Како измери колку години сум ако не постои време?
Не сум финташ јас бе друже, туку со интегралчето ми ги покажа твоите познавања од наука. Како можеш да докажеш дека нешто не постои? Многу лесно. Даваш теза дека постои, правиш испитувања за да ја докажеш тезата, правиш обработка на податоците кои си ги добил и добиваш одговор. Или тезата ти е потврдена или е негирана.
Времето не е само математички концепт туку е составен дел од универзумот во кој егзистираме. Секаде каде што постои простор, постои и време.
Јас реков дека НЕ постои време, не дека постои.
Ако постои, каде е? Сега? Постои и не постои? Каде е вчера? А утре?
Да, ќе погледнеме нагоре кон ѕвездите и ете ти го минатото
Ти си систем, времето е само математички концепт за да полесно се утврди твојата состојба во моментот
СО интегралчето ништо не покажав. Ти сам си даде став според тоа што јас напишав и не ни размисли дека може да е шега тоа Зафрканција е итегралчето А и ќе те држи зафатен некое време
А универзумот што е? Во кој универзум ти егзистираш и како го спозна?
Со умот? Преку сетилата? Колку ги сметаш твоите сетила вредни и полезни за спознавање на се околу тебе?
Простор-време е математички концепт и добро е тоа. Не велам не.
Би рекол дека и просторот е само концепт, премногу упростен за нашиот ум да го разбере колку толку.
Јас разбирам дека на човечкиот ум му е потребен простор и време да постои, инаку не се осеќа сигурен воопшто.
Немам време сега за вакви длабоки размислувања
Е се сложувам со ова