми имаат смисла прашањата, нормално... тебе ти немаат. Сакаш јас да ти дадам смисла за твојот универзум? Абе ајде.. :)
Ти реков не можам да ти покажам дека времето не постои. Што да правам... Можам да ти философирам, ама што со тоа? Реков дека не постои, ако може да веруваш на научници, пробај мене да ми веруваш :kafe Ако не можеш, здравје.

Ќе се расправаме сега? :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Нема зошто да се расправаме. Тие научници ми дале докази и факти цврсто поткрепени, а ти ми даваш проста реченица „Време не постои.“ Нити можеш да се потпреш на факти, нити можеш да покажеш, нити можеш да дадеш докази.

Не кажувај ми што е времето за мојот ум. Јас убаво знам што е времето за мене, не ми треба некој да ми кажува.


Ти има смисла „Кога 3 метри?“ ??? Браво за тебе. Овде престанувам. Одам да го најдам вчера.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com

Оди да прошеташ низ просторот, надвор стана подносливо за шетање :)
Вчера не може да го најдеш - мене ако ме прашаш - ни „сега“ не можеш да го најдеш.

Можеби можам но не сакам... кој рече дека сме обврзани тука да зборуваме вистина или тоа што навистина го мислиме?
Битен е муабетот, slb_bobo

Ете гледаш: реков јас дека неможам да ти покажам, а ти упорно бараш да ти докажам за времето. Ти си имаш свое искуство со времето :) Моето за тебе е невалидно и нема факти...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Постои ли време?


За мртвите не,за живите да.
Во сон не,на јаве да.
За децата не,за возрасните да,посебно за нас пензионерите понеделник,среда,петок и сабота.:)

И во сон постои, барем така ми имаат кажувано, кошмари и слатки сништа...:)
Лесно ви вам пензионерите.... се сеќавате како сте се мотале со Тито на Неретва, како тифусарите трчале по мостот, германците викале раус и шајзе по цели денови... no wonder you feel time is awkward...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
И во сон постои, барем така ми имаат кажувано, кошмари и слатки сништа...:)
Лесно ви вам пензионерите.... се сеќавате како сте се мотале со Тито на Неретва, како тифусарите трчале по мостот, германците викале раус и шајзе по цели денови... no wonder you feel time is awkward...
така ти кажуваат?
Сигурно поради тоа што многу мислиш,а ако мислиш значи дека постоиш.

Времето ќе постои само кога мислиме т.с. постоиме.

Ослобоодисе од мислите,испразнија главата да не постои ништо,така и времето ќе го снема.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Чудно,повеќето викаат дека времето не постои,а сите со саатот на рака или во мобилниот зјапаат, брзаат некаде да не закаснат!(worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, JaMi and existence